Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Интересни се новите наоди кои ги гледав на руска телевизија.

Сталин ги елиминирал сите негови шпиони кои оперирале во Германија и кои 6 месеци пред нападот му ја кажале и локацијата и датумот на нападот на Германија врз СССР.
Зошто тоа го направил, повторно ми ја носи водата на светски заговор.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
и Перл Харбор е светски заговор ...
 
S

smart ass

Гостин
За се е виновен Џемс Ват,Никола Тесла и Банкарите и Нафташите.

А тоа дека Америте така ќе дремеле кога би знаеле дека ќе бидат нападнати се прикаски за мали деца,значи имало индиции,австралијанците не кажале ЕКСПЛИЦИТНО колку носачи,уништувачи се движат кон перл харбур...туку едноставно посочиле дека има едноставно размрдување на силите(најверојатно америте сметале дека јапонците ќе останат пасивни,а пораката на тој потег би бил Амери НЕ СЕ МЕШАЈТЕ-значи не очекувале напад.)поточно Јапонците заземаат одредена точка и таа има своја симболика и порака.

А на атлантикот Америте си имале проблем со Наци...значи не со Јапонија...

Ако сакале војна можеле де да ја наместат банкарите исто како прва светска војна(јапонците не се глупи 7 банкари да ги за**т...исто и Германците...

Тоа е крајно смешно.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.669
Најголем ефект имале преку 3000 Американци убиени од Јапонските камикази.Немало никакви претпоставки туку се знаело за нападот(кој бил намерно испровоциран).Никави повлекувања на пола флота,повлекување војници и сл.Мислењето на американската јавност морало да се смени за 180 степени.И се сменило...
Се е ова докуметирано.Не е рекла-казала муабет.
Американска подморница е потопена од Нацистите во Атлантски океан два месеци пред Перл Харбур.Загинале 100 морнари.Рузвелт не презедол ништо,на големо разочарување на Черлил.
Од кога јавното мислење на народот ги спрелувало Владите на САД во некоја цел?! ...
Можеби биле испровоцирани Јапонците, ама САД не ни помислувале дека ќе бидат нападнати во Перл Харбор.
Ако знаеле за нападот тогаш се поставува прашањето зошто не ги тргнале сите тие бродови што ги имаат и Јапонците на гаѓаат само објекти? Што доколку Јапонците продолжеле со нападот се до брегот на САД? Нема смисла тоа дека знаеле дека ќе нападнат.
Плус тоа Хаваите се оддалечени без малку на другата страна на Пацификот, така да САД не ни помислувале дека цела Јапонска флота ќе се најди таму...
Исто така Јапонците во Перл Харбор пристигнале од север, што е доволен факт за изненадувачкиот напад...

За се е виновен Џемс Ват,Никола Тесла и Банкарите и Нафташите.

А тоа дека Америте така ќе дремеле кога би знаеле дека ќе бидат нападнати се прикаски за мали деца,значи имало индиции,австралијанците не кажале ЕКСПЛИЦИТНО колку носачи,уништувачи се движат кон перл харбур...туку едноставно посочиле дека има едноставно размрдување на силите(најверојатно америте сметале дека јапонците ќе останат пасивни,а пораката на тој потег би бил Амери НЕ СЕ МЕШАЈТЕ-значи не очекувале напад.)поточно Јапонците заземаат одредена точка и таа има своја симболика и порака.

А на атлантикот Америте си имале проблем со Наци...значи не со Јапонија...

Ако сакале војна можеле де да ја наместат банкарите исто како прва светска војна(јапонците не се глупи 7 банкари да ги за**т...исто и Германците...

Тоа е крајно смешно.
Баш така, Смарт ес, баш така.
Доволно добра причина да влезат во војна САД било потонувањето на целата цивилна и воена флота од страна на Германците (потонувале бродови како од шега.....го наполниле дното на Атлантикот со бродови:vozbud:) во Атлантикот.
 
S

smart ass

Гостин
Интересни се новите наоди кои ги гледав на руска телевизија.

Сталин ги елиминирал сите негови шпиони кои оперирале во Германија и кои 6 месеци пред нападот му ја кажале и локацијата и датумот на нападот на Германија врз СССР.
Зошто тоа го направил, повторно ми ја носи водата на светски заговор.
За да не дознаат германците дека сталин веќе знаел(оти фиксно некој совјет ќе кажел на нацистите за шише водка)...а за тоа време русија ФАКТ е дека се спремала за војна-ова инфо уште подобро влијаело врз подоцнежната фаза...посебно за зачувување на оружје и храна кои пак овозможиле партизански движења.

И на крај краеви не можел Сталин да направи ништо повеќе освен да го отежни напредувањето на швабите...ама манијак си е манијак,он и хитлер си биле исти...они...сакале ВОЈНА...тоа е филантропија на терор...типичен пример до скорашен е Садам хусеин...колку само беше немирен...де на Курдите,Де врз Иран,Паралелно ракетирај и во Израел..Саудиска Арабија(добро тоа беше америчка база која ја погоди Скад ракета),Кувајт...и мораа на крајот да го средат...:toe:

Тоа се болештини...типични за диктаторите...

Од кога јавното мислење на народот ги спрелувало Владите на САД во некоја цел?! ...
Можеби биле испровоцирани Јапонците, ама САД не ни помислувале дека ќе бидат нападнати во Перл Харбор.
Ако знаеле за нападот тогаш се поставува прашањето зошто не ги тргнале сите тие бродови што ги имаат и Јапонците на гаѓаат само објекти? Што доколку Јапонците продолжеле со нападот се до брегот на САД? Нема смисла тоа дека знаеле дека ќе нападнат.
Плус тоа Хаваите се оддалечени без малку на другата страна на Пацификот, така да САД не ни помислувале дека цела Јапонска флота ќе се најди таму...
Исто така Јапонците во Перл Харбор пристигнале од север, што е доволен факт за изненадувачкиот напад...


Баш така, Смарт ес, баш така.
Доволно добра причина да влезат во војна САД било потонувањето на целата цивилна и воена флота од страна на Германците (потонувале бродови како од шега.....го наполниле дното на Атлантикот со бродови:vozbud:) во Атлантикот.
Епа У-подморниците потопувале повеќе бродови отколку што САД можеле да произведат...ова посебно првите 2 години од војната.

А кутрите британци за да уништат У-боат праќале конвој мамка се со цел да ја откријат подморницата па да ја потопат.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Од кога јавното мислење на народот ги спрелувало Владите на САД во некоја цел?! ...
Можеби биле испровоцирани Јапонците, ама САД не ни помислувале дека ќе бидат нападнати во Перл Харбор.
Ако знаеле за нападот тогаш се поставува прашањето зошто не ги тргнале сите тие бродови што ги имаат и Јапонците на гаѓаат само објекти? Што доколку Јапонците продолжеле со нападот се до брегот на САД? Нема смисла тоа дека знаеле дека ќе нападнат.
Плус тоа Хаваите се оддалечени без малку на другата страна на Пацификот, така да САД не ни помислувале дека цела Јапонска флота ќе се најди таму...
Исто така Јапонците во Перл Харбор пристигнале од север, што е доволен факт за изненадувачкиот напад...


Баш така, Смарт ес, баш така.
Доволно добра причина да влезат во војна САД било потонувањето на целата цивилна и воена флота од страна на Германците (потонувале бродови како од шега.....го наполниле дното на Атлантикот со бродови:vozbud:) во Атлантикот.
Кои американски бродови бе ги потопиле Германците на Атлантикот?Единствено еден брод е потопен и тоа по грешка поради големата концентрација на бродови во тој дел од Атлантикот.Хитлер строго забранил потопување американски бродови и подморници.Уште Америка му фалела како противник.
За Перл Харбур повторив 15 пати...со документи и факти.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.741
Поени од реакции
8.227
Кои американски бродови бе ги потопиле Германците на Атлантикот?
Илјадници Американски и Британски бродови се потопени во Атлантикот. али товарни бродови што носеле оружје, муниција и војска од УСА кон Британија и Северна Африка. На нив мисли претпоставувам пошто прекинувањето на испорака на воените материјали била главна цел на Германците

Околу 3500 товарни и 170 воени бродови на Британија и Америка стануваат жртви на Германските подморници во 2 светска.

Германците губат 783 подморници.

Воените бродови на Британија, Канада и УСА се обидувале да ги заштитат овие конвои и евентуално надвладеале али пред се имале и правеле повеќе транспортни бродови него што можеле Немците да потопат.

Види ги Германските подморничарски асови:
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Knight%27s_Cross_recipients_of_the_U-boat_service

И нинџата Ото Кречмер:
http://en.wikipedia.org/wiki/Otto_Kretschmer
Потопил 47 бродови со вкупно 274,333 тони!!!

ЕДИТ:
Во нападот на Перл Харбур немало Камикази. тие се појавуваат кон крајот 44-а година кога Јапанците сваќаат дека ја губат војната.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Мислев на потопени американски бродови пред влезот на САД во војната во декември 41-ва.:wink:
 

Sinisa

libertad o muerte
Член од
27 август 2005
Мислења
661
Поени од реакции
52
Много битан фактор је чистка коју је Стаљин спровео 1936 до 1938. Ту је почистио врх комунистичке партије, све које су могли да га угрозе, а оно што је битно за ову тему је да је почистио и војни врх. Стаљин је нарочито мрзео популарне маршале и генерале, врхунске војнике који су ратовали у 1. светском рату и победили у грађанском рату до 1922. Филм Михалкова Варљиво Сунце говори о једном таквом случају, одличан филм.

Касније, кад му је дошло из дупета у главу и кад је СССР био на прагу пораза, Стаљин је покушао је све, чак је наредио да се активира црква и свештеници, а познато је да су совјетске комунистичке трупе носиле икону Богородице из Казана пред собом, а кажу да је она заиста имала позитивно дејство /наћи ћу негде чланак/

Али да видимо који је био резултат ове чистке...

Побијено је:
- 3 од 5 маршала (6 звездица генерали)
-13 од 15 команданта армија (генерали са 4 и 5 звездица)
- 8 од 9 адмирала
- 50 од 57 команданта корпуса
- 154 од 186 команданата дивизија

Што значи да је побијено 228 од 272 официра са генералским чиновима непосредно пре рата.

Фактички, Стаљин је обезглавио сопствену војску у саму зору 2. св. рата, што је био потпуно самоубилачки чин, и веома је утицало на стање и морал у војсци.

Познато је да је Стаљин рекао и "немачки пролетери неће напасти совјетске пролетере". Међутим, понешена победама, немачка војска је имала изузетан морал, одлично опремљену и вођену војску. Највећи проблем немачке војске био је у ствари сам Хитлер.

Ево нешто и о Казанској икони (бугарски језик)
http://www.pravoslavieto.com/ikonopis/Bogorodica/kazanska/index.htm

енглески: http://www.vor.ru/English/Christian_Message/program.phtml?act=46
 
S

smart ass

Гостин
Почит!!!


И нивната Песна


ЕДИТ: [/B]Во нападот на Перл Харбур немало Камикази. тие се појавуваат кон крајот 44-а година кога Јапанците сваќаат дека ја губат војната.
Морале и на психа да мавнат.

Илјадници Американски и Британски бродови се потопени во Атлантикот. али товарни бродови што носеле оружје, муниција и војска од УСА кон Британија и Северна Африка. На нив мисли претпоставувам пошто прекинувањето на испорака на воените материјали била главна цел на Германците

Околу 3500 товарни и 170 воени бродови на Британија и Америка стануваат жртви на Германските подморници во 2 светска.

Германците губат 783 подморници.

Воените бродови на Британија, Канада и УСА се обидувале да ги заштитат овие конвои и евентуално надвладеале али пред се имале и правеле повеќе транспортни бродови него што можеле Немците да потопат.
Епа тоа,производствениот потенцијал на УСА бил потценет...а овие произведувале како ЛУДИ!!!
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
нејќам ни да замислам да застанеа на страната на Германија до каде би била раширена денес...
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Најголема грешка на германците била тоа што биле големи перфекционисти и до детал внимавале како ке ги изработат орудијата.На почетокот од војната
технички биле по супериорни но едноставно не произведувале доволно за да ги надополнат загубите а сите нивни усовршувања дошле премногу доцна. А и Хитлер бил премногу тврдоглав а сојузниците прави нацковци...
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.741
Поени од реакции
8.227
Мислев на потопени американски бродови пред влезот на САД во војната во декември 41-ва.:wink:
Аааа. ОК:salut:Не те разбрав, сори.:wink:

Инаку интерсен е податокот дека САД за два месеци во четириесетите години произведувала нафта и нафтени деривати колку Јапонија за цела војна.

Во текот на 1944 и Јапонците и Германците имале проблем со ова. Пред се со намалениот број часови за обука на пилотите пред да ги пратат во борба. Така што просечен сојузнички пилот во 1944 има 600 часови самостоен лет на тренинг пред да полета во битка, додека Германските се смалиле на 100 - 150, а Јапонските уште помалку.

Германија посебно во 44-а произведува повеке муниција, авиони, тенкови и слично него било кога али нема веќе толку гориво за движење на истите.

Американците и Русите имале нафта на претек и немале вакви проблеми во втората половина на војната.

Јапонците како перфекционисти имале една постава морнарички пилоти тренирани пред војната кои пуздер направиле во 36 - 42 (војната во Кина па натаму). Освен морнаричките ловци, морнаричките торпедни авиони и авионите за обрушување имале во битките со Кина, Аустралија, Британија и УСА неверојатен учинок од 80% погодоци во нападите до крајот на 1942.

Но бидејки се работи за мала група хард кор професионалци, обучени во мир со илјадници часови тренинг, тешко се мењале загубите со компетентни пилоти. А пресвртната точка е во Битката кај Мидвеј, каде се случува неверојатна работа.

Јапонските ветерани го бомбардираат островот и ги уништуваат сите авиони кои полетале да ги пресретнат (20-на ловци) како и поредените бомбардери на пистите и се враќаат на носачите каде се пунат со со бомби за втор напад. Во меѓувреме пристигаат Американските авиони од носачите и напаѓаат, Јапонските ловци кои летаат заштита ги масакрираат Американците, кои некоординирано нападнале и ако не се лажам од четири ескадрили (48 авиони) ниту еден авион не преживеал, сите биле соборени од Јапонските ловци. По ова Јапонците наредуваат да се откачат бомбите и да се стават торпеда за напад на Американските бродови кои сега е јасно дека се близу.

Секако се губи време и во тој момент доаѓаат 3 ескадрили Американски едномоторни бомбардери за обрушување кои задоцниле со нападот дека ја утнале точката за собир, Јапонските ловци биле спуштени многу ниско додека ги масакрирале и бркале авионите од првиот бран и немале време да фатат висина, а некои слетале да земат муниција. Така овие три ескадрили ги потопуваат носачите Кага, Акаги и Сорју.

Најголемата загуба не е во бродовите туку во пилотите кои загинале додека биле наредени на палубата, преполна со бомби (кои не биле вретени во хангарите) и торпеда кои се закачувале на бродовите, како и гориво кое со црва преку палубата го полнеле во авионите. Секако една бомба ги активира и тука гине кремот на Јапонското морнаричко воздухопловство.

Преостанатиот носач Хирју двапати праќа по само 10-ина авиони и двата пати ја погаѓаат целта и го онеспособуваат Јорктаун носачот кој подоцна тоне.

Секако ова ги исцрпува пилотите и авионите и конечно преживеаните авиони од Јорктаун заедно со групите од Ентерпрајз го погаѓаат Хирју кој тоне. Адмиралот Јамагучи решава да потоне со бродот и тука Јапонија губи многу способен офицер, кој бил на ниво на Јамамото.

Пилотите од преостанатите носачи кои биле на други делови од Пацификот сега се тенко растегнати и во следните шест месеци до година гинат под притисок на огромен број на сојунички авиони. Така едно задоцнување и утка на плнот од страна на трите Американски ескадрили ја решава судбината на Пацифичката војна. Јапонците веке немале кога да истренираат екипа на тоа ниво на професионалност.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Секако ресурсите биле најважни во војната, нафтата најважна бидејќи сите возила и тенкови работеле на нафта, дури и u-boat мислам дека биле дизел. За Германците беше важен Плоешти, каде преработуваа и црпеа 90% од нафтата. Затоа историски се битките кои сојузниците ги воделе и колку авиони се урната само да се уништат рафинериите во Плоешти, иако во поголемиот дел од вајната работеле со помал капацитет тие бие витални за Германија, која подоцна како долготрајно решение за ова го гледале кавказ.:wink:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.669
Руската армија била пред пораз од нацистите

Советскиот маршал во Втората светска војна, Георгиј Жуков, се сомневал во можната победа на „црвената армија“ над нацистичка Германија, открива неговото досега необјавено интервју што било забрането во времето на Советскиот Сојуз, објави руската телевизија „Первиј канал“. Во тој разговор, снимен во далечната 1966 година, маршалот Жуков (кој почина во 1974 година) рекол дека советските генерали не биле сосема сигурни дека руската војска ќе успее да го спречи Вермахтот да ја помине линијата на одбраната во местото Можајска (110 километри западно од Москва) и дека ќе навлезе во престолнината. - Сите наши заповедници беа сомнителни во нашата одбрана на оваа линија - признал Жуков, додавајќи дека непријателската претходница беше можно да се запре, но Германците набргу ја испратија својата главна сила, на која беше тешко да и се спротивстави. Маршал Жуков, кој заповедуваше со одбраната на Москва, во тоа интервју истакнал како тогашниот претседател на СССР, Јосиф Сталин, го повикал во октмври 1941 година и му признал дека е загрижен. - Сталин имаше грип, но беше на своето работно место. Ми ја покажа картата и местата каде се војува и ми рече: ‘Погледнете ја ситуацијата на западното бојно поле. Не добивам никакви информации за она што се случува таму во моментов. Каде се нашите сили?‘ - запрашал претседателот. Со оглед на тоа што лично пристигнал на линијата на воениот конфликт, Жуков увидел дека руската одбрана е слаба. „Се најдовме во извонредно лоша ситуација. Нашите сили на линијата на одбраната во Можајска немаше да можат да го запрат непријателот доколку тој тргнеше кон Москва“, констатирал рускиот маршал. За среќа на светската историја, Германците не успеаја во тоа. Интервјуто со Жуков е објавено неколку дена пред одбележувањето на воената парада во Москва, по повод 65-годишнината од победата на сојузните сили над нацистите, на која ќе присуствуваат голем број светски државници.


Извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom