Ја имаме најголемата разгледница, никој нема толку фанови како нас! Баш ме интересира како ќе изгледа се’ на денот на Евровизија!
Евровизиска разгледница од Охрид
Во рамките на подготовките за претстојниот
Евросонг, вчера (петок, 23-ти април 2010-та) во Охрид, екипа на
Норвешката национална телевизија - НРК, во организација на Евровизискиот тим од
Македонската Радио Телевизија и претставници од општината Охрид, ја снимаше
евровизиската разгледница на локацијата на Античкиот амфитеатар.
Амфитеатарот беше претесен за сите учесници кои со транспаренти и македонски знамиња подготвени дојдоа да учествуваат во снимањето. Не само што покажаа како се бодри и подржува нашиот
евровизиски претставник, туку беа и извонредно кооперативни, создавајќи одлична навивачка атмосфера.
Снимателот од
Норвешката телевизија беше мошне задоволен од снимениот материјал и импресиониран од масовноста на учесниците, во споредба со останатите земји. Оваа година концептот на евровизиската разгледница е да се покаже како луѓето во секоја земја учесничка на
Евросонг го споделуваат заеднички моментот, следејќи го настапот на својот претставник.
Материјалот снимен за евровизиската разгледница ќе биде употребен пред настапот на Ѓоко Танески, како и во арената
Теленор на големи видео-бимови за време на настапот.