Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Пред недела дена на ТВ сретнав се вртеше нешто. И го гледам смешно и интересно па ме заитересира. Го гледам и Алек Болдвин. Брзо заврши и после видов тоа е некоја серија 30 Rock. Ја даваат на Сител кај полноќ веќе две недели. Јас некоја епизода имам фатено само.

И добра изгледа серијава, ко да се издвојува од останативе актуелни хумористични американски тв серии. Гледам има земено дури 6 Златни Глобуси.

Епа, има некој што ја гледа редовно? (нема тема на форумов)

Ја загледувам од време на време. И имаш право се издвојува од другите американски серии. Мене ми е сосем ок. иако не ја гледам секогаш. Ми се чини дека повеќе натежнува кон сатира отколку кон вистински хумор. И една работа што многу ми се допаѓа - го нема она смеење, што го вклучуваат секогаш кога нешто треба да биде смешно (а не е).
 
Има сатира, и убо што има.
Кај мене ќе оди на симнување.

----------------------------------------------------------------------

Кај мене тоа е обратно ....

овој филм е катастрофална екранизација на книгата...ма исто срање како и самрак тотално....никаде во книгата не прочитав дека мина е заљубена во грофот, а ни грофот не беше нешто посебно заинтересиран за неа...а и луси во филмот е ко к**** додека во книгата е тотално различна се на се на филмот му давам 2 поради покушајот да направат нешто :toe:

Е па не финтата книгата да се екранизира исто каква што е. Таму на крајот од филмот не пошува дека е 100% точна екранизација туку пишува дека е базиран на книгата.
Според книгата или филмот е далеку од било какво двојче (2/5 или 2/10).
 
Пред една недела седнав да го гледам The Boondock Saints (1999). Го гледав поради препорака на многу личности, од кои секој втор ми велеше Masterpiece, а другите минимум го етикетираа како филм кој е срамота да не си го гледал претходно.
Од премногу очекувања дури си купив два литри боза и две пакетчиња семки од сончоглед за да се спремам да уживам во филмов, не памтам кога последно сум земал да пијам боза за филм (повеќето филмови во последно станат ги гледам).
И добив ништо. Добив еден обичен просечен филм. Сега ќе ја кажам само единствената добра работа во филмот - саундтракот.
Обично во последно од немање време да пишам рецензија подетална, пишам за филмови кои ме изнервирале и овој е дефинитивно еден од нив.

Почетокот на филмот води кон една друга насока, за потоа да сфатам дека се работи само за тоа дали е коректно и морално да се убиваат мафиозите во Бостон, во филмов прикажан како град во кој правниот систем е исти ко на дивиот запад.
Очекував интересен трилер поготово кога прочитав дека Вилем Дефо глуми во филмов, а од друга страна ја добив можеби најочајната глума на Дефо кој во филмов е полициски инспектор кој слуша класична музика и е геј. Во филмов има и две експлицитни гејски сцени (апла гејски), а од трета страна филмов нема ни врска ни разврска. Џабе поминати 2 часа...
Ако некој го гледал нека пише што има добро во филмов, можеби јас сум го гледал ко не сум бил расположен.
Ама дека е ремек дело... така да не се лажиме. На вториот дел не одам.
 
Има сатира, и убо што има.
Кај мене ќе оди на симнување.

----------------------------------------------------------------------

Е па не финтата книгата да се екранизира исто каква што е. Таму на крајот од филмот не пошува дека е 100% точна екранизација туку пишува дека е базиран на книгата.
Според книгата или филмот е далеку од било какво двојче (2/5 или 2/10).

whatever
 
Ајај сум лапнал зборче. Мислев „Според книгата или не, филмот...“
Туку толку ова, се разбравме.

хехе ма филмот не и беше веродостоен на книгата ни малце ...факт си е факт :smir:
 
http://www.imdb.com/title/tt1028532/

3627356590_ef62fb5032.jpg

Леле значи морници ме полазаа на последната сцена од филмот со жената на професорот. Одамна не сум гледал драма па заборавив колку чувства може да ти разбудат. Значи стварно добар филм. А тоа што е според вистинска приказна уште повеќе ја крева вредноста на филмот. Кој го гледал нека сподели доживувања...
 
003cf.jpg

Antichrist (2009)

(Дуо) драма од Lars von Trier со Willem Dafoe и Charlotte Gainsbourg.

На еден брачен пар ќе им умре детето, жената паѓа во длабока депресија и маж и кој е терапевт, се обидува самиот да и помогне.

Бајги спор филм, целиот филм се врти околу психоанализа, не е за секого пошто има некои гадни сцени и доста :sekss:.

Глуп филм, не би го препорачувал, заедно со Idioterne (1998), од истиот режисер. Некој друг што го гледал да ми каже дали филмов имаше некоја поента, ебате филмот, да ти се смучи животот. :icon_eek: :)

Филмот како поголема слика е одличен. Доста интересна приказна, доста солидна, стабилна глума, и доста добро доловени елементи од хорор. Е сега, филмот не е правен за пошироката маса, туку за некакви специфични вкусови. И мене ми беа префорисрани експлицитните сцени и забегувањето во екстрими, и затоа му давам само 6-ка.
 
Има поента, секој ќе си го толкува на свој начин

види само колку награди (линк ) има добиено

он топик: ФИЛМОТ е за 18+ (гледај со празен стомак)

имдб: 6,8/10
јас: 7,5/10
 
Само за оние кои имаат желба и време да го погледнат ова, стварно вреди.
2001: A Space Odyssey | The Making Of A Myth
25gzals.jpg

Емисијата е во 4 дела:
1.
2.
3.
4.

WOW, Џими! фала многу за ова! една од реките можности да бидеме сведоци на филмската историја! :vozbud:
 
напунете ги сите преносни уреди кој ги поседувате пред да тргнете на одмор :vozbud:
is going to be One Hell Of A Summer ! :tv:
 
Antichrist (2009)

.....

Глуп филм, не би го препорачувал, заедно со Idioterne (1998), од истиот режисер. Некој друг што го гледал да ми каже дали филмов имаше некоја поента, ебате филмот, да ти се смучи животот. :icon_eek: :)

Поента има. Не е лош режисерот ни малку. Еве види го овај коментар на имдб (темата е на втора страница таму), евентуално вметни го и ова. Ете некои можни објаснувања.
А тоа што викаш да ти се смачи, зависи за кого. Јас сакам такви мајндфак филмови.

Филмот како поголема слика е одличен. Доста интересна приказна, доста солидна, стабилна глума, и доста добро доловени елементи од хорор. Е сега, филмот не е правен за пошироката маса, туку за некакви специфични вкусови. И мене ми беа префорисрани експлицитните сцени и забегувањето во екстрими, и затоа му давам само 6-ка.

Добро кажано освен тоа за 6ката. Мене не ми сметаат тие крајностите.

-------------------------------

Една друга работа. Пред недела дена го гледав Ed Wood на Тим Бартон. И се убо филчево, ептен добро направено. Можи најдобро од Бартон.

Туку ме заинтересира за овај, Евард Д. Вуд што режисер бил. Во филмот е прикажан дека ептен сакал да направи добар филм, дека со страст ги правел, а немал многу пари. Ама ете правел лоши филмови, најверојатно заради парите.

И сега пуштив да симнавам еден негов филм, да видам што правел. :tv:
 
Поента има. Не е лош режисерот ни малку. Еве види го овај коментар на имдб (темата е на втора страница таму), евентуално вметни го и ова. Ете некои можни објаснувања.

Најдобро е објаснет на вториот линк, и пак не гледам што е толку добра приказната.
Жената патела од некој синдром (и као на сите треба да ни е познат тој синдром), барала внимание од маж и, на крај се испотепаа, овој ја запали и тие ''жените'' на крај што идеа накај него, и тие пателе од истиот синдром.
:tapp: Само глумата можам да ја пофалам у филмов и можда атмосферата.

А тоа што викаш да ти се смачи, зависи за кого. Јас сакам такви мајндфак филмови.

Кој нејќе такви филмови ама не би рекол дека ваков депресивен филм со есплицитни сцени е мајндфак. :)
 
Најдобро е објаснет на вториот линк, и пак не гледам што е толку добра приказната.
Жената патела од некој синдром (и као на сите треба да ни е познат тој синдром), барала внимание од маж и, на крај се испотепаа, овој ја запали и тие ''жените'' на крај што идеа накај него, и тие пателе од истиот синдром.
:tapp: Само глумата можам да ја пофалам у филмов и можда атмосферата.
И на првиот линк е арно објаснувањето... Во филмот има симболика, тоа е очигледно. Останува до нас како ќе го протолкуваме.

Кој нејќе такви филмови ама не би рекол дека ваков депресивен филм со есплицитни сцени е мајндфак. :)

Депресивен? Можи малку, не смета. Имало многу подепресивни драми. А експлицитните сцени сфати ги како хорор сцени.

И тоа е тоа, секој ќе си го гледа и сфаќа на свој начин.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom