Го гледал ли некој филмот со Че портретиран од Бенисио Дел Торо?Ме интерсира дали вреди да се погледне,иако покрај Бенисио Дел Торо се сомневам дека има лоша изведба
Го гледал ли некој филмот со Че портретиран од Бенисио Дел Торо?Ме интерсира дали вреди да се погледне,иако покрај Бенисио Дел Торо се сомневам дека има лоша изведба
Ја го загледав малку првиот дел, пошто е поделен на 2 дела нели, така пола филм го изгледав (и после ми се заеба лаптопот нешто у пм), вреди да се погледне ако те интересира Че Гевара као лик, и сакаш да дознаеш нешто повеќе за него и за герилската војна што ја воделе заедно со Кастро. И двајцата се добро портретирани у филмов...Кастро со пурите хехе
Се согласувам,ако ништо друго филмов сигурно не е лош. Ги сакам и Ридли и Расел, а очигледно е дека и двајцата одлично соработуваат ( според мене Гладиатор е нивниот најдобар филм).Баш вчера ја погледнав филмографијата на РИдли и се изненадив колку добри филмови има.Од The Duellists,Alien,Blade Runner,Legend,Thelma & Louise,па новиве Gladiator ,Matchstick Men,Kingdom of Heaven...Вреди да му се погледнат филмовите.
Го гледал ли некој филмот со Че портретиран од Бенисио Дел Торо?Ме интерсира дали вреди да се погледне,иако покрај Бенисио Дел Торо се сомневам дека има лоша изведба
Не. Мене ме интересира Че и со големи очекувања го почнав филмот ама многу се разочарав. Во основа е нискобуџетен филм со кој не можеле да направат нешто повеќе во врска со акцијата... па во главно се работи за група герилци кои решаваат задачи од математика. Сериозно. Се разочарав.
Инаку, погледни го Diarios de motocicleta (2004), за животот на младиот Че, неговото патување по Јужна Америка кога неповратно се вљубува во нејзините убавини, но и ги гледа страдањата на тамошното население и неговата свест почнува да се менува...
Blade Runner сум го напишала ама моја грешка што заборавив да го издвојам како негов најдобар филм и воопшто moже најдобриот Sci-fi филм досега снимен.Еве една препорака до сите што не го гледале под ИТНО да го изгледаат, затоа што филмов е феноменален!
Да не ги повторувам зборовите на Rocknrolaa, филмот и мене ми се допадна па би му дал 8/10. Во секој случај за мене скоро 2 часа забавна (авантури, фантазии, мои омилени жанрови за одморање мозок ) нова адаптација на старата приказна за врколаци...без многу мислење и филозофирање. Единствено као тема за размислување/мерење на човечките постапки би била сосема последната реченица од филмот
кажано е дека не е грев да се убие животно, грев е да се убие човек. Но каде едното започнува, а другото завршува?
...не дека е некоја филозофија, само потсетување.
Unthinkable
Филмот ниту како забава, ниту како филозофија, ниту како акција...додуша акција немаше освен брзо вадење пиштол...не ми се допадна. Секоја чест за С. Џексон и Кери-Ен Мос, но филмот немаше никаква поента освен мачење и наводна борба на добрите/Мос против лошите/Џексон. Прво што воочив беше -мора да си муслиман за да си терорист (ако си католик, треба да смениш вера за да бидеш терорист). Второ беше мерилото за човечност и жртви, трето би било нема спас од муслиманите терористи, четврто во пола филм текстот
беше where's the bomb, give just one location
...се на се џабе режев цд. Ваше е дали ќе го гледате, но ја вторпат не би, премногу проста приказна без крајна идеја или заклучок....ниту тројка од 10.
Тапа филм се согласувам, дури и Бенисио Дел Торо и Ентони Хопкинс слабо глумат, а во лош филм ако немам барем добра глума да го извади тогаш се знае каков е резлутатот. Од мене исто 3/10 можеби 4/10 заради солидните кадри, сетап и малите сцени во кои има добра арт фотографија.
Забегано филмче , јак трилер не е нешто нај нај , невидено или незнам шо , ама онака ми се бендиса оти не е многу предвлидлива приказната, интересно се измешани случките и настаните , и уствари со тоа ќе те направи да го гледаш филмот до крај. Вреди да се изгледа онака за ќеф , без премногу очекувања дека ќе биди нешто спектакуларно.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.