Cape fear
Осуден силувач, после одележената казна во затвор од 14 години, се враќа и го демне семејството на неговиот бранител, затоа што не го претставувал правилно. Де Ниро го глуми силувачот, кој е претставен како психопат со доста високо ниво на интелигенција.
Замислата за филмот е доста добра, глумата исто така, но мислам дека има премногу кулминации во филмот и тоа го расипува цел филм. Ај што не можат да го фатат, ај што е отпорен на болка и издржлив ко вол, али типот станува од мртвите 5-6 пати и тоа го расипува цел филм.
Најмногу ме изненади глумата на Џулиет Левис, многу добро ја одиграна улогата.
6/10
The Prestige

Се работи за двајца магионичари, секој го саботира шоуто на другиот. Кога едниот од нив ќе изведе автентичен, неверојатен трик, другиот се опседнува со тоа да ја дознае тајната на трикот.
Е ова е веќе неверојатен филм. приказната, текот на настаните, пресвртите, се во филмот е фантастично склопено.
Нешто што нема врска со рецензијата ама го сфатив од филмов е тоа дека без разлика колку е убава Скарлет Јохансон, не е одлична глумица.
9.5/10