(Не) Требаше... - се каете ли за нешто?

S

smart ass

Гостин
За клучна одлука пред 4 години, туку кога би можел да го вратам времето....немаше да ја направам џабе е после Е нема К така да не се каам што бидна бидна лекции хех...
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
59
Поени од реакции
3
глупоо е да се каеш..иако понекоаш се каем. најчесто се каем заш не сум успеала у нешто а сум можела да вложим појше труд. не се каем за ствари од типот ‘‘ее требаше да се смувам со него..‘‘ или ‘‘е зошто и реков сеа тоа?‘‘ заш појќе пута на крај ми се исплатила одлуката што сум ја донела у моментот.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Не требало ного работи да напраам ама нема каење.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Дали некогаш ви се случило повеќе да се каете за ненаправеното, за она што сте сакале а не сте го направиле поради икс причини, отколку за направеното и зошто ?
Во секој случај завршува со каење. Дали ќе направиш нешто што не требало или пак не го направиш и во еден момент ќе си кажеш: Е требаше бе, па што биде нек биде.

Зависи од човекот. Дали е спремен да живее со последиците од направеното или не.
Јас лично не се каам. На крај краева мое дело е. Јас си живеам со последиците и спремна сум на тоа.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.762
Поени од реакции
5.046
(Не) Требаше... - се каете ли за нешто?

И сега се каам , наместо да дремам на нет и пијам успат :tapp: иам еден куп обврски - шо ако не ги завршам , ќе се каам ..али битна е сегашноста . да си праам што сакам :smir:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
(Не) Требаше - да ги изедам шпагетите што ги направив пред два дена (ги изедов во петокот). Одкога ги изедов цел викенд го поминав на шоља ама то ти е то.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Јас неам гајле, не се каам ни за труењето со распиана конзерва пред две недели.
Ич. Моја одлука, мој живот, моја насмевка дури и во маката.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Јас неам гајле, не се каам ни за труењето со распиана конзерва пред две недели.
Ич. Моја одлука, мој живот, моја насмевка дури и во маката.
Ти не си видел вистинска мука на шоља изгледа...
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
48
Поени од реакции
2
хаха :D Има многу работи што се каам ... Ама најмногу кога ке се опијам ... и кога ке ми текне другиов ден за глупостите со сум ги правел лелеее :D
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
За милион работи се каам во животов. Се каам за работи што сум ги направила, за работи што не сум ги направила, за кои сум помислила да ги направам, за кои не сум помислила да ги направам, а сум требала, за моето однесување на моменти и за мојот карактер кој тврдоглаво не го менувам, а и нема да го сменам. :)

Ама јебеш га, времето не може да се врати, тоа го сфатив пред некоја недела и затоа решив веќе да не се оптоварувам со минатото и сите тие каења и онака ќе ги заборавам за 10 години, така да ич не ме боли цеф веќе.

Не е дека скроз не се замарам, ама емотивна сум премногу така да се ми е каење, се ме повредува у пм, барем ги минимилизирам работите за кои се каам и не мислам на нив, па сум посреќна. И со тек на време за некои работи си велам дека за џабе се каам, испаднале таман како што треба да испаднат. :)
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Никогаш не сум зажалил за моите постапки и одлуки, секогаш сум го извлекувал максимумот од дадена ситуацуја.

После 20 години многу повеќе ќе жалиме за работите што не сме ги направиле отколку за оние што сме ги направиле. Испловете од сигурното пристаниште и фатете го ветрот во вашите едра. Истражувајте, откривајте, сонувајте.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ти не си видел вистинска мука на шоља изгледа...
Ти ќе си го мериш со мене.

А бе, конзерва, расипана бее еееј.

Симнав 3 кг за 4 дена од блуење, не знаеш од каде попрво искача, јали од уста, јали пролив, а бе крш, глата у умивалник, дупе на шоља и терај, четири дена љубов водев со ќенеф!

И не се каам. Гладен бев, мрза ме фати да готвам, крк конзервата, на пола ми засмрде, ама си викам, челичен стомак сум јас.
Јебига. Не секогаш.

Него, знаеш што е мука, да немаш вода у стан да пуштиш, вода у казанче...среќа ја имав.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Се каам за многу работи, но тоа што било - поминало. :toe:
 
S

StereoLove

Гостин
Се каам за некои сторени работи,посакувам времето да го вратам назад и да не сум го сторила тоа.Некои одлуки биле многу лоши ама било поминало.Не сакам да се навракам во минатото:nesum:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom