Анчелоти посакува победа над Јунајтед
Менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти цели кон победа над Јунајтед во Комјунити Шилд дуелот.
Синоќа Челзи го доживеа и третиот пораз во серија на пријателските натпревари, Сините загубија од Хамбургер со 2-1.
Сите три порази (Ајакс, Ајнтрахт, Хамбургер) беа претрпени поради катастрофални грешки во одбраната.
"Некои фудбалери се во добра форма, но на некои им треба повеќе време" - вели Анчелоти.
"10те фудбалери кои штотуку дојдоа на подготовките на 26ти јули им требаат уште две недели работа".
"По само осум дена тренинг невозможно е да бидете подготвени".
"Сите сме разочарани бидејќи загубивме три натпревари по ред, тоа не е добар старт за нас".
"Сега се надеваме дека ќе се вратиме со победа против Манчестер Јунајтед во Комјунити Шилд натпреварот во недела".
"Во минатото дефанзивата играше со голема самодоверба, но сега ја губат концентрацијата".
"Правевме грешки и сега треба да покажеме повеќе карактер" - изјави Анчелоти.

