Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Само што завршив со гледање на Магнолија по не знам кој пат во животов.
И после 3 поминати часа гледам дека надвор е жива темница. Сум гледал многу филмови кои траеле по 3 часа и се чудам, и не можам да се изначудам како Магнолија секогаш ми се чини дека трае само еден сат, а всушност со си кредитите е 3 сати и 8 минути. Еден од најдобрите филмови воопшто, и не дека нешто посебно го обожавам Том Круз, ама во ниеден филм не глуми подобро од овде. И Џулиен Мур ги дава најдобрите перформанси од кои се наежува човек.
magnolia.jpg

Еден од неколкуте филма што ме имаат расплакано (и не се срамам да го признаам тоа!!) а за мини рецнеизијата и доловувањето на ефектот што го има филмов на луѓето секоја чест! Магнолија сјае од поглед на глума,сценарио,приказна,трогаелоност,реалниот приказ на човековиот живот,стравовите,комплексите и што уште не! :cuc::cuc::cuc: И јас Том Курз не со сакам али у овој филм е многу добар, а за Џулиен Мур немам зборови..

Се согласувам со све што кажа!

П.С. Си ги гледал Краш или пак Бабел?
 
Бабел сум го гледал неколку пати, исто одличен филм! Краш не сум го гледал се уште, а мислам дека го имам дома.

Една од најтешките сцени од филмов, според мене не е некој којзнае каков спојлер, па кој сака нека ја гледа. Ваква глума ретко....
 
Аууу каква сцена, страшно добра глума !

Иначе обавезно Краш да го гледаш сличен е на Магнолија и Бабел исто така многу добар филм! со слична тематика и начин на режирање, нема да се каеш. Морам да кажам, секоја чест за режисерот на Магнолија кој толку многу ги терал актериве да дадат све од себе, не знам дали примети али сите се надпросек и тоа многу! Филип Сејмор и Џон С. Рејли страшно добро глумат.. исто така ! На кратко све е перфектно!
 
Прегледај го приврзокот 30027

The Legion

Интересно филмче за апокалипсата и причините поради кои настанува апокалипсата.Целиот настан се случува во едно местенце(пуста пустелија) и луѓето кои случајно се затекнати таму.
На ним им преостанува да се борат за својот живот, а за еден живот посебно.
Мислам дека вреди да се погледне

9/10

Разбирам вкусови али 9ка?
 
Разбирам вкусови али 9ка?

Страшно навистина...
Omg did she just did that...yess i did
И темава не е за коментирање на оцените кои ги даваат членовите(колку што можам да забележам):smir::back:
 
Генерална дискусија за тоа ја користиме :)

А за горниот коментар, малце претерана реакција пред се заради филмовите спомнати погоре во топиков, погледни некој од нив поготвов оној од клипот со Џулиам Мур и ќе сватиш зашто е "страшно" но хард филингс :)
 
^
Добро бе што им е на луѓево јас само прашав ?:) И да темава е за тоа ,да размениш мислење па затоа и се отвори....
 
Луѓе, ќе упаднам овде на оваа тема, стварно не најдов соодветна за ова, али мора да го видите.
На ИМДБ за Star Wars III, кај што пишува Release Date го има ова

Release Date: 27 May 2005 (Republic of Macedonia)...

Немам поим што е работава, еве го и линкот, уверете се и сами.
Не знам дали е хакерска работа, дали е некоја си грешка, дали само кај мене го пишува така, стварно не знам. Пробав за многу други филмови, ок си е.

Знам дека мислењево не е за тука, ама не можев да најдам посоодветна тема, а да отворам нова само за ова не бива. Па ако мислат главните дека не чини, слободно бришете. Само ме интересираше што е работава.
 
Release Date: 27 May 2005 (Republic of Macedonia)...
и шо не ти е јасно, уствари? дека премиерата доцнела кај нас? дека е една недела после премиерата во Франција?
или дека пишува Р. Македонија?

на имдб сме македонци, а државата ни е Р. Македонија, и форумов не е за политика и офтопици :smir:
 
Луѓе, ќе упаднам овде на оваа тема, стварно не најдов соодветна за ова, али мора да го видите.
На ИМДБ за Star Wars III, кај што пишува Release Date го има ова

Release Date: 27 May 2005 (Republic of Macedonia)...

Немам поим што е работава, еве го и линкот, уверете се и сами.
Не знам дали е хакерска работа, дали е некоја си грешка, дали само кај мене го пишува така, стварно не знам. Пробав за многу други филмови, ок си е.

Знам дека мислењево не е за тука, ама не можев да најдам посоодветна тема, а да отворам нова само за ова не бива. Па ако мислат главните дека не чини, слободно бришете. Само ме интересираше што е работава.

Најверојатно при регистрација си оставил податок за држава и автоматски на некои филмови ја прикажува премиерата кај нас. Или второ можно сценарио, баткиве од имдб се водет според локација на Ip адреса, слично на порно страниве; на пример "Find a hot partner in Skopje". :)
 
K-PAX (2001)

:cuc: :cuc: :cuc:

Oбично Jeff Bridges ми е некако одбивен но деновиве изгледав 2 со него и ме задоволи. Во овој со комбинација со Kevin Spacey ѕверот, филмиште! Која глума човече, секоја чест. Во секој филм како првпат да го гледам и ме изненадува all over again. Секоја чест. Рецензија нема да напишам за овој, дека скоро на секој му е гледан, а на кој не му е, не планирам ни мал процент од забавата да му уништам. A MUST SEE! На момент некаде ме потсети на А men from earth.

100/10. По мој вкус филм. Messed up. Браво.

Не ми се верува дека не си го гледал до сеа! И од мене има 100/10 каква харзима има Кевин Спејси, страшно! мноооооооооогууу добар филм подеценет и заборавен! Случката на крај ме остави со отворена уста во бунило,тага, возвишеност микс од чуства и бес/разочарување зашто не се прават повеќе вакви филмови, едноставно карактерите те влечат и тераат да се соживееш со нив поготово улогата на Кевин Спејси!
 
П.С. Си ги гледал Краш или пак Бабел?

Crash (2004/I) е супер филмче, кога освои Оскар за најдобар филм прв пат слушнав за него. Babel (2006) исто така одличен филм од сличен тип, многу приказни што се преплетуват и се поврзани на некаков начин... Само да се надоврзам... :)
 
Да овој тип на филмови со повеќе-кратни индиректно поврзани ликови/приказни ми е еден од омилените у филмска индустрија!

Магнолија! чисто сумљам дека не си го гледал, ама ако не си одма да го :)
 
Гледам ве удрило K-Pax треска :icon_lol:
Кога ќе ми текне, порано кога станаа актуелни двд плеерите, заедно со некои весници одеа и двд филмови, едни од нив беа Gangs of New York, Dust на Милчо Манчевски и се разбира, култниот K-Pax. Ги немам дисковите, али доста добри филмови, ми останаа во меморија, посебно K-Pax.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom