Но, само на кратки стази. Затоа што екцесивното внесување на протеини, неизбежно води до зголемување на токсхемијата (отровите) во крвта и ги оптеретува бубрезите, а и во целина го слабее организмот.
Исто така, многу набрзо откако ќе почнеш повторно да внесуваш јаглено хидрати во организмот, килограмите ќе се вратат како од шала, и тоа со по некое килце екстра (јојо ефект).
Ова го велам, затоа што бев, пред повеќе години, 7 месеци на таква диета. И не само што си го сјебав уринатниот тракт, туку, откако повторно почнав да внесувам скроб и други сложени јаглено хидрати, ги вратив у рекорден период загубените килограми.
Инаку, да, факт е дека мора да се зголеми внесот на протеини и да се намали внесот на јагленохидрати за да се намали тежината. Пред се поради фактот што, намаленото ниво на јагленохидрати во телото, прави да почнат да се согоруваат директно мастите (телото има механизам кој оди, прво согорување на јагленохидрати, па масти, па протеини - со тоа што ако стигне до согорување на протеини, значи дека сме изгладнети до смрт).
Најуспешниот метод е одвојување на јагленохидратите и скробовите од проетините во различни оброци, како и внесување што поедноставни состојки. Односно, ако се јаде леб, ориз, компири и сл. истите никако да не се мешаат со месни и млечни производи во ист оброк, туку единствено со зеленчук, и евентуално овошје. Ако се внесуваат пак месо, јајца и сл., тие да се комбинираат строго со останати протеини и зеленчук како допуна.
Нормално, пожелно е да има еден-два оброка од јагленохидрати, а останатите 2-3 да бидат на база на протеини (значи, протеините во исхраната сепак да имаат блага предност).