Кога го примивме првиот гол, не се ни нервирав, онака ладнокрвен бев. Знаев дека ке има пресврт, веке чести станаа тие ситуации. Последниве 3 кола, само така добивавме. Ај и ја подетална анализа да дадам за тоа кој како изиграл.
Касиљас - Одличен, се што можеше да се одбрани, одбрани.
Рамос - Офанзивно беше одличен, секој центаршут беше прецизен, али позади не ми се допадна. Имаше лоши пасови, не затвораше убаво, знаеше и напред да задреме, но не го обвинувам. Нормално е тоа кога беше префрлен после долго време на десен бек.
Гарај - Добар беше, конечно во прв тим пак го видовме.
Албиол - Спаси една шанса во прво полувреме, со клизачи ја исфрли во корна, конечно се разбуди и тој. Логички беше после катастрофалните натпревари конечно да заигра како што треба.
Арбелоа - Дефанзивно добар, офанзивно ништо не покажа. Имаше сезонава некој одлични партии, но во последно време како подизгубен да е. Вторава дел на сезоната е послаб.
Чаби - Изигра добро, највеке трча од сите, дели пасови и несмеете да го кривите него.
Гаго - Балетан е, едноставно не се вклопува во оваа формација, Лас е подобар 2 класи, и на дефанзива ке засили, а тоа ни е најмногу потребно.
Гранеро - Онака, ништо посебно не изигра, стандард.
Кака - Сите плукате по него како и порано кога игра, а кога го нема го барате. Тоа може да прикаже он сезонава, наредната убеден сум дека ке блеска. На СП ке ги потврди своите квалитети, во кој многумина се сомневате.
Роналдо - Брилијантен во секоја смисла на зборот. Прв хет-трик, но кратко му треаеше радоста да се чувствува како прв во листата стрелци
Игуаин - Се трудеше, се гледаше дека има голема желба во него.Со самата завршницата на четвртиот гол покажа колку е убиствен. Како изминуваат сезоните се подобар и подобар ке биде. Кулминација на 25 ке има, а до тогаш нека стискаат заби голманите. :Real:
Резервиве ништо не покажаа, немаа доволно време. Карим не е заинтересиран, демотивиран ми е некако. Кога Игуаин грееше клупа на почеток на сезона, ке влезеше 5 мин на крај и во тие ке трчаше колку што може, па и по некој гол знаеше да постигне(лобот против Еспањол мислам беше нема да го забораам). А Бензема ич курето не му чуе, епа ке грееш и понатаму клупа.
Гути - Ја поврза играта колку што беше потребно и таков играч ке фали за другата сезона, односно млада верзија на Гути.
Диара - Добар беше, не грешеше во пасовите :tv:
Толку од мене Hala Madrid !