Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Се извинувам за дупли пост, но мал предлог до љубителите на вистински комедии, мада овој има и елементи на драма,

Имено денска на МРТ1 од 21:00 ќе се прикажува Sideways, многу добра драма/комедија со Paul Giamatti во главна улога, едноставно филм со перфектена тематика, сетап,карактери, стил и пред се coolness factor 9/10!

Според мене еден од најдобрите филмови во последнава декада.

Значи еве ви шанса да поминете некои саат, два со одличен и пред се забавен филм, карактерот на Giamatti во филмов има огромен и поврзувачки импакт врз гледачот. Do not miss this one :)

Да не заборавам да спомнам Giamatti според мене еден од најподценетите глумци што некогаш постоеле! секоја чест!
 
Се согласувам, квалитетот на Лумет е неоспорен :)

Исто толку брилијантен е и Fail-Safe.
Класичен пример за совршена драма, одличен дијалог и најдобрата глума на преседател. Навистина вреди да се погледне.
Да не ги заборавам Serpico, и The Hill(мојот омилен воен филм) не верувам дека има некој што не ги гледал.
Лумет е навистина шо би рекол ти неоспорен :)
 
Исто толку брилијантен е и Fail-Safe.
Класичен пример за совршена драма, одличен дијалог и најдобрата глума на преседател. Навистина вреди да се погледне.
Да не ги заборавам Serpico, и The Hill(мојот омилен воен филм) не верувам дека има некој што не ги гледал.
Лумет е навистина шо би рекол ти неоспорен :)
А пак овие:The Verdict,The Pawnbroker,Network.Мене ми се свиѓаше и Deathtrap,порано на Сител нон стоп го даваа. Како и да е има што да се види од филмографијата на Лумет, супер филмчиња има:)
 
Да играме една игра.
На имдб кој прв ќе го забележи филмот Freeway (1996) 100 пати кај полето Препораки (recommendations) е победник. (за доказ да се чуваат линковите од филмовите)
Победник ќе има за кратко време. :icon_lol:

Што е финтава со филмов, кај да се свртам на имдб го гледам баш овај филм? Иначе ставен ми е на листата за гледање, само го чекам моментот.
 
А пак овие:The Verdict,The Pawnbroker,Network.Мене ми се свиѓаше и Deathtrap,порано на Сител нон стоп го даваа. Како и да е има што да се види од филмографијата на Лумет, супер филмчиња има:)

Ги имам гледано освен Deathtrap, на чекање е се зафатив со други филмчиња.
Инаку што и да се погледне од Лумет нема промашок.
Сакам да го колекционирам целосно и имам поголеми проблеми со филмовите до 1960, па ако ви се наоѓа нешто пуштајте.
 
The Experiment
26 луѓе се избрани да учествуваат во психолошки експеримент . Тие се поделени на две улоги : затвореници и стражари ,секој учесник добива по 14 000$ по две недели. Целта на експериментот е да се проучи однесувањето на затворениците и стражарите во вештачка затворска средина.
Не ми се допадна oднесувањето на учесниците ,однесувањето на затворениците е на место ,но на стражарите се сомневам.
Читам (одјавен од форумов, сликата не се гледаше) и си викам, „еј, абе овај го гледав пред една недела“. Проверувам на ИМДБ гледам американски римејк од 2010, а јас го гледав германскиот од 2001, Das Experment.
Си ибиш Холивуд си ибиш... Јас (многу) го почитувам Холивуд и избегнувам онакви изрази за него, ама вакви работи не сакам. И тоа.
Иначе за филмот.
Однесувањето на стражарите е такво и немаше да биди интересно ако се однесуваа како што треба
.
 
Да играме една игра.
На имдб кој прв ќе го забележи филмот Freeway (1996) 100 пати кај полето Препораки (recommendations) е победник. (за доказ да се чуваат линковите од филмовите)
Победник ќе има за кратко време. :icon_lol:

Што е финтава со филмов, кај да се свртам на имдб го гледам баш овај филм? Иначе ставен ми е на листата за гледање, само го чекам моментот.

Да бе, а кај препораки на страната на филмов, доле стои Departed.
Што има врска Departed со сериски убиец/педофил - останува да видиме. :)
 
Толку е добар филмов шо е четврт на imdb?
Не е. Ни еден блокбастер не треба да е толку високо. Филмот си е добар иначе како акција, ефектите му се одлични, актерската екипа и се тоа... Има посебна тема за него.
 
Вреди за овој Inception да чекам BluRay или јок?

Вреди и јас чекам, според запазувањето на сите критериуми до сега кога се работи за Нолан, мислам дека е во најмала рака добар филм.


Salt

Не знам што пробувале да направат луѓево со филмов ама дефинитивно ја усрале работава. Демек женска верзија на Борн, ма каков Борн он гомна може да јаде. Според мене тотално промашување, па макар и би го споредувале исклучиво со акциони филмови. Приказната е нула, па се гледа дека исклучиво нишанеле на сцените со тепачки и подвизи на Џоли. Мене не ми се допадна има 4 од 10.

Predators

Добри воведни 15 - 20 мин., останатото е џаст рабиш. 5 од 10

Being John Malkovich

Значи имав доста високи очекувања од филмов, ама од она што го видов сватив дека се работи за ужасно прецент филм. Би го опишал ко филм со чудна приказна но и неверојатно досадна приказна. Глумење алтернатива не го прави филмот автоматски генијален. 6 од 10

Big Fish

Исто многу очекував и од овој филм али не добив многу. Приказна која започнува како бајка која што Тим Бартон очигледно сакал пополека, како што се развива дејствието, да ја преотчи во реалност, очигледно не се разви многу и си остана на почетното ниво што уствари филмов го направи и малку досаден. 6 од 10

За првите два се согласувам, поготово за Предаторс целосно, почетокот и мене ми се допанда, потоа катастрофа. Исто така делиме мислење делумно, за Џон Малкович, но за Биг Фиш не :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom