Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Guys... немојте да се смеете (многу). Ја најдов сликата во темата за тетоважите и ... како се викаше анимираново филмче со дедово и дебелкото? :)
tatu-009.jpg
 
Jacob's Ladder

24020884-24020890-large.jpg


Филмов ми го предложија дури тројца форумџии и воопшто не згрешија што ми го предложија, ептен ме бендиса. Тоа ме потсети дека и јас треба да го предложам, зашто не смее да се пропушти. Барајќи филм со Тим Робинс наидов на неочекувано добар филм, кој искрено не ни знаев дека постои додека не ми го предложија ( тенк ју вери мач инаку за предлогот).Ова е филм од старата филмска школа. Вакви филмови денес веќе не се прават. Ова е време на римејк - филмови, затоа чисто се сомневам дека освен добра драма и трилер новата холивудска продукција може да произведе ваков психолошки филм кој сериозно ќе ве замисли. Уште од старт да ве предупредам да не му го барате крајот, а богами ни почетокот. Само гледајте, зашто дури последната сцена ќе ви покаже што всушност се случува. Некако се сомневам дека некој би го предвидел текот, а камоли пак крајот.

Инаку изведбата на Тим Робинс е феноменална. Човекот го има оној симпатичен лик со кој не може да не сочувствувате. Секогаш кога го гледам на екран кај мене го предизвикува истото чувство, на симпатија и емпатија. Мислам дека може да глуми психопат и пак ќе го предизвика истиот впечаток (барем кај мене). Ова е навистина добар актер. Не ги сакам неговите филмови заради него, туку го засакав него заради неговите филмови. Робинс во филмов е војник кој се борел во Виетнам и одненадеш почнуваат да му се случуваат чудни работи кои не може да си ги објасни. Единствената асоцијација која кога ќе се спомене Виетнам се секако траумите кои ги доживеале војниците, а кои се причинител на нивниот стрес. Меѓутоа, оваа приказна е сосем нетипична кога станува збор за војничкиот синдром, зачинета е со теорија на заговор која е толку замрсена, што гледачот на моменти се прашува што е реално, а што резултат на сон или халуцинација.

Ова е одличен филм за луѓе кои сакаат филмови со психологија и мистерија.

jacobs-ladder-1990-tim-robbins-pic-2.jpg

Морав да реплицирам на ОВОЈ филм :) Ова болдираново што го пиша тоталка се согласувам, да додадам само дека филмов е правен во време кога режисерите и сценаристите можеа да бидат оригинални и уникатни а овој филм е дефинитивно тоа. Кога ќе го изгледате ќе утврдите колку од новиве филмови а и некои блокбастери не се толку добри и оригинални... и од кој филм добивале идеи.
 
http://www.imdb.com/news/ni10216917/

докажаната режисерка во правење на "ние американците сме најдобри" филмови иде даље , не застанува :tapp::tapp: . ти и*ам глупиот холивуд.
 
http://www.imdb.com/news/ni10216917/

докажаната режисерка во правење на "ние американците сме најдобри" филмови иде даље , не застанува :tapp::tapp: . ти и*ам глупиот холивуд.

Но што ако и овој филм испадне исто така добар како и The Hurt Locker, спремен си да и простиш заради стереотипите што ги шири! Јас да :), The Hurt Locker беше опасно ефективен и тензичен филм , а тоа никој неможе да и го одземе.
 
Добар е The Fourth Kind, ми препорачуваат да го гледам, па да прашам дали вреди да се симнува?
Гледам дека е базиран на вистински случки.
 
Вреди, барем мене ептен ми направи ќеиф, симни го обавезно.
 
Мене, на Trelkovsky, и толку... На кој му го препорачав ме пцуеше. Симни го, закон е филмчето.
 
Fast Five (2011)

Fast-Five-movie-poster.jpg


Fast Five или Fast and Furious 5: Rio Heist, продолжување на акцијата од четворката, сега во Бразил. Битните глумци од предходните делови се појавуваат во овој. Има акција, тркање, коли, заебанции, уште акција. Интересна приказна и искрено повеќе ми се свиѓа од четворката. Екипата ограбува мафијаш од Бразил кој ги чува парите во полициска станица. Би го препорачал дефинитивно, ама сега за сега нема многу квалитетна снимка.
Па реално гледано кој и да било дел од серијалов е подобар од четворката.
 
Добар е The Fourth Kind, и мене ми се допадна...

(и не, не ми е од иосоно препорачан :) )
 
Добар е The Fourth Kind, ми препорачуваат да го гледам, па да прашам дали вреди да се симнува?
Гледам дека е базиран на вистински случки.

Одличен е, и да е вистина тоа што се случувало и да не е, битно го памтам како редок хорор од поновиве кој ме исплаши навистина. Вреди :)
 
Добар е The Fourth Kind, ми препорачуваат да го гледам, па да прашам дали вреди да се симнува?
Гледам дека е базиран на вистински случки.
Абе ок е филмот и да базиран е на вистинска случка али откако ќе го глеаш нема да ти се верува толку многу, пошо има некои настани што изгледаат реални а некои не
 
Го изгледав, навистина добар филм, вредеше секој мегабајт, само ни на момент не ме исплаши а сите ми велеа за тоа.
 
Абе ок е филмот и да базиран е на вистинска случка али откако ќе го глеаш нема да ти се верува толку многу, пошо има некои настани што изгледаат реални а некои не

Абе каква вистинска случка. Цел филм е измислен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom