Животот е мојот филм - Кампања на Владата на Р. Македонија

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
Инересна ми е тамава, ама не заради темата сама по себе, туку заради новата поделба што ја прави меѓу членовите на форумот.

А да бидам искрен најинтересни ми се оние кои на темата за законот против пушење на цел глас го декларираат своето право на избор и како некои работи не се докажани дека се штетни, овде дискутираат како лесните дроги се лоши и „имаш мање шанси да проживееш подолг живот„ па и каква потреба имало да се користат...
Лицемерно? :wink:
Продажбата на марихуаната е забранета со закон и последен пат кога проверив, за дилање на дрога се завршува во затвор. Продажбата и конзумирањето на цигари е дозволено. Владата дури ги помага тутунопроизводителите. Не мешајте баби и жаби и не си правете бајрам на мозокот. И како што реков, секој оф-топик испад се казнува со забрана за дискусија на темава. Погоди кој е првиот добитник? Ти! :)

Не би сакале темата да отиде во погрешна насока, дискутирајте за кампањата.
 
C

Celsius

Гостин
Идејата е за поздрав, спотовите се одлични, флаерите исто така. Останува да видиме колку ова ќе се исплати, но во никој случај не е залудно.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.696
Поени од реакции
4.869
Убаво шо едуција и то .

Али искрено сами ние како земја вака агресивно настапуваме ,додека другите ги легализираат лесните дроги и прават некој вид туристички бизнис од тоа .

Пример Холандија сите знаете дека од поодамна почна со тој бизнис,па сега гледаме дека статистички многу е помал бројот на наркозависници и љубители на марихуана од страна на Холанѓаните.

Дали кај нас некој ќе изгуби од бизнисот ако се легализира дрогата? Хммммм

Вака ем кампања , ем гласови од конзервативни умови , ем перење пари преку рекламиве , боље флаери да направеа само со основни информации и штетните ефекти , отколку претерани клипови.
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Не велам дека е лоша реализацијата, туку замислата. Кампањава и филмчињата се толку кул изработени, што стварно може да натера млад човек да проба дрога. Сериозно, требале по чкарт, по ефтино и по страшно да ја направат. Според мене најдобра анти-дрога кампања беше една во 90-тите, со еден гаден костур и игла во рака, проследена со мрачно музиче во позадина... Вистински хорор филм. А ова, милина да ти е да пробаш.

Патем, темава веќе постоеше. Ја споив со претходната.
Се сеќавам на таа реклама имав некаде околу 5-6 години. Во право си дека треба по мрачни да ги прават рекламите. Во овие реклами повеќе ги изнесуваат оние кул ствари што се случуваат додека ја конзумираш дрогата (со исклучок на онаа за хероинот). Секоја една будала може лесно да се навлече. Еднаш веќе дискутиравме на темата за "Феноменот Ране" колку лесно младите ги испревртуваат работите и наместо добра поука го влечат она погрешното. Но тоа е веќе друга работа.
Ми се допаѓа едино онаа реклама за хероинот. Убаво е опфатено и дадено е кои се последиците од хероинот. Во другите реклами како за екстази, марихуана и остали повеќе е дадено како што кажав, што се случува додека ја конзумираш дадената дрога. Колку се чувствуваш семоќен и јак. Тоа е голема грешка. Требало повеќето од рекламите да се изработени слично како онаа со хероинот,за да секој еден човек биде свесен што ќе се случи со понатамошно конзумирање на која и да е дрога.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Не велам дека е лоша реализацијата, туку замислата. Кампањава и филмчињата се толку кул изработени, што стварно може да натера млад човек да проба дрога. Сериозно, требале по чкарт, по ефтино и по страшно да ја направат. Според мене најдобра анти-дрога кампања беше една во 90-тите, со еден гаден костур и игла во рака, проследена со мрачно музиче во позадина... Вистински хорор филм. А ова, милина да ти е да пробаш.

Патем, темава веќе постоеше. Ја споив со претходната.
Многу језивo видео, останато ми е во меморија од најраното детство, во позадина одеше извадок од песната Return to Innocence од Enigma. Ако го најде некој, нека праќа линк.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
Многу језивo видео, останато ми е во меморија од најраното детство, во позадина одеше извадок од песната Return to Innocence од Enigma. Ако го најде некој, нека праќа линк.
Да, ова беше песната:

Ау, уште се ежам кога ќе ја чујам. Значи чим на толку од нас ни има останато врежана во меморијата, сигурно била ефективна. Ова ми беше и сеуште ми е убедливо најстрашната песна, која секогаш кога ќе ја чујам ме потсеќа на негативните ефекти од дрогата и смртта.
 
S

smart ass

Гостин
Многу језивo видео, останато ми е во меморија од најраното детство, во позадина одеше извадок од песната Return to Innocence од Enigma. Ако го најде некој, нека праќа линк.
Каде е??

Ако е тоа што мислам??

Знаеш онаа рекламата со дрогата смртта ве ДЕМНЕ ВО СЕКОЈ МИГ!!
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Ране биле виновни шо децата се дрогирале. Живи смешки. Во разгорот на дискусиите за штетноста на филмовите со насилство во САД се случува дете да се фрли од тераса и да загине. Причината не била поради насилието и дрогата на ТВ туку затоа што го гледало Супермен и се фрлило мислејки дека ќе полета. И шо требало Ричард Донер од грижа на совест да извврши харакири и да инсистира да го забранет го Супермен? Вакво нешто се има случено и во Македонија, во Велес среќа што детето се закачило на антена па не погинало. Поентата е будали има сегде, не се филмовите виновни туку децата и нивните родители и учители. Ај банирајте ме поради офтопиков и така и така нема да е прв офтопик во темава.

Во врска со темата:

Погледнете ги звездичките за популарност на Јутуб и се ќе ви стане јасно.

Хероин 5
Кокаин 5
Екстази 4.5
Марихуана 3.5 !!!

Значи иницијативата генерално е подржана освен во врска со марихуаната која најверојатно од многумина е сметана за полесна и не толку штетна дрога.

Инаку сторибордите се праени од Здравко Гиров и Jester

Еве неколку, ако некого го интересира:

Хероин























 

nameleess

N/a
Член од
9 јануари 2010
Мислења
299
Поени од реакции
25
добро се изработени филмчињава, квалитетни и поучни... голем + од мене
 

Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
41
Не велам дека е лоша реализацијата, туку замислата. Кампањава и филмчињата се толку кул изработени, што стварно може да натера млад човек да проба дрога. Сериозно, требале по чкарт, по ефтино и по страшно да ја направат. Според мене најдобра анти-дрога кампања беше една во 90-тите, со еден гаден костур и игла во рака, проследена со мрачно музиче во позадина... Вистински хорор филм. А ова, милина да ти е да пробаш.

Патем, темава веќе постоеше. Ја споив со претходната.
Баш тоа. Не само рекламите, туку посебно добро е објаснето како дрогата функционира на тебе, што те тера да пробаш.

Оф-топик: Значи ти си ја направил збрката да си ја барам темата по сите форуми. :pos2: Се шалам, во ред е.
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
За рекламите и кампањата од мене имаат 5ка ама што бомбардираат на тв со рекламиве тоа не ми се допаѓа. Под бомбардирање мислам на тоа што на некои телевизии во рок од 30 минути 4 до 5 пати ќе ја свртат едната иста реклама. Да е едукативно ама пак мислам со тоа што ќе ја пуштаат повеќе пати во краток временски период не знам колку ќе едуцираат на тој начин. Барем јас во мое име што кажувам ај еднаш ќе ја погледнеш ќе си кажеш ок ова она ама ако ја видам истата реклама пак за кратко време веќе ми е боринг.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom