Psyside
Nocturnal
- Член од
- 30 јануари 2009
- Мислења
- 18.743
- Поени од реакции
- 18.492
Одличен предлог и рецензија, филмот завзема култно место во историјата на окултните филмови кои ја обработуваат опседнатоста на човекот со надприродни сили. Моја топла препорака до сите што не го гледале да го ѕирнат! Музиката е перфектна и глумата исто така.![]()
Ричард Донер е еден од моите омилени режисери, зад кој стојат извесен број одлични филмови, кои оставиле значаен белег во филмската историја (Супермен 1 & 2, Гуниси, Смртоносно оружје 1-4, Убијци ( Assassins) и други).
Меѓу нив се вбројува и Претскажување, кој можеби е и неговиот најзначаен филм.
Приказната за конечниот судир меѓу доброто и злото во монотеистичките религии е нешто што отсекогаш привлекувало внимание и интерес и било тема на многу верски книги и дебати, и истовремено е и тоа како присутна во колективната свест кај луѓето. Доаѓањето на Антихристот, како главен антагонист на се што е добро и кој воедно е и гарант за блискиот крај на светот каков што го знаеме во филмов е едно бебе, подоцна детенце, кое навидум е потполно безопасно и не буди никаков сомнеж.
Сепак, во текот на филмот, работите ќе станат појасни, но ќе се наметнат многу дилеми и внатрешни судири од кои најважната е според мене е тежината на одлуката еден човек да му пресуди на детето кое долго време го сметал за свое, што на крајот на филмот ќе биде и фатално.
Понекогаш отсуството на било каква глума може да биде поефективно од секаква мајсторска изведба. Сосем е очигледно дека малиот не се труди премногу. Зад безизразноста на неговото лице може да се кријат многу мисли и намери. Ако притоа уште еднаш потенцираме дека се работи за мало дете, границите на стравот се поместуваат и тоа на некој начин плаши повеќе и од типови како Мајкл Маерс, Фреди или Џејсон, оти зад нивните маски или изгореници се крие нешто што е или било човечко суштество. Овде работите се спротивни, главниот негативец се маскира во невино, мало и безопасно човечко сусштество чии потенцијали далеку ги надминуваат оние на гореспоменатите батки. Ваквата камуфлажа ја има во филмовите денес, но ми се чини дека Omen е првиот филм каде што е применета. Мајсторски екранизирана приказна, со сите салтанати, потребни за едно класично, ремек дело кое никогаш нема да застари.
Уште еднаш, одлично завршена работа! заслужуваш репутација за рецензијата (опширноста на истата) ама системот не ми дозволува
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Најдобриот филм на Ларс е Догвил!И на првиот линк е арно објаснувањето... Во филмот има симболика, тоа е очигледно. Останува до нас како ќе го протолкуваме.
Депресивен? Можи малку, не смета. Имало многу подепресивни драми. А експлицитните сцени сфати ги како хорор сцени.
И тоа е тоа, секој ќе си го гледа и сфаќа на свој начин.