На жените им треба причина за изневерување, а на мажите...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
И да е под дејство на алкохол

И да е под дејство на алкохол, и да е под дејство на дрога, никој (не генерализирам дали станува збор за машко или женско) нема да изневери доколку не сака. Само што сите се вадат и се лажат себеси дека изневериле поради тоа што биле под некакво дејство. Колку и да испил некој алкохол, колку и да земал разни срања, ако не сака, тоа нема да го направи. Алкохолот не е причина за изневерување.
 
Причина? Ма каква причина, нема никакви причини туку само сладострастие, уживање во добра ебачина и сите изневеруваат поради тоа, значи ГЕНЕРАЛИЗИРАМММ. Барање причини е барање оправдување за таканаречениот неморален чин кој е тооолку сладок и привлечен, така што немаме сила да го издржиме, и бараме некакви причини и виновници.
Единствениот "виновник" е големиот сексуален потенцијал што го поседуваме НО го потиснуваме поради болеста наречена МОРАЛ, секс - морал, колку грозно звучи тоа...:nesvest:
 
И да е под дејство на алкохол, и да е под дејство на дрога, никој (не генерализирам дали станува збор за машко или женско) нема да изневери доколку не сака. Само што сите се вадат и се лажат себеси дека изневериле поради тоа што биле под некакво дејство. Колку и да испил некој алкохол, колку и да земал разни срања, ако не сака, тоа нема да го направи. Алкохолот не е причина за изневерување.

Не реков дека е причина за изневерување, погрешно си ме сфатила. Секако дека е изговор, кој патем го мразам.. back to topic..
.. додатен изговор покрај запоставеноста да посегне по изневерување.
 
Дали на жените им треба причина за изневерување, а на мажите само место и време?
Наредниот ден, после неверството, еден дел од „грешниците“ ќе си бараат причина пред самите себе за да го оправдаат чинот. Другиот дел ќе уживаат во цигарата и ќе имаат тупа насмевка на лицето.
А не се согласувам со насловот на темата, бидејќи одамна замре генерализацијата мажи-жени.
 
Не реков дека е причина за изневерување, погрешно си ме сфатила. Секако дека е изговор, кој патем го мразам.. back to topic..
.. додатен изговор покрај запоставеноста да посегне по изневерување.

Не се однесуваше на тебе, го искористив тоа што го напиша за да го дополнам моето мислење :smir:
 
На жените им треба причина за изневерување, а на мажите им треба можност
 
Генерализирање аген.
Лична работа.
На женско може да му треба само време и место и мушка особа(или женска-зависи до вкусот,желбите и потребите) исто како што и на машкото би му требало.А може и да стои позади сето тоа некоја причина нормално независно од полот,расата,верата и сл и сл...
Зависи до човек и карактерот.
Simple as that...
 
Кажи ми една причина која и да не сакаш ќе те втурне во туѓа преградка?

Било кој проблем во една врска за некого може да претставува причина за неверство а не причина за барање на грешката и решение на истиот.

Постојат такви кои се плашат да бидат сами и очајно им треба секогаш да имаат некој покрај нив па кога ќе осетат дека врската е при крај наместо да расчистат со истата веднаш бараат резерва.
Постојат и такви како мене кои изневериле затоа што мислеле дека се "кул" и затоа што имале потреба од чуството на виша вредност.
И тоа не е браво за мене.
Тоа е уа за мене затоа што постапката е мизерна исто толку колку што бев јас мизерна тогаш.
Многу е полесно кога ќе наидат проблемите да го свртиш грбот и бараш утеха во друг, отколку да се соочиш со проблемите и да разговараш за нив со партнерот, нормално доколку сметаш дека партнерот и врската вредат да се трудиш околу нив. А доколку сметаш дека не вреди неверството не е решение туку раскинувањето на врската.
Ама нормално денес е мнооогу тешко да седиш и размислиш што е исправно а што не пред да постапиш глупаво затоа што се земаме здраво за готово и забораваме да се трудиме, забораваме дека со секоја наша грешка повредуваме некој.
Проблемите кои ги гледаме како причина за да истрчаме кон првата што ќе ни рашири нозе или да рашириме нозе на првиот што ќе ни пријди, се всушност само едно глупаво оправдување за нашите грешки и нашата неспособност да задржиме и да се бориме за една врска и личност што ни значи.
 
Може и обратно да биде-на мажите им треба причина а на жените време и место.
Значи се тапка во место-сеедно глупа тема...:jaj:
Кој сака ке изневери.
 
на жените им треба причина за изневерување, а на мажите... не име потребна причина само девојка да им намигне готови се :pos2::pos2:
 
И да е под дејство на алкохол, и да е под дејство на дрога, никој (не генерализирам дали станува збор за машко или женско) нема да изневери доколку не сака. Само што сите се вадат и се лажат себеси дека изневериле поради тоа што биле под некакво дејство. Колку и да испил некој алкохол, колку и да земал разни срања, ако не сака, тоа нема да го направи. Алкохолот не е причина за изневерување.

Точно. Тоа изјавите пијан бев не се сеќавам, бла бла бла се исклишен шунт од времето коа татко ми садел босилок.
 
на жените не им треба причина за изневерување, а на мажите... не име потребна причина само девојка да им намигне готови се :pos2::pos2:

Знаеш како е коа ќе ти се дигне пенисот, и коа ќе стрчи во целата вертикална структура. Неможејќи два чекори да изодиш... Маж да ти се напрчи, ќе го оптегачиш...

Само требе да имаш пенис...
 
Знаеш како е коа ќе ти се дигне пенисот, и коа ќе стрчи во целата вертикална структура. Неможејќи два чекори да изодиш... Маж да ти се напрчи, ќе го оптегачиш...

Само требе да имаш пенис...

епа ако си маж со цврст карактер и ако ја сака женската со која си ќе се воздружуваш и контролираш, како велат 90% е мозок, а само 10 % е сила.

ако сакаш да го конролираш нагонот ќе биде, ако не сакаш нема.
 
На жените им треба причина за изневерување, а на мажите...само место и време?

Што ќе се случи ако жената која мисли дека има причина да изневери, во тој момент не најде маж со време и место? Ќе се разочара, ќе чека наредниот ден или ќе се врати дома и ќе си рече: „Уф, добро е што не дојде, па имав време да избројам до десет, а можев да направам глупост“. Или пак ќе седне и ќе бара повторна причина за некое следно изневерување? Мислам дека во изневерувањето математиката е проста, еден на една и обратно (освен ако не се работи за еден на еден или една на една), значи за самиот чин на изневерување потребни се двајцата. А тоа, кој заради што и како и каде, не ги оправдува после тој чин, ниту пак е олеснителна околност кога бараат прошка пред оние кои ги изневериле. Горната теза е само алиби пред самите себе, кога едните или другите донесуваат решение за изневерување.
 
На жените им е потребна причина за изневерување... а на мажите... исто ваљда...
уствари од кај искочи ова дека им е потребна само причина?? нив не им е потребно време и место??

П.С се се случува со причина!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom