Криза во македонската музичка сцена?

  • Креатор на темата Креатор на темата Petkovsky
  • Време на започнување Време на започнување
Која Македонска музичка сцена?

Сигурно мислиш на (wannabe Americans) Македонската музичка сцена...

Поп (америчка,глобална) култура...

Одамна ја поминавме таа фаза ... сеа веќе не мислам дека е копија на било која сцена туку е некој мутант од нечија лабораторија сериозно -.-
 
Одамна ја поминавме таа фаза ... сеа веќе не мислам дека е копија на било која сцена туку е некој мутант од нечија лабораторија сериозно -.-

wannabeamerican - поп музика
wannabeserbian&bulgarian - турбофолк

Сваќам да имаме влијанија, ама тоа нашето е копи - пејст

Да имавме нешто оригинал (некој мутант дај боже) немаше да звучи така него во мода ќе беше death metalot и acid jazz :)
 
@dark king каде се луѓето сеа?
Зборам за последниве две- три години -.-
Зборам за последниот евровизиски натпревар -.-
wannabeamerican - поп музика
wannabeserbian&bulgarian - турбофолк

Сваќам да имаме влијанија, ама тоа нашето е копи - пејст

Да имавме нешто оригинал (некој мутант дај боже) немаше да звучи така него во мода ќе беше death metalot и acid jazz
ствар перцепција јас викам дека тоа што го гледам више не е копија it has a life on it's own
 
ствар перцепција јас викам дека тоа што го гледам више не е копија it has a life on it's own

Да! ЛуЏето ќе си мислат дека е оригинал и ќе придонесуваат за неговиот опстанок!

Умре оригиналноста на музичарите и вкусот на фановите во Македонија одкако се донесе кабелнетот... реков јас...
 
Еве ти понови колку толку...





Има сеуште надеж. Сеуште има квалитетна музика во Македонија. Турбо-сцената во секоја земја е тиња. Вистинската музика нема да ја видиш на Евровизија, нема на K-15 телевизија, нема да ја слушнеш на радио како хит на денот...Македонската вистински добра музика постои за вистинските слушатели...
 
Жими ДАМЈАН ПЕЈЧИНОСКИ и неколку други останати воини кои сеуште се борат да опстанат,но сепак срањава како Вукичевиќ и сл се инвазија..:..
 
Постои тема Евросонг и ќе се испотепаат зашо Ѓоко победил а не Влатко или Сузана Спасовска кога сите песни беа од бедни победни, сеедно која ќе победи.
Темине Слаткаристика, Влатко Лозановски, Каролина и на останати поп пејачи секогаш се во тек.

А кога отворив тема за Браќата Тавитјан, лицата кои ќе имаат отсвират една песна на Џексон во инструментална верзија на албумот кој ќе биде издаден годинава во чест на Мајкл Џексон ... нема ни 1 страна испишано.

Ние се смееме на бугарската и српскана сцена. Оние се 100пати боље од нас.
Ние сме изгубени во просторот и времето.
 
Ние се смееме на бугарската и српскана сцена. Оние се 100пати боље од нас.
Ние сме изгубени во просторот и времето.
А ти го прочита ли мојот пост? Т.е. ги изгледа ли видеата?
 
Последниве 5-6 години владее еден општ хаос на македонската музичка (с)цена.Секој сака да биде пејач, а глсовните можности им се еднакви на 0.Ама пуста желба за слава огромна.Се случува многу од денешниве "естрадни уметници" :nesvest: да продадат нива, да снимат спот, да отидат во "гледаните" емисии Браво шоу, (К)иселенички џубокс и да го промовираат срањето од песна и спот.
Македонската музичка сцена опстојува со 10-15 стварно квалитетни пејачи.Се друго е багра невидена.Барате гласовни можности од:
%7BE07A02F3-CE14-415F-86D7-42FF5C229C42%7D_none-2.jpg


%7B1DA526B8-AE5E-4CC2-8EC8-3DC46125376B%7D_martina-2.jpg


A556B52C80A36A49850F75367E36FCA7.jpg


Fifi1.jpg


r5yr0.jpg


И уште мноооогггуууу други гревови кои за пеење освен желба, немаат ништо друго.

А да ги набројам текстописците или композитори?:самоубива:
Јован Јованов-момак за се (пејач, композитор, режисер на спотови, текстописец, продуцент, аранжер..:вртиочи: )заедно со другар му Мекиќ кој е познат "пејач" и текстописец :nesvest:.

Ваквата состојба со македонската музичка сцена се должи на фрустрациите на одредена група луѓе кои имаат желба да бидат славни, да ги гледаат баба и дедо на ТВ, а додека има овци("пејачи") ќе има и волна ("тесктописци").Не е битно дали се со говорна маана, дали личат на естрадни уметници, дали имаат гласовни можности, соодветно образование-МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА, битно е колку ќе платат за да им напраи Јованов песна, а Мекиќ да им пише текст.:toe:
 
За поп сцена не сум компетентен да зборам, а и истата не ја почитувам нити пак ја слушам, поради самото ѓубре, хипер продукција и неквалитет.
Додека пак имаме еден тон бендови, проекти, аристи од повеќе сфери, дали џез, електронска (се живо и диво) кои прават парче по светов и ги заболе за овдешните "критичари" и гомно јадци, кои наместо да направат нешто оригинално, смрдат.
Факт е, фали промоција, но кога поголемата маса се ориентира кон она најидиотското без доза на креативност и уметност, тогаш си викаш, чекај ме туѓино, доаѓам, овде нема ни леб, камоли сцена (и стејџовите од странство ги носат).
 

...и ред други. Естрадава е чудо! Има еден куп "пејач(к)и", а на прсти се бројат добрите, креативните. Најсмешно е кога ќе земеш "Свет" (пример) и наидеш на слика од човек што прв пат го гледаш во живот проследена со пасусче "Нашиот популарен/познат пејач <enter unknown name> деновиве...". :tapp: :icon_lol:

Underground сцената е далеку подобра. Има неколку квалитетни бендови иако кога би имало уште десетина би било супер. Многу е лошо тоа што во минатото иако имало доста добри бендови ама ретко кој успевал да сними плоча. Жими Леб и Сол и чат пат по некоја песна имаме од тоа време.
 
Порано кога ќе излезеше некој како Ристе од Припор, се газев од смеење. Сега ми се плаче. Не е више смешно, алармантно е. Навистина е. Силување ни прават на нашите уши. Мене ми е јасно дека и не се вложува, дека се нема пари, ама како бе може одредени бендови и пејачи да прават квалитетна музика? И пак не им се признава квалитетот. Страшно.

Мене ми е жал што не се прават веќе ни ХИТОВИ. Значи ајде океј, квалитет нема, ама ни ХИТОВИ барем некои асални нема што ќе се пејат.

Ама надежта последна умира. Се додека има луѓе како дечките од Суперхикс, Фолтин, Кирил Џајковски, Владо Јаневски и така натака, верувам дека македонската сцена не го допрела дното. И најинтересно е и што тие кои имаат гласовни способности нема кој да им направи добра песна. Ѓоко Таневски на пример е навистина квалитетен вокал според мене и “Никогаш доста“ и “Тебе ти должам се“ се навистина убави песни, но тоа е реткост, нема композитори кои прават добра музика. Исто ќе ја спомнам и Дани. Дани е навистина талентирана, енергична, моќна и има неколку добри песнички. И браќата Тавитијан еве што ги спомна Росоњерка и го имаме и Четкар, само ете човекот фала Богу си е во Америка и таму може да си го развива и негува талентот.

Имаме таленти, само се губат помеѓу... не знам како да го наречам тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom