Извршителите од 1 јули тргнуваат во поход. Присилно ќе ги наплаќаат сите неплатени сметки за струја, парно, вода, телевизија. Стапуваат на сила измените на законот за извршување, донесени уште пред година и пол но, одложени за ова лето поради светската криза и големиот број социјални случаи.
Извршителите подготвени за новиот предизвик.
„Во Арачиново или во некои други села, места низ Македонија не мора секогаш да значи и физичко одење на лице место, затоа што постојат и трансакциони сметки, постојат и работодавци, постојат и блокади на трансакционите сметки, постојат блокади на плата, постојат блокади на акции во Централниот депозитар за хартии од вредност, доколку лицето има такви акции.
-Со новиот закон извршителите добија овластување да распишат потрага по моторно возило, кое што возило ќе го сопира полицијата било каде да го најде, тоа возило може да се одземе и да се продаде заради намирување на долгот“, вели Антонио Коштанов, претседател на Комора на извршители.
Со измените на законот, за заостанатите сметки на граѓаните веќе нема да се оди на суд, туку веднаш ќе се активираат извршители. За да постапуваат доволен ќе им биде налог од нотар, кој, според новите правила, ќе биде задолжен да го констатира долгот.
Тужбите за кои пак веќе има правосилно судско решение, по барање на компаниите следните шест месеци ќе се пренесуваат за наплата директно кај извршителите.
Под силен притисок на јавноста и жестока реакција на опозицијата, власта пред година и пол го пролонгираше новиот начин на наплата на долговите. Овој пат такви најави нема, па затоа најдобро е до први јули, да си ги платите долговите.
Според актуелниот тарифник на комората, неплатена сметка од 1.000 денари, по постапувањето на извршител, чини околу стотина евра. Коштанов признава дека е многу но, според сегашниот закон за тоа не одлучувале тие, туку Министерот за правда, кој новиот правилник требало да го изготви до 21-ви овој месец.
„Првата ставка со која што беше изработена тарифата беше за барање до 200 евра, меѓутоа праксата покажа дека доверителите побаруваат извршување и за 1.000 и за 2.000 денари и така формираната тарифа со барање до 200 евра произлезе дека е многу голема, кога се работи за наплата на побарување од 1.000 или 2.000 денари“, додава Антонио Коштанов.
Трансферот на предметите за неплатени комуналии од судовте кај извршителите власта го смета за реформа со која ќе се растерите судството. Се работи за околу 500.000 тужби. По нив ќе постапуваат 76 извршители, од кои 29 се во главниот град.
Симптоматично што ниту еден од извршителите во земјава не е Албанец. Правниците од оваа етничка заедница воопшто не биле заинтересирани за оваа работа.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124121
Кој ќе преживее,ќе раскажува!
Да одам да ја платам телевизијата оти матер ќе ми ....