Има логика донекаде, пола од нив биле во Влада досега
Еден професор ни објаснуваше порано на предавање, т.е ни го коментираше Законот (не за извршување, еден друг, не е ни битно), и еден колега се јави да го праша за некоја дупка во тој Закон, и дека во пракса тоа не било така како што ни објаснува тој.
Профсoров бледо го погледна, и му рече- "Колега, јас Ви кажувам како треба да биде, а како е...знам многу добро."
Во пракса секаде се случуваат заобиколувања, крешња на Законите, непочитување, пролонгирање рокови и сл...Се е тоа во природата на човекот. Конкретно за овој Закон, може да се договараат доверителот, должникот и извршителот и во кафана за некои работи, па никому ништо. Извршителот може и да биде груб, да не ферма никој, и да работи колку само да се рече дека работи. Во секој Закон ако гледаш така има (не дупки) кратери, вулкански купи, па се тера некако.
Битно е дека, во врска со оваа тема,
непотребно се напаѓаат извршителите, бидејќи
тие само спроведуваат правосилна одлука на основен суд, и ништо повеќе. Не измислуваат свои правила, не пишуваат белешки безвезе и сл. Ако го прават тоа, ако се однесуваат противзаконски,
има санкција и за нив, но за неа, во некоја друга прилика.