Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.169
- Поени од реакции
- 34.281
Ајфеловата кула е изградена во 1889 година како меѓународен излог во Париз - Франција, a е именувана според нејзиниот градител Gustave Eiffel. Вклучувајќи ја и антената за емитување која се наоѓа на врвот, Ајфеловата кула достигнува височина од 321 метри (1051 стапки), според што, инстантно станала највисоката човечки изградена структура. Го срушила рекордот зачуван над 4400 години од Khufu Pyramid во Египет, само за да го изгуби повторно 41 година подоцна, од Woolworth Building во Менхетен.
Шест милони луѓе годишно ја посетуваат Ајфеловата кула за да уживаат во комплетниот поглед врз Париз. Три лифтови на северниот, западниот и источниот столб одат нагоре до првиот и вториот кат, но само еден или два се користат во еден ден, поради одржување и безбедносни причини. За да се стигне до врвот од кулата (276 метри), мора да се земе друг лифт од вториот кат. Скоро секој посетител на кулата се искачува со лифт, но има и издржливи стапала кои сами искачуваат 1665 скали до врвот.
Хендикепираните луѓе, во колички или психички онеспособени, можат да се искачат до првиот и вториот кат со лифт, а од безбедносни причини, врвот на Ајфеловата кула е недостапен за нив. Додека трае шпицот од посетители во секоја сезона, бидете предупредени дека чекањето за влез може да биде и залудно.
Ајфеловата кула на самиот влез има кабина за информации каде може да се земат брошури (мапи), кои служат за полесно снаоѓање во споменикот и каде може да се направи понатамошно испитување во врска со неа и околните места. Исто така на самиот влез има менувачница за пари, продавници за сувенири како и бифе за брза храна и пијалоци. Останатите кафеани и продавници се сместени на првиот и вториот кат од кулата.
Сегашното осветлување на кулата било поставено на 31 декември 1985 година. Тоа е составено од 335 проектори со јачина од 150 до 1000 вати, опремено со натриумски ламби кои ги фрлаат своите зраци од внатре кон надвор од кулата.
На првиот кат се наоѓа ресторанот Altitude 95. Името доаѓа од неговата височина, 95 метри над морското ниво. Големите прозори на затворениот балкон од ресторанот, гледаат накај Сена и Трокадеро од една и накај внатрешноста од Кулата од другата страна. Атмосферата во него потсетува на брод кој се наоѓа во воздух и е прицврстен над Париз. Ресторанот располага со 200 седишта, а исто така има и бар кој служи освежителни пијалоци преку целиот ден.
На вториот кат се наоѓа престижниот ресторан Jules Verne кој има дури и свој приватен лифт. Ресторанот со тек на време се здобил со одлична репутација, која го сместила меѓу врвните во Франција. Седејќи во срцето на оваа комплексна и железна статуа, полна со агли и перспктиви, Jules Verne гледа над Париз, од 125 метри над зејата.
Ајфеловата Кула како добро фреквентна историска статуа, мора да ја осигура безбедноста на посетителите. На влезот, во исклучителни ситуации, на сите или на дел од посетителите, достапниот простор може да им се затвори, за да се провери багажот. Не се дозволени големи багажи и животни, освен кучиња кои ги водат слепите посетители.
Пишува: Дивајн