Животот е мојот филм - Кампања на Владата на Р. Македонија

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Родителот од тоа најмногу се плаши децата да не му станат дрогаши.Како и да е ок се клиповиве се надевам ке допрат до некој дека дрогата не е никаков фенси филм


која кампања нема многу пари потрошено тука траат по 2-3 мин клиповиве
Како ќе се рекламира, преку youtard?
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Баба ми...Бог да ја прости велеше на времето: Сиинкооо! Пази се коа искачаш по тоа дискотеките у град. Слушна баба дека ставале марихуана у сокчињата!!! :)
Еххх...и викам абе бабо марихуаната не се пие. Таа се пуши! А баба ми: А СИ ПРОБАЛ МАГАРЕ ЕДНО А?! Ја излажав баба ми и и реков дека Бабо...НЕ! Никад. Не смеам баба да разочарам. Консумирам од травата одвреме на време. И не ми праи зависнот. Шо знам! Ганата не ми е опасна! Но никад не сум пробал ништо друго ниту ќе пробам. Повеќе сум љубител на алкохолот јас.
Но...фини спотчиња! А и баба ми фина беше! Ми фали нејзиното воспитување! Rest in Peace babo Peace!
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
:eek:ftopic: Седат наркомани во влез и се фиксаат. Им доаѓа бабичка и им вели:
-Шо прајте бе деца?
- Еве бабо, се фиксаме!
-Ако, деца, ако, само не седете на бетон, ќе настинете...
:pipi::wink::wink::wink:
 
H

HCL

Гостин
Ќе ги пофалам рекламите поради добрата продукција и поради тоа што се каде каде пореални од пример Америчките (добро, освен таа за марихуаната). Но, да не бидам типичен антидраг супортер, ќе ги проанализирам.

За хероинот: Последиците од хероинот се горе доле реални кои се прикажани во рекламата и често се случуваат баш вака или на некој сличен начин, но тоа што ми е ретардирано во рекламата е самата типка. Жими се, типкава е најголемата глупача што ја имам видено во последно време. Мислам, размисли како почнува, иде на забава, се напалува на типац кој врска нема кој е, нешто се мотаат на журчето, па потоа типчето ја носи во некоја зграда, па влагаат во наркоманско дувло и и понудува хероин. Јас барем, во живот немам видено толку лесна личност, чим е толку лесна да наседне на хероин, кузнај колку е лесна да наседне на генг-бенг.

За кокаинот: ОК, поштуем што жртвата не не некој од улица, туку е некоја амбициозна личност, барем тоа горе доле го погодиле. Исто така сите работи што беа прикажани се исто така возможни, но тоа што ми беше глупо е што типов како константно да беше на кокаин. За да бидеш константно под дејство на кокаин треба да трошиш по неколку илјади евра месечно, а сумњам, дека и на типов не би му удрило во памет фактот дека ги спичкал буквално сите пари на тоа. За кокаин можеби и најмалце треба да се има антикампања, пред се дека е огромен луксуз за просечен Македонец и само парајлии можат да си дозволат, а и они неможат нон стоп.

За екстазито: Искрено, очекував типката да се претвори во астронаут и да се трља од кој стигне, но излгеда пак удираат на ексери со спид како мајоритет. Исто смешно ми е колку таблети ќе искрка типкава, повеќе се чудам како воопшто не умрела од овердоуз. Рекламата горе доле е реална, освен крајното. Во живот немам видено некој таблетоман на ексери да си направи сериозна повреда а тек камоли да се убие.

За марихуаната: Од каде да почнам, се си мислам дека тие што ги прават рекламиве не знаат како да ја оцрнат марихуаната па мораат да измислуваат вакви глупости, зарем толку ли е тешко да се направи реклама за како џанкер додека пуши неговите другари успеваат во животот, па потоа на 35 години да го прикажат типот како уште живее со неговите и неможе да си дозволи пари за ништо? Прво, џанак ако веќе дипли работи ќе ги дипли од продавница, а не да ограбува баби и да трча со чантата, второ, никој џанак не вика "па ние сме на врвот", можеби ја згрешиле реченица во сценаријата, требала да иде во некоја од другите реклами, и трето, ако си напушен Е БАШ ТОГАШ ќе внимаваш на патот и нема да направиш сообраќајка, можеби ќе направиш ако ти дојде тешко од марихуаната, или ако се избедираш, но дечкиве беа весели.

Посебно смешни ми се моментите кога викаат НЕ на крај. Кај хероинот, типкава такво арогантно НЕ ќе каже, што ме интересира муабетов на робајлииве за нејзе од кога ќе си отиде. Кај кокаинот, ок, дечкото најреално го кажа зборот НЕ. Кај екстазито, смешна ми е фацата на типката, таква вика НЕ ама следи и го погледот кон ексерот, како да вика НЕ ама во себе си вика "А да зеам? А? Не бе не. Или да а?", а другава типка таква "Држ ексер! Не? ОК, повеќе за мене.". Кај марихуанта, дечкото ме подсети на еден другар кога одбива работи, таков како психички да се спремал да го каже тоа НЕ.

Ако подобро размислам, рекламиве воопшто не се антикампања на дрога. Мислам, за хероинот е антикампања на ретардација, бидејќи типката е екстремно глупа, за кокаинот е антикампања на преамбициозен шупарлук, за екстазито е антикампања на женскиот менструален циклус, бидејќи сигурен сум дека поради тоа се фрлила низ прозор, а кај марихуаната е антикампања на малолетна деликвенција, крадење, правење џева, брзо возење, сите тие фактори се надвор од доменот "дрога".
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Ах, знаев дека Србите се криви.
Ами како, Србите! Србите им стаат на децана по книгине дрога, и и по телевизорине, и по флиперине.

Пусти Срби, што да им се праи, коа брат ми се нафура со ране и сакаше да биде Мафијозо. Мене тие ми се криви!:drk:

Башка, гледај да внимаваш во иднина, да не тропаш глупости, пошо осеќам како да го губиш осетот каде и кога употребуваш стилски фигури.

Во последно време почна да ми наликуваш на глупак, а коа сум те упознал некад, не си бил таков. :nenene:
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
707
sekoj malku poinformiran znae deka ovie klipcinja se totalen bullshit i se totalno nerealni

problemot so drogata i borbata treba da se vodi na sosema drug nacin ..ova u check dis out
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ќе дадам само еден последен коментар на темава.
Ако секоја кампања за освестувањето на младите од пороците оди во ЧДА далеку ќе ни е крајот.
И зборувајте колку сакате, тешки зависници реално постојат. Без разлика што ете можеби нема центри. Не е оправдување да се каже дека има толку наркомани затоа што немаме центри за лечење. До свеста на секоја индивидуа е. Институциите се тука за да го поправат расипаното, а ваквите кампањи се за да го спречат расипувањето.

Се читаме на друга тема. Поздрав:helou:
 
S

smart ass

Гостин
Кампања за подигање на свеста кога се работи за уживање на било каков вид дроги. Убаво сработено, потресно, сјајно...
А ќе има ли продолжение...

Риталин продукција.

Диазепам и хелекс продукција....

не кажаа се и напротив сметам дека оваа кампања ќе влијае негативно.....посебно како онаа СО ДРОГАТА СМРТТА ВЕ ДЕМНЕ СЕКОЈ МИГ)....


е сега јас ќе си запалам џ гледајќи го 4-то видео на кое не можам да се изначудам колку е непрофесионално,наместено,КАДЕ Е АЛКОХОЛОТ сообраќајки убиства.) и крајно субјективно......кокаинот,младината бее остај такви...кажи што прави на срцето,мозокот,стерилност)..

за екстази е лага дека од една може да добиете таква депресија,имено се јавува кај честите корисници акутна депресија,и им даваат серталин,прозак,може и рисперидон-оти мора однесувањето да се нормализира..:toe:

Же направат и пародија на ова може :vozbud:

Ќе дадам само еден последен коментар на темава.
Ако секоја кампања за освестувањето на младите од пороците оди во ЧДА далеку ќе ни е крајот.
И зборувајте колку сакате, тешки зависници реално постојат. Без разлика што ете можеби нема центри. Не е оправдување да се каже дека има толку наркомани затоа што немаме центри за лечење. До свеста на секоја индивидуа е. Институциите се тука за да го поправат расипаното, а ваквите кампањи се за да го спречат расипувањето.

Се читаме на друга тема. Поздрав:helou:
Јасно дека е до свеста, но и до влијанието на општеството....дали оваа девијантна појава е природна-имено најстариот зависник од трави тутуни...бил пред4000 години-следствено на тоа таа субпопулација на луѓе е резултат на секое општествено уредување,дали е правило...без разлика од род па племе до модерна држава?????

Дали е карактеристика на човекот-или општеството и домашното воспитување имаат улога.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Смарт ес, и Хитлер на некој начин е креатор на светскиот развој, па за него не се вика дека треба да се следи во неговите постапки.
Тоа што се случувало пред 4000 години не значи дека сега треба да се повторува. И не знам како не сваќате, ама клиповиве се намерно направени за да ја прикажат најкрајната фаза на зависност од било кој вид на дрога до која може да се стигне.
Никогаш не можеш да знаеш дали некој што пробал ќе остане само на лесни дроги или ќе продолжи и со нешто потешко.
 
S

smart ass

Гостин
sekoj malku poinformiran znae deka ovie klipcinja se totalen bullshit i se totalno nerealni

problemot so drogata i borbata treba da se vodi na sosema drug nacin ..ova u check dis out

апсолутно...ма не е ни за ЧДА...

Лажат,види ситуации..Requiem for a dream


Овде филмот супер објаснува мастерпис е...а не о0вие глупи ПРОЕКТИ на влада

Смарт ес, и Хитлер на некој начин е креатор на светскиот развој, па за него не се вика дека треба да се следи во неговите постапки.
Тоа што се случувало пред 4000 години не значи дека сега треба да се повторува. .
Никогаш не можеш да знаеш дали некој што пробал ќе остане само на лесни дроги или ќе продолжи и со нешто потешко.
Ретко се забележува таков развој-како во германија за време на хитлер под условите и обврскиоте од ВВ1.

Хитлер креирал добар економски систем-затоа народот го сакал,имало прилично достојни плати....а и БДП-то каков раст...затоа и во војната се бранеа....ДО КРАЈ!.

освен што може економијата индиректно ја почнал,може е виновен па за втора светска и цела деструкција или пак англичаните оти дале гарант на независност на полска.....


И не знам како не сваќате, ама клиповиве се намерно направени за да ја прикажат најкрајната фаза на зависност од било кој вид на дрога до која може да се стигне
Не е да не сваќаме...туку е ХИПЕРБОЛИЗИРАНО.

Најкрајната фаза не мора да биде таква каква они ја претстравуваат,може полошо,може и подобро-всушност наркоманијата за патологија се смета бидејќи има корелација(само затоа)...со криминал...

инаку имаме болести од зависност...дури и од мобилни телефони,алкохол кој често резултира со трајно слепило,цироза ,парализа...или смрт.Ете во турција загинаа дајца туристи од германија од алкохол-вотка мислам...

А има случаи во русија(каде 50000 гинат од алкохолот-ама мора индустријата и земјоделците да работат компири .),исто е и во јужна америка и азија...не продаваат алкохол...туку јак отров.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
За проблеми со алкохол ќе си има ваљда кампања. Против пушење има кампања. Зошто да нема против дрогата?

Но тоа не е битно, само поради фактот што дискусијава би немала крај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom