Македон91
Благородник
- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 2.134
- Поени од реакции
- 120
Втората светска војна е глобален вооружен конфликт што почнал на 7 јули 1937 година во Азија и на 1 септември 1939 во Европа и траел до 8 мај 1945 во Европа со капитулацијата на Германија, а до 2 септември 1945 во Азија со капитулацијата на Јапонија. Втората Светска војна ги зафатила мнозинството на земји во светот на секој населен континент. Речиси сите земји што биле вклучени во Првата Светска војна биле инволвирани и во Втората Светска Војна. Таа е најголемиот и најскапиот вооружен конфликт во светската историја. Во неа учествувале 61 земја. Земји кои објавиле воена неутралност биле: Ирска, Португалија, Шпанија, Швајцарија, Шведска и Ватикан. Латиноамериканските држави биле на страната на Сојузниците, меѓутоа не зеле некое поактивно учество во војната.
Европа во предвечерието на војната, август 1939.
Завојувани страни:
- Силите на Оската: Германија, Јапонија, Италија, Сан Марино, Унгарија, Романија, Бугарија (до 1944), Финска (како сојузник против СССР), Ирак (како сојузник против Велика Британија), Тајланд (како сојузник на Јапонија).
- Сојузничките Сили: Големата Тројка (Велика Британија, САД, СССР), Полска, Данска, Норвешка, западноевропските земји (Франција, Белгија, Луксембург, Холандија), Египет, Грција, Југославија, Австралија, Јужна Африка и уште 36 нации. Вкупно 51 земја.
Хронологија на поважни настани:
1939
1 септември Хитлер ја напаѓа Полска. По два дена, Велика Британија и Франција и објавуваат војна на Германија.
17 септември По склученото примирје со Јапонија, СССР ја напаѓа Полска од источната граница. Веќе во октомври, Полска е поделена меѓу Германија (западниот) и СССР (источниот дел).
30 ноември СССР врши инвазија врз Финска. Следната (1940) година Финска е принудена на територијални отстапки во полза на СССР.
1940
9 април Германија ги окупира Данска и Норвешка
мај-јуни Германскитот “Блицкриг” ги освојува Белгија, Холандија, Луксембург и Франција.
22 јуни Франција потпишува примирје со Германија (во истиот вагон во кој е склучен Версајскиот договор од 1919).
10 јули Почеток на “воздухопловната битка" за Британија.
септември потпишан и формализиран Тројниот пакт: Германија, Италија и Јапонија.
23 јули Советите ги освојуваат Литванија, Летонија и Естонија.
3-19 август Италијанците ја окупираат Британската Сомалија во источна Африка.
13 септември Италијанска инвазија врз Египет.
28 октомври Италија ја напаѓа Грција.
31 октомври Убедлива победа на британските воздухоплови во Битката за Британија. Хитлер ја одложува инвазијата.
9-10 декември Британците започнуваат пустинска офанзива во Северна Африка против Италијанците.
1941
22 јануари Тобрук (Северна Африка) паѓа под власт на Британските и Австралиските трупи.
6 април По претходниот ултиматум, Грција и Југославија се нападнати од Германија.
1 мај Германскиот напад брз Тобрук е одбиен.
15 мај Започнува британската контраофанзива во Египет.
22 јуни Почеток на “операцијата Барбароса”. Силите на Оската го напаѓаат СССР.
28 јуни Германците го завземаат Минск.
14 август Атлантска повелба (САД и Велика Британија)
20 август Почнува опсадата на Ленинград
19 септември Киев е окупиран од страна на Нацистите.
2 октомври По опсадата на Ленинград и Севастопол, Германците ја напаѓаат Москва
7 декември Јапонскиот напад врз Перл Харбор. САД и објавува војна на Јапонија.
11 декември Германија и објавува војна на САД.
1942
21 јануари Започнува контраофанзивата на Ромел од Ел Агејла.
15 февруари Сингапур паѓа под јапонска контрола.
18 април Американскиот генерал Дулитл го бомбардира Токио.
7 јуни Американска (морнарска) победа во битката кај островот Мидвеј.
21 јуни Ромел го завзема Тобрук
1-30 јули Првата битка за Ел Аламеј
27 август Германските трупи се пред портите на Сталинград.
23 октомври Монтгомери го победува Ромел во битката кај Ел Аламеј.
13 декември Ромел се повлекува од Ел Агејла.
16 декември Советите ги поразуваат Италијанците на реката Дон во СССР.
Европа за време на војната, 1941-1942.
1943
27 јануари Дневни бомбардариња врз германските градови од страна на Американците.
23 јануари Осмата Армија на Монтгомери го превзема Триполи од Италијанците.с
2 февруари Германците се повлекуваат од Сталинград. Првиот голем пораз.Пресврт во војната.
2 март Германците се повлекуваат од Тунис.
19 април Еврејското востание во Варшава.
13 јули Битката кај Курск.Стратешка победа на Советскиот Сојуз.
19 јули Сојузниците го бомбардираат Рим.
3 септември Италија капитулира. Германците го освојуваат северниот дел и формираат квинслишка влада на чело со Мусолини.
28 ноември Техеранска конференција
1944
27 јануари По 872 дена опсада Ленинград е ослободен.
18 март Британците го бомбардираат Хамбург.
12 мај Советите го ослободуваат Крим, ги протеруваат Силите на оската од Украина и вршат инвазија во Романија.
4 јуни Ослободување на Рим.
6 јуни Почеток на операцијата Оверлорд. Истоварување на англо-американски трупи во Нормандија.
20 јуни Пропаднат еден од најдобро организираните обиди за атентат врз Хитлер. Убиени се околу 5000 членови на заговорот.
22 јуни Голема советска офанзива во Белорусија (“Операција Багратион”).
25 август Ослободување на Париз.
31 август Букурешт е ослободен од страна на Советите.
14 октомври Атина е ослободена. Ромел извршува самоубиство.
Германскиот Рајх за време на најголемиот територијален подем, 1942 година.
1945
17 јануари Советите ја завземаат Варшава.
26 јануари Советите го ослободуваат логорот Аушвиц.
февруари Кримска конференција (Јалта).
февруари САД го освојуваат Ивоџима.
21 април Советите се пред Берлин. Почнува битката за Берлин.
28 април Мусолини е фатен и обесен од италијанските партизани.
30 април Адолф Хитлер се самоубива.
2 мај Германските трупи во северна Италија се предаават.
8 мај Германија го потпишува актот за безусловна капитулација.
9 мај Херман Геринг е фатен од припадниците на 7та Американска армија.
23 мај Рајхмаршалот Химлер извршува самоубиство.
5 јуни САД, Франција, СССР и Велика Британија ја окупираат Германија и ја превземаат власта.
8 август СССР и објавува војна на Јапонија и вршат инвазија во Манџурија.
6-9 августФрлени првите атомски бомби над Хирошима и Нагасаки.
14 август По огромните човечки и материјални загуби, Јапонија прифаќа безусловна капитулација.
2 септември На бродот “Мисури” Јапонија ја потпишува безусловната капитулација. Официјален крај на Втората светска војна.
24 октомври Формална инаугурација на ООН.
20 ноември Започнува Нирнбершкиот процес. Осудени 24 нацистички функционери.
Жртви на војната:
- Во војната се мобилизирани преку 100 милиони војници.
- Точната бројка на загинати не се знае. Се претпоставува дека загинале од 50 до 70 милиони луѓе.
- Убиените цивили се проценуваат на 40-50 милиони.
- Убиените војници се проценуваат на 22-25 милиони.
- СССР (во границите од 1946-1991) имал загуби од 26.6 милиони.
- Третиот Рајх (Германија во границите од 1939) имала загуби од 6.7 - 8.4 милиони. Од нив, дури 5.5 милиони се војници.
- За време на Холокаустот, во систематскиот државнопомогнат геноцид се убиени 6 милиони Евреи.
- Во нацистичките логори се претпоставува дека се убиени помеѓу 11 и 17 милиони луѓе (Евреи, Полјаци, Руси, Африканци, Азијци и други "ниски класи на луѓе" според нацистичката теорија)
Повоена Европа, 1945 година.
Дел од причините поради кои Хитлер ја изгубил војната:
1. Не побарал (не овозможил) влез на Шпанија на страната на Силите на Оската. огромна грешка;
2. Ги стопирал воздушните бомбардирања на сметка на терор бомбардирањата врз Англија;
3. Ја одложил инвазијата врз СССР за да го нападне Балканот и да им помогне на Италијанците во нивната пропадната инвазија врз Грција;
4. Ја потценал човечката сила (бројност) и издржливоста на Советскиот Сојуз;
5. Го забавил пробивот кон Москва во 1941 и не успеал да ја завземе;
6. Во офанзивата од 1942 ги поделил силите со намера да завземе две стратегиски цели: Сталинград и Кавказ. Го влошил проблемот со тоа што ги пренасочил трупите од Сталинград кон Кавказ;
7. Одбил да ја пушти неговата 63та окружна армија да се пробие на Сталинград;
8. Не побарал Јапонија да објави војна на СССР (а за возврат тој им објавил војна на САД!) огромна грешка;
9. Не се посомневал дека сојузниците му ги пробиле тајните кодови се додека не било предоцна за тоа;
10. Доцнел во испраќањето доволен број на трупи на Ромел во Африка. Кога веќе му испратил, било предоцна и тој ги загубил сите;
11. Често не ги слушал советите на Генералштабот, особено во поглед на остапувањето на територија за да се здобие со маневар;
12. Не ги упатил доволно брзо сите достапни Панцер дивизии за одбрана на Нормандија;
13. Не ја ставил економијата на Германија во состојба на тотална војна до 1942, па дури и почетокот на 1943 година;
14. Не вложил доволно ресурси во развојот на атомската бомба;
15. За главни сојузници избрал држави кои му биле од мала употреба. огромна грешка.
Користени извори:
1 2 3 4 5 6
Повелете на дискусија! :smir: