Во последно време ич не сум задоволен од интернето (на моби сум), за к** не го бива... Денски едвај со 50 тргам... Уствари 50 KB/s е премија денски ако тргам.... Навечер си е само како што треба...
Мислам дека интернетот општо во Македонија падна на едно неквалитетно ниво, целта на провајдерите е да соберат што повеќе корисници, а квалитетот на интернетот кој тие го добиваат не го гледаат... Исто и со АДСЛ-от, порано знам дека не паѓаше толку често конекцијата, сеа позачестено паѓа...
Една другарка стави пред некој ден кабелски интернет, и одам јас кај неа, глеам со 4 даунлодира... Таа кутрата не се разбира, сабајлето ко дошле кај неа да и го местат интернето пуштиле даунлоад да го проверат, и со 60 тргал... и и рекле дека доста и било... А реално треба минимум со 300 да трга... И ај сеа барај квалитетен интернет?
Море чекам да дојдат новиве интернет провајдери, се надевам дека ќе се подобри нешто во квалитетот тогаш... Ако не, упм нека одат сите!