Ролери

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Ко ќе е убо времево и ко ќе имам друштво возам ролери интересно е..Колку за рекреација малце:helou:
 
Знае некој да ми каже каде во Скопјево освен во Саломон се продаваат добри ролери?:wink:

За во Скопје тешко, насекаде продаваат стари модели или се стварно лоши и ги продаваат по минимум х2 од што стварно вредат. Ако можеш отиди до Софија до Vertigo или ако сакаш можам и јас да ти помогнам да си земеш од таму.
Освен Salomon друго ништо не би ти препорачал иако не се најсјајни али подобри се од останатите што ги има кај нас те. имаат колку толку ок сооднос за тоа што го добиваш со цената (во споредба со другите ролери што ги носат кај нас) иако ќе треба да менуваш тркала и лагери за брзо време (зависи како ги возиш) што кај нас ќе те кошта уште околу 2000-3000 денари за ист квалитет на тркала и лагери.
Особено бегај кога ќе видиш Head ролери зошто се стварно никакви :)
Моја препорака е Powerslide ролера, никој до сега не се пожалил за ништо од нив, а се релативно евтини те. неспоредливо најдобри во однос цена со перформанси и квалитет како на кондурата така и на компонентите (тркала и лагери).
PS И дечките од Саломон ми порачуваат Powerslide работи од Vertigo :)
 
Често патувам накај Софија, ќе наминам во продавницата што ми ја препорача. Ти благодарам многу.
А инаку, чисто од љубопитност, Head се лоши ролери или робата што ја носат тука е шкартовина?
 
Често патувам накај Софија, ќе наминам во продавницата што ми ја препорача. Ти благодарам многу.
А инаку, чисто од љубопитност, Head се лоши ролери или робата што ја носат тука е шкартовина?

Head општо се лоши ролери зошто тие од скоро почнаа да произведуваат и не се сериозни во работата и вадат ролери онака без многу вложување во нивна обработка (користат прости и евтини шеми) туку сметаат дека на славата што им е со скии и сноуборд (или поради тоа што се заедно под корпорација со Babolat дека со славата на Babolat) ќе продадат и ролери. Згора на тоа гледам по која цена ги продаваат, а го знам газдата и знам дека СЕЧЕ те. УБИВА на цени така да ролерите не се скапи што значи он ги зема по некоја банална цена :) . Најубаво е кога некоја фирма произведува само еден тип на продукти, на пример заработува од ролери и инвестира само во ролери и опрема за ролери. Многу фирми во минативе 10 години што беа врв пропаднаа (Roces, Rollerblade, Hyper, Senate, Mindgame од скоро и Salomon одкако ги продадоа).
Види на интернет било што Powerslide и ако сакаш нешто ќе им кажам да ти го донесат во Vertigo.
Сајтот ти е www.vertigo-skates.com имаш таму и адреса и мапа како се стига :)
Нема гајле било што и да те интересира прашај, бар во ова имам премногу искуство и информации :)
 
Да многу фирми што беа популарни порано сега пропаднаа а salomon како што слушнав нема повеќе ни да изработуваат aggressive, а можеби и fitness ролери.Веќе од 2006 година мислам немаат издадено нов aggressive модел така да сега само ги продаваат оние модели кои им се останати.
 
Head општо се лоши ролери зошто тие од скоро почнаа да произведуваат и не се сериозни во работата и вадат ролери онака без многу вложување во нивна обработка (користат прости и евтини шеми) туку сметаат дека на славата што им е со скии и сноуборд (или поради тоа што се заедно под корпорација со Babolat дека со славата на Babolat) ќе продадат и ролери. Згора на тоа гледам по која цена ги продаваат, а го знам газдата и знам дека СЕЧЕ те. УБИВА на цени така да ролерите не се скапи што значи он ги зема по некоја банална цена :) . Најубаво е кога некоја фирма произведува само еден тип на продукти, на пример заработува од ролери и инвестира само во ролери и опрема за ролери. Многу фирми во минативе 10 години што беа врв пропаднаа (Roces, Rollerblade, Hyper, Senate, Mindgame од скоро и Salomon одкако ги продадоа).
Види на интернет било што Powerslide и ако сакаш нешто ќе им кажам да ти го донесат во Vertigo.
Сајтот ти е www.vertigo-skates.com имаш таму и адреса и мапа како се стига :)
Нема гајле било што и да те интересира прашај, бар во ова имам премногу искуство и информации :)
А за К2 што мислиш?
Неодамна зедов понов модел на ролери, К2, фитнес, и сум задоволна.
Имав претходно шкарт ролери, и баш се чувствува разликата.
 
А за К2 што мислиш?
Неодамна зедов понов модел на ролери, К2, фитнес, и сум задоволна.
Имав претходно шкарт ролери, и баш се чувствува разликата.

К2 како што гледам би требало да се добри, немам многу искуство со нив само. Али ми имаат зборувано дека биле добри. Од кај ги зема, кој модел и по која цена и ќе ти кажам детално? :)
 
К2 како што гледам би требало да се добри, немам многу искуство со нив само. Али ми имаат зборувано дека биле добри. Од кај ги зема, кој модел и по која цена и ќе ти кажам детално? :)

За новите модели на K2 мислев :)
 
Шинав нога на 9год со ролери и се откажав од нив и продужив со нешо поестремно а тоа е точакот :pos2:
 
K2 - Alexis.
Инаку не сум точно сигурна, ама мислам 7000 и нешто ги земав, или 8000, појма немам, не ми текнува...
Вакви се, само друга боја :)
f_alexism_3ba362d.png
 
roces.jpg

Оваа ролерка е мојот сон!:vozbud:
Иначе возам веќе 4 години на стаза и претходно ко мал!Иначе имам моментално к2 и уште едни Salomon ама не ми направија мерак нешто посебно!Иначе овие на слика што ги ставив се ептен јаки и еден тип постар ги има на стаза!Многу се јаки!:helou:
 
K2 - Alexis.
Инаку не сум точно сигурна, ама мислам 7000 и нешто ги земав, или 8000, појма немам, не ми текнува...
Вакви се, само друга боја :)
f_alexism_3ba362d.png

Убаво изгледаат :)
Вака како што гледам на други сајтови што имаат на нив добри се само пишува дека брзо се јадат, особено тркалата. Исто пишува дека К2 не произведуваат вакви тркала накнадно така да значи и самите си знаат дека не се добри. Целосно добра ролера од послаба - средна класа, за почеток и за рекреација.
Не знам кој им ги произведува лагерите, ILQ7 треба да се брзи али квалитетот зависи од производителот, на пример има Salomon ILQ7 и ILQ9 али никој не е задоволен од нив а неколку пара имам нарачано за луѓе Powerslide ILQ9 и сите се презадоволни, а по поевтина цена него Саломон. Така да глобално добра е ролерава само не вреди за таа цена. Од кај ги зема зошто на интерет гледам во Америка се скоро иста цена што е чудно? Обично ако е слична цената во странство со некоја од кај нас или се претежно шверц (како што правеа Саломон) или се фелер модели и слично.

roces.jpg

Оваа ролерка е мојот сон!:vozbud:
Иначе возам веќе 4 години на стаза и претходно ко мал!Иначе имам моментално к2 и уште едни Salomon ама не ми направија мерак нешто посебно!Иначе овие на слика што ги ставив се ептен јаки и еден тип постар ги има на стаза!Многу се јаки!:helou:

Добри се, вакви само со 5 тркала и ти се опасни racing ролери, мерак ми е некогаш да пробам некоја ваква :) Само мој совет немој да идеш на Roces или на било што вакво слично го има кај нас зошто ќе те исечат ептен и нема да добиеш ни пола од тоа што си го платил.
 
До сега Roces не сум имал!Ти викам К2 и Саломон!Ама ови К2 ептен брзо ми се изедоа тркалцата,па правев рокади!Иначе ептен се скапи тркалца да купуваш па затоа мењав со предни,задни и така натаму!А овие што ги ставив на сликата се со 4,ама тој типот на стаза што вози му се со 5 и ептен е гром!Многу брзо идат!Тој веројатно ги купил од странство пошто тука вакви немам видено!:helou:
 
За тркалца за Fitness за сега сигурен сум дека се добри само Powerslide за други тркала немам слушнато, ниедни што сум ги донел овде уште ги немаат сменето, а во цена обично се или исти (а со поголеми димензии) или поевтини, некои дури и драстично али не им го знам квалитетот на нив, никој не го знам што ги возел.
Имаше нешто вакво во Salomon али цената беше 24 000 мислам :nesvest:
ДАААААЛЕКУ од реалноста :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom