Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.432
- Поени од реакции
- 5.128
?????????????Се повеќе сум уверен дека нас еволуцијата не не зафатила?
Како мислиш тоа не не зафатила?!
?????????????Се повеќе сум уверен дека нас еволуцијата не не зафатила?
Значи Чарлс Дарвин додека го пишува своето дело е свесен за определени недостатоци, пред се во геолошките истражувања. Дарвин денес можеме да го сметаме само како татко на еволуциската теорија, а не како единствен според кој денес истата се гради. Конкретно за цитатов, Дарвин пишува дека не се откриени доволен број на варијации на видовите кои ќе можат да го потврдат еволутивниот континуитет, т.е. меѓу слоевите на земјата постојат празнини во кои не е најден жив организам. Но, Дарвин не вели дека такви видови не постојат. Тие сеуште не се пронајдени (тоа било пред 150 години). Исто така, за да постојат тие меѓувидови во почвата потребно е да се фосилизираат. Веројатноста еден организам да се фосилизира е прилично мала, па од тука е и малиот број на пронајдени изумрени видови.„Бројот на меѓувариациите кои постоеле порано, мора да е навистина огромен. Тогаш зошто секоја геолошка формација и секој слој не се полни со такви меѓуалки? Геологијата навистина не открива некои фино степенуван органски синџир и ова, претпоставувам, е најочигледниот и најсериозниот приговор кој може да се изнесе против мојата теорија. “
(Чарлс Дарвин, Потеклетото на видовите, стр. 55)
?"Постојат сто милиони фосили - сите внесени во каталог и идентификувани - во музеите ширум светот."
(Портер Кир, New Scientist, 15 Јануар 1981, стр. 129)
Постирај ми ја целосната статија па да видам како размислувал научникот зошто вака изложено ништо не потврдува реченицата. До енкаде е точно дека не може да документира ниту еден единствен преод од еден вид во друг бидејќи не може со сигурност да се знае кој е преодниот облик. Секојдневно се наоѓаат нови и нови облици кои еден вид повеќе и повеќе го приближуваат кон друг. Утре ќе се најде нов облик и ќе го сметаме за преоден. Задутре ќе се најде нов, па тој ќе го сметаме за преоден,..."Фосилниот запис убедливо не документира ниту еден единствен преод од еден вид во друг."
(The New Evolutionary Timetable, стр. 95)
Па сега, гледам дека се се врти околу преодните видови, алките кои недостигаат. Можам да очекувам следно да биде приказната за лилјакот или забите на свињата. Инаку, даден е по еден предлог за преоден облик од една во друга класа, за сите пет класи на `рбетници. На пример: преоден облик од рептил во птица е архаеоптерикот. Но, ова не треба да значи дека токму тој фосил е алката која недостига. Секојдневно се ископуваат нови фосили, па може меѓу нив лежи вистинската алка."Не се познати никакви преодни облици меѓу кои и да било галвни класи на животни или растенија."
(Генетичарот Стебинс, Processes of Organic Evolution, стр. 147)
Зошто Едмунд Семјуел мисли така?„Ниту една добра анализа на биогеографската дистрибуција или на фосилниот запис не може дирекно да ја подржи еволуцијата.“
(еволуционистот Едмунд Семјуел, Order: In Life, 1972, стр. 120)
Има еволутивни скокови пред се поради слабата снабденост со фосили. Поради тоа не може да се потврди постепениот континуитет кај некои видови. Кај коњот на пример е создадена одлична слика за континуираниот еволутивен пат, без определени скокови.„На три пресудни подрачја каде што (современата теорија на еволуција) може да биде испитана, таа изневерила: Фосилниот запис открива образец на еволуциони скокови наместо на постепена промена. Гените се моќен стабилизирачки механизам чија главна функција е да спречи да еволуираат нови облици. Случајните чекор по чекор мутации на молекуларно ниво не можат да ја објаснат организираната и се поголема сложеност на животот.“
(Френсис Хичинг, The Neck of the Giraffe, стр. 103)
Точно, се викаат `алки кои недостасуваат`. Веќе кажав погоре дека денес постојат за секоја класа по една алка која го исполнува тој празен простор, но не треба да значи дека токму тие се вистинските алки кои недостигаат."Имајќи ги предвид сите фосилни остатоци, за животните може да се заклучи дека има фосили кои ги поврзуваат редовите и фамилиите. За разлика од тоа, има малку, или речиси и нема, фосилни облици кои поврзуваат различни класи, а нема ниеден облик кој ги поврзува типовите. За таквите непознати облици на животни во врска со потеклото на одредени групи животни се вели дека се “алки што недостасуваат."
(Од учебникот по Биологија за 8-мо одделение, стр. 29)
А кој може да потврди со сигурност дека токму тие се алките кои недостасуваат? Денешните претставници на `алката што недостасува` се морфолошки и физиолошки блиску до преминот од една класа во друга класа `рбетници. Не треба да значи дека токму тие се вистинските алки бидејќи утре може да биде најден некој нов фосил кој ќе биде поблиску до преминот. Затоа сеуште постои тој празен простор, а животната форма која тука недостига се вика `алка која недостасува`.Filmakedon, ако ти е алки постојат, тогаш не би биле наречени: "алки што недостасуваат"
Ај кажи ја твојата фолозофија ондак.Filmakedon, според филозофијата на еволуцијата, меѓу кои било два вида постојат илјадници меѓувидови кои следат една постепена и бавна еволуција (микроеволуција). Алката што недостига не е еден од тие илјадници меѓувидови, зошто тоа би значело дека никогаш нема да се најде таа алка. Алката што недостасува се цела таа низа на меѓувидови меѓу било кои два вида животни што денес се познати. Постојат шпекулации и претпоставки за неколку такви случаи, но ниеден од нив не е потврден како меѓу вид. А и самиот факт што на прсти се бројат таквите "алки" е поразително за филозофијата на еволуцијата затоа што според неа треба да се очекувааат илјадници илјадници такви алки (како што вели и самиот Дарвин), а не само на прсти избровливи шпекулации.
зошто тогаш Теории а не Факти ?Само за потсетување биологијата не е филозофија туку егзактна наука, продолжете со дискусијата, фала за внимание
Само терминологија не се замарај, прочитај во биологија за дамис што значи терминот теорија во наукатазошто тогаш Теории а не Факти ?
поради чесностазошто тогаш Теории а не Факти ?