Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Според ова што го читам далеку од тоа дека си изгубила :)

Топла препорака ако сакаш реални серии и да забележиш колку добри глумици се Lauren Ambrose & Rachel Griffiths (пошто гледам дека ги изостави) двете играат во серијава и се над све што сум видел до сега во едно TV SHOW, башка генерално како серија е најдоброто нешто што сум го искусил до сега воедно. Го тупам одамна за серијава кога ќе размислам :pos: е сега дека е тешка е тешка...прилично, и сурова згора на тоа, ама многу реална! и ниедно клише нема да видиш :)
Да, да...ми текна каде сум ги гледала глумиците. И двете ми беа познати, ама не бев сигурна. Six Feet Under, мислам дека иде/ или идеше на AXN, иам глеано некоја епизода ама никако да го фатам редот. Имаш право, серијата е многу интересна, ама ко што реков...Глеам сеа на IMDB се снимала 2001-2005, све имав впечаток дека е понова :toe:
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492

Не е битна годината, туку квалитетот, Психо на Хичкок....ден денеска е фантастичен филм иако е 50 години стар :)
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Не е битна годината, туку квалитетот, Психо на Хичкок....ден денеска е фантастичен филм иако е 50 години стар :)
Јес, разуме се :) Само коа ќе ми текне дека треба да гледам од почеток, пет сезони бате не се малце...Не за друго, него ако здраво ме заинтересира, знам наеднаш (едно по друго) да изгледам по пет-шест епизоди (во еден ден) и така неколку дена по ред и после ми е многу тешко. Па, после наеднаш знае да ми здосади и да оставам се. Признавам, ме заинтересира...можда ќе и се пуштам :)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Nice, јас ја изгледав исто така релативно брзо и после ми требаше цела недела да се соземам, не заради квантитетот него заради влијанието кое режисерот го доловува и пред се ликовите кои ти прираснуваат на срце, ова е главната разлика од многу квалитетна и квалитетена серија:)

П.С. Среќна нова на сите, уште еднаш!
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Death Race 2
Ајде и од мене за старт на Новава Година
Прв филм во неа беше Death Race 2.
И втор дел снимиле? Е како го поврзаа со првиот? Туку не е важно, ова ме потсети на Death Racers. Филм на Асајлум продукција, од оние т.н. mockbusters.
Е овај за разлика од oстанатите не е толку лош. Филмов е ептен траш пародија :pos:, да се газиш од смеење.
Не so bad it's good, туку so so bad it's so so good.
 
.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Среќна и бериќетна филмска година :). Пред се многу здравје и среќа, а потоа и квалитетни дискусии...
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Black Swan

После толку многу препораки, читање по нетов пофалби, воодушувувања и паѓање во депресии, ми дојде редот и јас да го гледам.
Веројатно очекувањата од филмов ми беа големи, па затоа и се должи уште поголемото разочарување. Штета што не можам да се согласам со многу кои пишале дека филмот е 10ка и го почитувам нивното мислење но мојата оценка би била од 10, 6ка и тоа е многу.

Во скоро два часа колку што трае филмот, единствено не трепнав и се воодушевував на прекрасната балетска изведба на Натали Портман и ме поттикна дека треба почесто да присуствувам на балетски претстави, кои одамна ги запоставив. Вложила труд во улогата на Нина и прекрасно ја изведе нејзината чистина, но нигде во филмот каде што сакала да ја претстави вулгарната и валкана Нина не добив впечаток дека тоа и успеало.

Суштината на филмот како што ја разбрав јас - совршенството на Нина е подеднаквото поседување на доброто и злото, што на крајот и го постигнува но не може да се носи со истото, затоа и си пресудува сама на себе. Оние кои го гледале верувам дека памтат пред нејзината претстава мајка и убаво и вели дека улогата во претставата ја уништува и дека ќерка и не е способна да носи со неа. На крајот го разбира тоа и самата Нина и затоа имаме таков крај. Мене не ме допре филмот како што веројатно ги допрело многумина, прекрасна сценографија, soundtrack, костимографија и нормално визуелното претставување на чистата Нина. Но фали дел, требало подеднакво да се вложи труд како во едната Нина, така и во другата. Тешка задача за Натали Портман која сметам дека можела да даде повеќе.

