Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 август 2010
Мислења
62
Поени од реакции
3
Sekako deka e bolen eden vakov rezultat za 2 min 2 gola primeni vo teska utakmica:S. No eve za uteha kako im bilo na Bayern vo 99 i Chelsea 2008 i Arsenal 2002 koga izgibija 8 boda vo 4 kola. Mislam deka najposle ke se nauci lekcijata i vo bitnite natprevari vo LS nema da primame vakvi golovi.Razlikata od 4 ne e golema bitno e da vlezeme vo serija dobri rezultati kako 2008 koga ne primivme gol 14 utakmici i pobeda na OT protiv Chelsea bi smalila na samo 1 bod. Nisto ne e gotovo no ocjano posakuvam pobeda na gosti i protiv Liverpool. Ovie 4 boda izgubeni vo dobieni utakmici mn me iznerviraa no mora nekade da gi vratime vo obratna situacija
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Е сега вака поопширно за натпреварот.

Кога го видов стартниот состав останав без зборови. О` Шеј средина :tapp: и формација 4-3-3, пола играчи ги нема ни на клупа. Но подоцна сфатив. Валенсија се знаеше дека нема да игра затоа што поминал долг пат, од друг континент доаѓа а веројатно и Чичарито го немаше поради тоа. Со оваа формација и оваа постава кога дадовме 3 гола јас сум среќна што беше 3-3. Можевме и да победиме но што е тука е. И за мене беше непотребна измената што ја направи Фергусон, мислев дека ќе го извади О Шеј и Парк ќе оди централно но го извади Евра. Подобро ќе беше можеби да играше Гибсон но Фергусон веројатно верува дека искуството на О ` Шеј е пресудно.

Сепак не се жалам што пола првотимци ги немаше и што излезе Евра. Во вторник играме со Ренџерс, ривалство до даска а потоа следува меч со Ливерпул. Од ваша навивачка страна, повеќе би сакале нерешено/пораз со Ренџерс - Ливерпул или Евертон? Мора да се чуваат силите. На крај краева не изгубивме де. Плус сево ова на гости беше. На Олд Трафорд ќе си добијат сите што си заслужуваат. И не го плукајте тој стариот на клупата затоа што тој го стави Солскер во крајните минути во 99та и 10 години подоцна го стави Македа кога сите го пцуевме што ли мисли со тоа. Не го пцујте зошто потпиша со Бебе место со Озил затоа што кога требаше да потпише со Роналдињо потпиша со Кристијано Роналдо.

Ах, и уште нешто. Не знам што толку се замарате што направиле Челзи, Арсенал, Тотенхем... За Јунајтед навивате или? Мене ми е битно Јунајтед дали ќе победи а другиве што сакаат нека прават. Ако ние победиме 1-0 тие и 20-0 нека победат. Никогаш не сум се ни радувала кога тие ќе изгубеле ниту па квичела кога ќе тепале. Не им ја знам ниту формацијата, само од телевизија ако некад што сум ги гледала од нема што да се гледа. Нема што да мислите за нив, мислете кога ќе играме само против нив. Мислите ние да имавме таков лесен распоред ќе имавме две нерешени? Слободно видете какви месеци им следат со натпревари каде што немаат ни една лесна екипа за релаксирање.

Бидете ко коњи, гледајте само право за вас, run your own race, не ги чекајте нив да изгубат. Не ги ставајте во уста, храна ставате таму.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Колку им бапнавме ние на Вест Хем? 1?

Чекајте нека играат и тие со Евертон и Фулам па ќе правиме муабет :helou:
Ние игравме со екипи како Ливерпул на гости, и со Блекбурн... не заборавај, како Блекбурн играше лани, против големите екипи.... Знам дека Евертон е тешка екипа, но лани им дадовме 6 парчиња на Гудисон Парк, а дома едвај извадивме нерешено... Екипата е таква, цврста, тоа е и играта на Мојс... Затоа и не верувам дека Мојс, ке добие отказ... Сега после ова со вас, верувам дека Евертон, ке го победи наредниот противник, кој и да е...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ние игравме со екипи како Ливерпул на гости, и со Блекбурн... не заборавај, како Блекбурн играше лани, против големите екипи.... Знам дека Евертон е тешка екипа, но лани им дадовме 6 парчиња на Гудисон Парк, а дома едвај извадивме нерешено... Екипата е таква, цврста, тоа е и играта на Мојс... Затоа и не верувам дека Мојс, ке добие отказ... Сега после ова со вас, верувам дека Евертон, ке го победи наредниот противник, кој и да е...
Сфаќам, но Боби збореше за овие екипи поточно, знам дека прво коло бевте со Ливерпул :)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.532
Поени од реакции
29.080
Нема да зборам за играта до 20 минута гледав и видов мнооогу слаба игра речиси до 20 минута немавме ни шут кон гол посед на топка 99-1 шо би се рекло...прва утакмица манчестер да ме заебе за 8.500:kesa:Мање битно ова сеа табелата каква е несакам ни да ја гледам :tapp:
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.738
Поени од реакции
9.491
Само вакви чуда мојт Манчестер Јунајтед да напрајт...од готово вересија ц ц ц
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.743
Поени од реакции
43.907
Само вакви чуда мојт Манчестер Јунајтед да напрајт...од готово вересија ц ц ц
Јас мислам оти Манчестер може и други чуда да направи... На пример овие:






No hard feelings :smir:
 
Член од
22 мај 2008
Мислења
700
Поени од реакции
25
Дечки полека малку. Ајде сите по еден апаурин малку да се смирите. Боли резултатот (особено на овој начин) ама што е тука е. Вистинските навивачи се гледаат во поразите и неуспесите. За натпреварот што и да се каже веќе е касно. Може да се обвини спортската несреќа која ја имавме денеска. Ако завршеше 3 1 напреварот тогаш ке ја критикувавте ли формацијата и кој на кое место играл и зошто играл. Вие сите поголеми стручњаци испаднавте од човек кој 25 години е во еден клуб. И без поголемо разочарување бидејќи последните 4 години го имаме истиот стар. Долга е сезоната.

П.С. Ајде нека постира некој хајлајтс.
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Сакам нешто да кажам за Kanal 89, сигурно не сте го забравиле. Денешнио резултат и денешната ситуација у фан клуубо ме потсетија на него и после толко долго размислување сфатих некои работи, па сакам да му се обратам на него, неможам да бидам сигурен ама мислам дека не чита, слуша, гледа... Как прво, сакам да ти се извинам за се шо сам ти кажал, шо сам те навредил и шо сам ти направил, без разлика шо и ти на мене ми си направил исто, заборавено. Спортски ти пружам рака и сакам да ти кажам оти сакам да бидеш и ти дел од тој фан клуб. Искрено, од тебе научих некои важни работи, пред се, как да го сакам клуубо, на шо да пазам, шо да почитувам шо да нејќам. Сега те сфаќам и тебе и Чомбе коо се расправааме за Роналдо. Не ми е мака за тва шо сам кажал у таа дискусија, мислам оти сам у право, оти треба да го почитуваме и др... (да не се навраќаме), ама научих оти ништо нее поголемо од Јунајтед. Исто така, научих ного работи и од Чомбе, Дено, Џену, Миле, Хулиган, Фикоман, Ивица па и некои други... и мило ми е шо сам ве запознајал и сам бил у ваше виртуелно друштво, без разлика на се! Знам дека изгледа така, ама јас не се осеќам как најголем фан и мојта љубов према клуубо и твојта (Kanal 89) е различна. Мислам оти ти го сакаш МЈ повеќе од клубски аспект, а јас од фудбалски аспект. Исто искрено, без навреда, мислам дека не го познаваш фудбало как игра как мене, па и за тва имааме ного недоразбирања. Тва важе и за другите шо ги читат мојте мислења, а не сее согласувал со мене, не дека јас се праам стручњак, јас само повеќе го гледам фудбало од фудбалска страна, фудбал гледан од аспект как игра, едноставно различно гледам на работте, се надевам оти можете да ме разберете. Не е ни битно, неможеме сите да бидеме исти и да знааме исто, мислам оти ништо не не спречува сите да бидеме добри другааре и вистински фанове. Можеме сите да учеме еден од друг. Тие шо ги спомнах погооре имат голема улога у тва колко повеќе јас сам го засакал клуубо благодарение на них, ама последнио, Ивица, го спомнах заради друго нешто. Гледам и полека се разочарувам од форумо. Искрено до сега не сам видел тука на форум некој да се предомисле и да каже, не бех у право, грешка бех, ти си у право, едноставно да признае или да ја тргне малко гордоста на страна. Сакам да спомнам, оти со Ивица малко се "закачииме", па мош и попцујааме ама ного брзо се разберааме човечки и почнааме да се заимуваме... Еден другар ми вика дека на форуми се збирале само паметни и културни човеци, а јас тва никаде не го видех, ама сакам барем нашио фан клуб да изгледа така. Всушност и само заради таа тема сам регистриран на форумо и 90% од мислењата ми се тука. Мислам оти треба да покажеме поголемо разбиране, да не бидеме нервозни, да знааме да попуштаме, да не флеваме у конфилкти еден меѓу друг, се да ни биде как дружба и шо е најважно, не треба никој да се наметнува как лидер! И така сме пред другите, фановите на другите клуубове се за никаде, па как шо кажах, нема кој да ни се смее, ама би било убаво ако се биде перфектно. Нека биде се тва почеток на една нова ера на навиване тука, да бидеме сите обединети, без разлика дали Јунајтед губе или победува, дали освојува титули или не! Да го сфаќаме сите тва как една религија и ништо да не ни биде поважно од клуубо, оти додека постое он, ќе постооме и ние, да веруваме у Јунајтед, да бидеме ЈУНАЈТЕД! Поздрав
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Ај малце со смирени страсти еден коментар...

Денеска прокоцкавме одлична шанса за зацврстување на самодеврба на тимот на одлична победа и се друго. Не требаше тим како Јунајтед да дозволи вакво нешто посебно не на две посебни гостувања кај тимови кои не се за потценување Фулам т.е. Евертон. Во првото полувреме не игравме баш најдобро и добро е што го израмнивме резултатот брзо за после комплетно да се вратиме во игра. Во второто полувреме изигравме одлично добра игра процент на топка шанси... Брзо поведовме и чекавме од контри да постигнеме трет гол и тоа се случи. Се беше супер но на 3 минути до крај се прокоцкавме. Сеуште незнам како се случи ова. Ние во претходните 10 минути пред да примиме 2 гола за 2 минути имавме одлични шанси да го запалиме Евертон но се утнавме мораше барем уште еден гол да дадеме но се случи истото што и со Фулам промашивме ние они не казнија. Ова ни е втор пат сезонава вакво нешто. Од вакви натпревари од вакви изгубени бодови се губат титули. На крај доколку Челзи победи со 1 или 2 бода разлика причината ќе биде оваа два добиени натпревари прокоцкани. 4 бода изгубени. На мечот најдобри поединци беа Видиќ, Флечер, Сколс, Нани и Бербатов. Бербатов игра одлично во последните утакмици тоа морате да го признаете исто како и Нани. Видиќ типично капитенски добро изигра додека Сколс и Флечер супер играа во средината но џабе кога се прокоцкавме за 2 минути. Се надевам дека нема на крај да бидат причина овие 4 бода губење на титула. Не е ништо изгубено но пофрустрирачки е ваков нерешен резултат за секој фан него изгубена утакмица со катастрофална игра поголема гол разлика. За Челзи не се секирајте им се паднаа лесни противници првиве кола дерат. ВБА, Виган, Вест Хем и Стоук допрва треба они да играа тешки мечеви.


Следен меч ни е со Ренџерс од ЛШ одличен натпревар за подигање на самодовербата и враќање на победнички патеки. Ферги потврди дека Рио ќе стартува на овој натпревар што е одлична вест за нас бидејќи следната недела следи големото дерби на Олд Трафорд со Ливерпул.

Поздрав до сите фанови на Манчестер Јунајтед!

Glory, glory Man United!

 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.818
Поени од реакции
11.445
Море мамицата да им ја ебам...живци изгубив ради тој непрофесионализам во последни 3 минути да не можат резултат да зачуваат!
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.738
Поени од реакции
9.491
Јас мислам оти Манчестер може и други чуда да направи... На пример овие:






No hard feelings :smir:

Зборувам за оваа сезона.

Против Фулам..пенал во 87 минута за сигурни 3-1, промашуваме...90та минута 2-2

Евертон 3-1 водство...лежерна игра и за 2 минути 3-3...Од готово, вересија правиме...
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.743
Поени од реакции
43.907
Зборувам за оваа сезона.

Против Фулам..пенал во 87 минута за сигурни 3-1, промашуваме...90та минута 2-2

Евертон 3-1 водство...лежерна игра и за 2 минути 3-3...Од готово, вересија правиме...
Добро, ама таму никаде не пишуваше дека збориш за оваа сезона.. :)

Иначе викате оти од овие загубени 4 поени можеме да ја загубиме титулата....јас сум сигурен оти ќе освоиме најмалце 8 во 90-та.. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom