The Fighter (2010)
И како што викаат: „гледајте за да не ви раскажуваат“ , седнав и јас побрзо да го изгледам овој филм, пред се затоа што е во трка за награди па сакам да направам споредба. Покрај тоа, сакам вакви филмови а актерската екипа беше причина повеќе.
Прво ќе почнам од Бејл и ќе кажам дека се работи за несекојдневен ѕвер и дека секакво губење на награди во конкуренција за оваа улога е надвор од здравиот памет. Не само што направил голема жртва за улогата на локална боксерска легенда и наркоман, туку ја одигра во голем стил. Големо браво за него. Марк Валберг исто така беше одличен како и Мелиса Лео и целото тоа лудо семејство. Ејми Адамс ми е секогаш неодолива. Браво за екипата.
Околу содржината, веќе видено, боксер-лузер со напорна работа станува професионалец. Се работи за вистинска личност, Micky Ward, кој тренира со совојот брат Дики, поранешен боксер на кој најголем успех му е што го победил Шугар Реј Робинсон. Но после тоа се оддава на дрогата и не успева да постигне ништо во боксот. Покрај овие двајца, во фокусот е нивното семејство на чело со мајка им, која е и менаџер на Мики. Со оглед на тоа дека се работи за класични неписмени полу-идиоти, се што добива Мики од нивната работа е голема количина ќотек во рингот. Ова се променува понатаму во филмот но не сакам да спојлерисувам.
Она што не ми се допадна кај главниот лик е што тој е муле. Класично муле кое прави се што мама ќе каже, и тоа го прави фрустрирачки долго во филмот. Секој човек има праг на толеранција, но Мики трпи и голта се. Но ми се допаѓа тоа што филмов е многу реалистичен, очекував ова да се промени со неговата девојка и Мики конечно да застане на нозе, како во филмовите. Знаете, запознава девојка која е паметна и убава и овој сваќа дека работите не се такви какви што се... Наместо тоа, девојка му се однесуваше како да му е портпарол а Мики продолжи да си биде муле кое не знае кого попрво да слуша, девојка му или мајка му. И тоа траеше фрустрирачки долго, цело време си мислев: гугни бе човек, кажи нешто
RocknRolaa вика дека е кроток, да и премногу е кроток... Љуби га мајка...
Ми се допадна што филмов е реалистичен, прикажува едно семејство какви што ги има премногу таму, кој гледал Џери Спрингер знае за што зборувам
Не се обидуваше да ги направи луѓето попаметни отколку што се, поразбрани отколку што се, туку ги прикажа на еден многу реален начин. Има и убава доза на хумор во дискусиите помеѓу мајката и девојката на Мики, и неговите сестри, неколку урнебесни моменти
Одличен филм во секој случај, не е ремек-дело и сум гледал подобри боксерски драми, но сепак многу добро и малку поинакво остварување.
8/10