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
И втор дел снимиле? Е како го поврзаа со првиот? Туку не е важно, ова ме потсети на Death Racers. Филм на Асајлум продукција, од оние т.н. mockbusters.
Е овај за разлика од oстанатите не е толку лош. Филмов е ептен траш пародија :pos:, да се газиш од смеење.
Не so bad it's good, туку so so bad it's so so good.
Врска нема првиов со вториов дел. Други се актерите, дејството горе-доле е тоа туку што на почетокот има малку тепачки :)
За оние кои што сакаат да гледаат акциони филмови не е лош :) Иако мене првиот ми беше подобар.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.329
Поени од реакции
15.588
Black Swan

После толку многу препораки, читање по нетов пофалби, воодушувувања и паѓање во депресии, ми дојде редот и јас да го гледам.
Веројатно очекувањата од филмов ми беа големи, па затоа и се должи уште поголемото разочарување. Штета што не можам да се согласам со многу кои пишале дека филмот е 10ка и го почитувам нивното мислење но мојата оценка би била од 10, 6ка и тоа е многу.

Во скоро два часа колку што трае филмот, единствено не трепнав и се воодушевував на прекрасната балетска изведба на Натали Портман и ме поттикна дека треба почесто да присуствувам на балетски претстави, кои одамна ги запоставив. Вложила труд во улогата на Нина и прекрасно ја изведе нејзината чистина, но нигде во филмот каде што сакала да ја претстави вулгарната и валкана Нина не добив впечаток дека тоа и успеало.

Суштината на филмот како што ја разбрав јас - совршенството на Нина е подеднаквото поседување на доброто и злото, што на крајот и го постигнува но не може да се носи со истото, затоа и си пресудува сама на себе. Оние кои го гледале верувам дека памтат пред нејзината претстава мајка и убаво и вели дека улогата во претставата ја уништува и дека ќерка и не е способна да носи со неа. На крајот го разбира тоа и самата Нина и затоа имаме таков крај. Мене не ме допре филмот како што веројатно ги допрело многумина, прекрасна сценографија, soundtrack, костимографија и нормално визуелното претставување на чистата Нина. Но фали дел, требало подеднакво да се вложи труд како во едната Нина, така и во другата. Тешка задача за Натали Портман која сметам дека можела да даде повеќе.

Сега го изгледав и јас филмов и морам да се сложам за она што ти болдирав во спојлерот.

Иначе добар филм, 8 од 10 од мене, поради болдот во спојлерот и поради тоа што не беше филм што ме остави без здив :)
 
T

Tetro

Гостин
............средно жалосно......Филмот немаше некоја којзнае каква поента или цел (барем мене така ми делуваше) всушност станува збор за еден љубовен триаголник или да кажам шестоаголник.Почнува филмот се запознаваш со глумицте и додека се свестиш дошол расплетот и крајот а мегу време не се случува ништо освен неколку глупи и непотребни сцени.Можеби имам одбивност према овие филмови поради сивилото кое е присутно и кај нас...(нели дека српски па тука сме) .Како и да е од мене добива 3/10 поради неколкуте добри реченици кој кажани на Српски звучат уникатно.
За комедија од ваков тип е добар. И стариот на средина со приказната растура :zver:

Или се.... или.... :)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.655
Поени од реакции
59.654
Сега го изгледав и јас филмов и морам да се сложам за она што ти болдирав во спојлерот.

Иначе добар филм, 8 од 10 од мене, поради болдот во спојлерот и поради тоа што не беше филм што ме остави без здив :)
Прееска нејќев да коментирам ама пошто се јави уште еден (а мораше да бидеш ти оф корс) еве краток коментар: (тежок спојлер)
не може да се вложи подеднаков труд во едната и во другата Нина затоа што се работеше за процес на трансформација а филмот заврши точно во моментот кога трансформацијата се комплетираше, т.е. во моментот на „доаѓањето на свет“ на темната Нина, или во точката на кулминација.
И секси, што по ѓаволите мислиш со тоа дека Натали Портман можела да даде повеќе? Ако има една работа за која се согласуваат и тие на кои им се допадна и тие на кои не им се допадна филмов, е тоа што Натали одглуми за чиста 10-ка и неколку оскари.
 
Ахам, јасно тоа,
точката на кулминација беше океј, всушност и одличен беше тој дел од филмот, но онаа bad Nina не беше баш bad, премногу беше слатка за да биде лоша, али затоа Мила Кунис беше одлична во тој аспект.
Сепак еден од подобрите филмови за 2010, заедно со Mr Nobody се моите фаворити за 2010, барем од тоа што до сега имам гледано од оваа година.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
И секси, што по ѓаволите мислиш со тоа дека Натали Портман можела да даде повеќе? Ако има една работа за која се согласуваат и тие на кои им се допадна и тие на кои не им се допадна филмов, е тоа што Натали одглуми за чиста 10-ка и неколку оскари.
Па едноставно е :)
Навистина се потрудила, вложила труд, до перфекција ја изнесува чистината, но ја запоставила
"другата личност" од својот лик. Како што кажав и погоре, фали Нина која што е валкана и вулгарна, дури и во експлицитните сцени каде што треба најмногу да дојде до израз, не доаѓа.
Не можеш да постигнеш да бидеш лош, освен ако не го поседуваш тоа :) А во филмот Натали треба и двете да ги поседува, подеднакво, oдносно нејзиниот лик.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.918
Поени од реакции
11.290
Buried (2010/II)

Прво што можам да кажам е дека не сум видел трејлер што го опишува подобро филмот:

Сега да преминеме на главното: Buried е типичен го сакаш / го мразиш филм. Ѕирнав нешто коментари по IMDB, во главно се 10/10 или 1/10. Не препорачувам читање пошто тие што се 1/10 имале потреба да го прераскажат филмот.

Buried е филм со еден (и со бројки, 1) глумец. Еден лик закопан во ковчег. Локацијата на филмот е ковчегот. Тоа е. И сега одма ќе си речете: ок, што по ѓаволите може да се случи со еден човек во еден ковчег и како од тоа може да излезе филм? Добро прашање.

За почеток, потребна е добра глума од актерот, пошто е само тој и нема кој да го покрие ако не си ја одработи задачата. Актерот е Ryan Reynolds и тоа ми беше доволно да решам да го гледам филмот. Верувам во неговите квалитети, го гледав во повеќе филмови меѓу кои Van Wilder, The Amityville Horror, Definitely Maybe... и знам дека го бива. Да беше Nicolas Cage во ковчегот немаше да се замарам многу.

Понатаму, потребна е атмосфера на страв, тензија, неизвесност, затоа што треба нешто да те држи фокусиран. И тоа постигнато.

Што се однесува до содржината: Paul Conroy е возач на камион (не е војник) во Ирак. Неговиот конвој е нападнат, повеќето (или сите) се убиени, а тој е киднапиран и сместен во ковчег заедно со една запалка и еден мобилен телефон, кој е негова последна надеж дека може некако да се спаси од ситуацијата во која се нашол. Во ковчегот, Paul ќе се увери колку малку вреди човечкиот живот во време на војна, и колку се малку луѓето кои сакаат да помогнат.

Има една сцена во која малку претераа, останатото беше на место. Честитки за режисерот, сценаристот и за Ryan Reynolds. Од мене има 9/10, како што вика Крејзи Појол, филм од 1.30 минути кој помина за 15 минути.
Gledam deka tuka e opsta diskusija za filmovite pa valjda na pravo mesto e postov.

Go gledav i jas filmot i mnogu mi se svigjase pa me interesira vo koja scena mislis deka preteraa (da vidam dali e taa sto mislam) Pisi go kako spojler ili whatever... Pozz
 
Член од
1 октомври 2009
Мислења
109
Поени од реакции
18
Petka film. klaustrofobicen do daska. morav posle da iskocam na vozduh i da disam dlaboko..7.8/10 od mene
 
Kajgana Shop

На врв Bottom