Се прегледав филмови овие два - три дена, па еве дел од нив со кратка рецензија
Прегледај го приврзокот 31840
Aeon Flux -
sci-fi филм со Шарлиз Терон.
Главната поента на филмот е дека низ цел свет се појавила некоја болест која ја збришала скоро цела популација освен луѓето кои живееат во Брегна, ограден град. 400 години подоцна во овој град се уште владее семејството Гудчајлд чиј член пред цели четири векови го пронашол лекот за вирусот. Ион добива задача да го убие Тревор Гудчајлд што воедно и ќе биде нејзината прва неуспешна мисија како дел од мониканите кои се борат против режимот на семејството Гудчајлд.
Главната причина за нејзиниот неуспех ќе бидат чудните flashback-ови кои ќе ги има при секоја средба со Тревор. Наскоро ќе дознае дека сите луѓе во Брегна се клонираат цели 400 години уназад за да може успешно да се пронајде лекот кој ќе ја излечи неплодноста кај жените. Односно flashback-овите на Ион се всушност нејзиниот претходен живот.
На филмов му давам 9/10 затоа што му фалат малку подобри ефекти иако и оние кои ги нуди се на завидно ниво.
From Paris with love - крими - трилер/акција
Одличен филм во кој се раскажува за акцијата на Џејмс и Чарли кои се на мисија да ја заштита американската делегација од терористички напади. Дејствието се одвива низ Париз каде се прикажани акциите на двајцата агенти кои при откривањето на оние кои стојат зад планираниот терористички напад ќе откријат дека свршеницата на Џејмс, Керолин, е всушност дел од целиот план. Таа го има заведено со цел полесно да добие пристап до Американската амбасада во Париз и притоа како бомбаш - самоубиец да го изврши нападот. На крајот, Чарли и Џејмс успеваат да го решат целиот случај и да го спречат нападот на тој начин што Џејмс иако заљубен во Керолин, ќе мора да ја убие за таа да не ја разнесе целата амбасада во воздух.
Одлична акција на Џон Траволта со многу занимлива приказна. 10/10 за филмов.