Не поддржувам вакви кампањи, или како сакате наречете ги. Жива глупост се, со нив само ги прикриваат перените пари. Но, сум против дрога и не сакам никој да користи (тука секако не ја сметам и марихуаната). Зошто тие пари што се даваат за вакви глупости, не се тргнат (како што рече марсовка) за центри за рехабилитација. Рекламите се направени со пари од граѓаните, значи ние плаќаме за нив, а не се вистинити. Не лажат со наши пари. Секој граѓанин плаќа данок за државата каде што живее и државата е должна да го заштити, да спречи секаков влез на тие дроги. А, факт е дека дрога имало и ќе има, дека замешани од поодамна се влијателни луѓе со разработена стратегија на внесување на таа дрога во државата и нејзино продавање. Од една страна дозволуваат тоа срање да се внесува, од друга прават реклами.
GoD.HateUSaLL убаво ви кажа дека ваков вид на пропаганда нема да функционира кај нас и да се постигне посакуваниот ефект, оти смешно влијаат овие рекламите. Треба реално отсликување на ситуациите, да се претстават фактите, те лоши, те добри. Го спомнаа и Requiem for a dreem, го имам одамна гледано и имаше 100% подобар ефект од овие рекламите. И ај сега кажете ми зашто ги трошат парите.
Да иако нели по последни истражувања бла бла марата била помалку штетна од цигарите и алкохолот,
сепак за мене е дрога и сепак е на список на опојни дроги.
Не те прави криминалец, но може да те направи ако претераш со конзумирањето и се префрлиш на појака дрога. Марата многу често е отскочна даска кон појаки дроги. Али сигурно има конзумирачи на мара на кои тоа им е секојдневие а марата не е бесплатна па крадат најпрво од дома, потоа може и од улица, а и има случаи на сообраќајни несреќни каде виновникот се докажало дека конзумирал мара.
Како и да е реков дека како што се клиповите (множина
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
) има слични примери и во реалноста. Најмногу се претерало на клипот за марихуана, а таа сепак е најконзумираната дрога и мора да се прикаже поекстремно малку за младината да научи да рече НЕ.
Инаку, од вакви муабети косата ми се крева. И да речеш дека марата е дрога кое може да те направи криминалец, да крадеш од дома пари, или пак не знам каков си зависник, или да те поттикне да пробаш нешто повеќе е неписменост, неинформираност. Не знам како, ама ги прифаќате сите нови истражувања кои ви одговараат, а кога ќе ви речат дека алкохолот и цигарите се поштетни од марухуаната, не ви се слуша.
Се на се, не пробувајте ништо од дрогите, ама информирајте се малку, научете нешто повеќе, да не ви се случи она што го кажа GoD.
Коа збор - два не се доволни, треба да се објасни малце повеќе, зашо милион паметни фаци на форум ги има што знаат нешто за дрогата колку шо знае баба ми.
А баш таквите, неедуцирани фаци, шо сега спамираат "НИКАД НЕ БИ ПРОБАЛ ТАКВО СРАЊЕ!" стануваат џанаци пошо се неписмени.
Поздрав и имајте убав живот :smir: