Buried (2010/II)
Прво што можам да кажам е дека не сум видел трејлер што го опишува подобро филмот:
Сега да преминеме на главното: Buried е типичен го сакаш / го мразиш филм. Ѕирнав нешто коментари по IMDB, во главно се 10/10 или 1/10. Не препорачувам читање пошто тие што се 1/10 имале потреба да го прераскажат филмот.
Buried е филм со еден (и со бројки, 1) глумец. Еден лик закопан во ковчег. Локацијата на филмот е ковчегот. Тоа е. И сега одма ќе си речете: ок, што по ѓаволите може да се случи со еден човек во еден ковчег и како од тоа може да излезе филм? Добро прашање.
За почеток, потребна е добра глума од актерот, пошто е само тој и нема кој да го покрие ако не си ја одработи задачата. Актерот е Ryan Reynolds и тоа ми беше доволно да решам да го гледам филмот. Верувам во неговите квалитети, го гледав во повеќе филмови меѓу кои Van Wilder, The Amityville Horror, Definitely Maybe... и знам дека го бива. Да беше Nicolas Cage во ковчегот немаше да се замарам многу.
Понатаму, потребна е атмосфера на страв, тензија, неизвесност, затоа што треба нешто да те држи фокусиран. И тоа постигнато.
Што се однесува до содржината: Paul Conroy е возач на камион (не е војник) во Ирак. Неговиот конвој е нападнат, повеќето (или сите) се убиени, а тој е киднапиран и сместен во ковчег заедно со една запалка и еден мобилен телефон, кој е негова последна надеж дека може некако да се спаси од ситуацијата во која се нашол. Во ковчегот, Paul ќе се увери колку малку вреди човечкиот живот во време на војна, и колку се малку луѓето кои сакаат да помогнат.
Има една сцена во која малку претераа, останатото беше на место. Честитки за режисерот, сценаристот и за Ryan Reynolds. Од мене има 9/10, како што вика Крејзи Појол, филм од 1.30 минути кој помина за 15 минути.