Ако денес го гледаме и Спејс Одисеј воопшто нема да ни биде футуристички, пошто пола од работите таму денес ги имаме.
Скајп, вселенски патувања, туристички спејс летови, мобилни телефони, триста курци.
У 70-та го имало тоа шо е прикажано на филмот?
Алекс е дел од општеството кое прави неред, лош казнено-поправен систем, угнетување, сублиманилни пораки, секс т.е. многу секс. И така.
Не е поентата филмот да биде футуристички. Тој не е направен како таков воопшто. Тоа што филмот бил пред своето време не значит дека тоа го прави футуристички. А и пред своето време - а и за секое време. Општеството во кое живее Алекс не е дефинирано какво е всушност затоа што тоа е "секое" општество во светот во секоја декада од последниве 2 000 години.
На крајот на краиштата, општеството во филмот не е побитно од поединецот (во случајов Алекс) па затоа како такво не е целосно претставено, а од друга страна го имаме поединецот кој е центар на се. Јас кога дискутирам за Пеколен Портокал размислувам околу тоа колку еден човек може да биде сменет или не. Верувам дека тоа сакал да го долови и Ентони Бургес, креаторот на делото. Значи Кјубрик не додал ништо сам, туку само малку скратил за филмот да го направи подобар. Филмот е според книга и мислам дека е еден од ретките филмови кои најдобро ја претставиле книгата.
Последната сцена во филмот не е ни малку иритирачка затоа што тогаш се поставува прашањето дали Алекс навистина е сменат како личност или не. (Во Британија во тоа време имало претпоставки дека такви експерименти владата навистина праела врз поединци и затоа до пред 10 години филмов во Британија беше забранет да се емитува).
Филмот не одговара на прашањето што всушност се случува и дали Алекс навистина од криминалец ќе стане човек кој е тотален контраст на минатата проекција.
Во книгата се одговорени сите прашања.
Алекс повторно се враќа на старите навики, т.е. е во најлошиот слој на општеството. Но во еден момент ќе помисли на тоа дека нема иднина со таков начин на живот и се решава да се откаже целосно од тоа. Дури на крајот формира и фамилија.
Ете тука е она што навистина може да го промени човекот - самиот себеси, а не експерименти.
Филмот е поделен на три дела.
1. До затворањето.
2. Затворот и експериментите.
3. Новиот живот.
Начинот на кој Кјубрик ја прикажал околината, на пример куќата во која Алекс живее, местата на кои е сниман филмот е техника која се користи за намерно да се вознемири гледачот. Куќата на Алекс, собата во која се враќа кога неговите родители имаат нов "син" е направена чисто за да се замориш додека гледаш. Неговата мајка мислам дека го имаше најголемото значење во неговиот живот, т.е. таа претставуваше се она што тој не сака да биде.
Интересни факти:
- Кјубрик никогаш не го побарал Мекдауел откако го направиле филмот.
- Мекдауел ја пее Singing in the rain додека ја силуваат девојката затоа што тоа е единствената песна која Мекдауел ја знаел напамет цела.
- Мекдауел за малку навистина ќе се удавел кога ја снимаат сцената кај што поранешните другари го носат да го малтретираат.
- Алекс Деларџ се претпоставува дека е намерно одбрано име, т.е. во превод значи Александар Македонски како што во филмот и книгата има многу словенски зборови.
филмов Uncle Boonmee Who Can Recall His Past Lives' го неам гледано, нешто прочитав за него, некои критики, плус нема некој висок рејтинг на IMDB: 6,9 / 10 (значи....барам ваше мислење, доколку некој го гледал-бар збор два за него да напише...)
Филмов ми го предложија дури тројца форумџии и воопшто не згрешија што ми го предложија, ептен ме бендиса. Тоа ме потсети дека и јас треба да го предложам, зашто не смее да се пропушти. Барајќи филм со Тим Робинс наидов на неочекувано добар филм, кој искрено не ни знаев дека постои додека не ми го предложија ( тенк ју вери мач инаку за предлогот).Ова е филм од старата филмска школа. Вакви филмови денес веќе не се прават. Ова е време на римејк - филмови, затоа чисто се сомневам дека освен добра драма и трилер новата холивудска продукција може да произведе ваков психолошки филм кој сериозно ќе ве замисли. Уште од старт да ве предупредам да не му го барате крајот, а богами ни почетокот. Само гледајте, зашто дури последната сцена ќе ви покаже што всушност се случува. Некако се сомневам дека некој би го предвидел текот, а камоли пак крајот.
Инаку изведбата на Тим Робинс е феноменална. Човекот го има оној симпатичен лик со кој не може да не сочувствувате. Секогаш кога го гледам на екран кај мене го предизвикува истото чувство, на симпатија и емпатија. Мислам дека може да глуми психопат и пак ќе го предизвика истиот впечаток (барем кај мене). Ова е навистина добар актер. Не ги сакам неговите филмови заради него, туку го засакав него заради неговите филмови. Робинс во филмов е војник кој се борел во Виетнам и одненадеш почнуваат да му се случуваат чудни работи кои не може да си ги објасни. Единствената асоцијација која кога ќе се спомене Виетнам се секако траумите кои ги доживеале војниците, а кои се причинител на нивниот стрес. Меѓутоа, оваа приказна е сосем нетипична кога станува збор за војничкиот синдром, зачинета е со теорија на заговор која е толку замрсена, што гледачот на моменти се прашува што е реално, а што резултат на сон или халуцинација.
Ова е одличен филм за луѓе кои сакаат филмови со психологија и мистерија.
Морав да реплицирам на ОВОЈ филм Ова болдираново што го пиша тоталка се согласувам, да додадам само дека филмов е правен во време кога режисерите и сценаристите можеа да бидат оригинални и уникатни а овој филм е дефинитивно тоа. Кога ќе го изгледате ќе утврдите колку од новиве филмови а и некои блокбастери не се толку добри и оригинални... и од кој филм добивале идеи.
Но што ако и овој филм испадне исто така добар како и The Hurt Locker, спремен си да и простиш заради стереотипите што ги шири! Јас да , The Hurt Locker беше опасно ефективен и тензичен филм , а тоа никој неможе да и го одземе.
Fast Five или Fast and Furious 5: Rio Heist, продолжување на акцијата од четворката, сега во Бразил. Битните глумци од предходните делови се појавуваат во овој. Има акција, тркање, коли, заебанции, уште акција. Интересна приказна и искрено повеќе ми се свиѓа од четворката. Екипата ограбува мафијаш од Бразил кој ги чува парите во полициска станица. Би го препорачал дефинитивно, ама сега за сега нема многу квалитетна снимка.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.