Ќе ги пофалам рекламите поради добрата продукција и поради тоа што се каде каде пореални од пример Америчките (добро, освен таа за марихуаната). Но, да не бидам типичен антидраг супортер, ќе ги проанализирам.
За хероинот: Последиците од хероинот се горе доле реални кои се прикажани во рекламата и често се случуваат баш вака или на некој сличен начин, но тоа што ми е ретардирано во рекламата е самата типка. Жими се, типкава е најголемата глупача што ја имам видено во последно време. Мислам, размисли како почнува, иде на забава, се напалува на типац кој врска нема кој е, нешто се мотаат на журчето, па потоа типчето ја носи во некоја зграда, па влагаат во наркоманско дувло и и понудува хероин. Јас барем, во живот немам видено толку лесна личност, чим е толку лесна да наседне на хероин, кузнај колку е лесна да наседне на генг-бенг.
За кокаинот: ОК, поштуем што жртвата не не некој од улица, туку е некоја амбициозна личност, барем тоа горе доле го погодиле. Исто така сите работи што беа прикажани се исто така возможни, но тоа што ми беше глупо е што типов како константно да беше на кокаин. За да бидеш константно под дејство на кокаин треба да трошиш по неколку илјади евра месечно, а сумњам, дека и на типов не би му удрило во памет фактот дека ги спичкал буквално сите пари на тоа. За кокаин можеби и најмалце треба да се има антикампања, пред се дека е огромен луксуз за просечен Македонец и само парајлии можат да си дозволат, а и они неможат нон стоп.
За екстазито: Искрено, очекував типката да се претвори во астронаут и да се трља од кој стигне, но излгеда пак удираат на ексери со спид како мајоритет. Исто смешно ми е колку таблети ќе искрка типкава, повеќе се чудам како воопшто не умрела од овердоуз. Рекламата горе доле е реална, освен крајното. Во живот немам видено некој таблетоман на ексери да си направи сериозна повреда а тек камоли да се убие.
За марихуаната: Од каде да почнам, се си мислам дека тие што ги прават рекламиве не знаат како да ја оцрнат марихуаната па мораат да измислуваат вакви глупости, зарем толку ли е тешко да се направи реклама за како џанкер додека пуши неговите другари успеваат во животот, па потоа на 35 години да го прикажат типот како уште живее со неговите и неможе да си дозволи пари за ништо? Прво, џанак ако веќе дипли работи ќе ги дипли од продавница, а не да ограбува баби и да трча со чантата, второ, никој џанак не вика "па ние сме на врвот", можеби ја згрешиле реченица во сценаријата, требала да иде во некоја од другите реклами, и трето, ако си напушен Е БАШ ТОГАШ ќе внимаваш на патот и нема да направиш сообраќајка, можеби ќе направиш ако ти дојде тешко од марихуаната, или ако се избедираш, но дечкиве беа весели.
Посебно смешни ми се моментите кога викаат НЕ на крај. Кај хероинот, типкава такво арогантно НЕ ќе каже, што ме интересира муабетов на робајлииве за нејзе од кога ќе си отиде. Кај кокаинот, ок, дечкото најреално го кажа зборот НЕ. Кај екстазито, смешна ми е фацата на типката, таква вика НЕ ама следи и го погледот кон ексерот, како да вика НЕ ама во себе си вика "А да зеам? А? Не бе не. Или да а?", а другава типка таква "Држ ексер! Не? ОК, повеќе за мене.". Кај марихуанта, дечкото ме подсети на еден другар кога одбива работи, таков како психички да се спремал да го каже тоа НЕ.
Ако подобро размислам, рекламиве воопшто не се антикампања на дрога. Мислам, за хероинот е антикампања на ретардација, бидејќи типката е екстремно глупа, за кокаинот е антикампања на преамбициозен шупарлук, за екстазито е антикампања на женскиот менструален циклус, бидејќи сигурен сум дека поради тоа се фрлила низ прозор, а кај марихуаната е антикампања на малолетна деликвенција, крадење, правење џева, брзо возење, сите тие фактори се надвор од доменот "дрога".