Во Пештани станува алармантно

По постојаните врнежи од дожд и снег проследени со силен ветер и грмотевици од синоќа, што според хидрометеоролозите беше критичната ноќ за Охрид и променливото време денес, водостојот на Охридското Езеро никако не се намалува.


Тој сега е околу 72 сантиметри над нултата или 14-тина сантиметри над максимално дозволената точка. Во едно од позагрозените подрачја во крајбрежното туристичко село Пештани, по апелите од Охридскиот градоначалник Петрески, денес дојде министерот за транспорт Јанакиевски со координативното тело, од каде тој упати смирувачки тонови до населението околу Охридското Езеро.
„Ова никогаш не се случило шо сега се случува, сношти слушаме изјави од пратениците дека не е езерото надојдено, никогаш вака не било надојдено езерото со волкаво големо количество вода. Ако ништо не се превземи, верувајте дека овде ќе настанат големи проблеми. Ние верувајте дека цело село постоиме на вода“, рече Сандре Нечовски, претседател на М.З. Пештани.
„Ако дувни ветар бран од Калишта, тоа се бранови кои што се од 3 до 4 метри, тоа фаќа некаде еднаш до два пати годишно. Недај боже да фати таков бран, Пештани за пет минути ќе биде поплавено. Значи решението е под хитно да се направат два потпорни ѕидови до 200 метри“, вели Трајан Симоноски, претседател на Здружение „Пештански чун“.

Од 400 куќи во Пештани 100-тина веќе 1,5 месец се под вода, некои и до 1 метар, чии жители стравуваат од целосно поплавување на селото. Тие велат дека денес не слушнале конкретно решение од министерот Јанакиевски.
Во време кога природата ја покажува својата надмоќ, впечатлива е нетрпеливоста меѓу централната власт и опозициската локална самоуправа. Очекувајќи помош, граѓаните постојано слушаат политички препукувања.
Од друга страна Стружани, чии плажи во центарот на градот се веќе поплавени, како и дел од Охридските, неофицијално тврдат дека испустот на вода кај Црн Дрим во Струга е над максимално дозволеното количество, што дополнително ги загрижува граѓаните.

Извор
Да видат сега како ке си поминат кога не гласале за ВМЛО ДПМНЕ нека ги поплави. ако се отвореа браните навремено ништо немаше да се случи
 
Кој е виновен за обилните врнежи и поплавите ?

Владата 29% (53 гласови)
Опозицијата 16% (29 гласови)
Господ 10% (19 гласови)
Глобалното затоплување 25% (46 гласови)
Ланскиот снег 21% (38 гласови)

Да се смеам или да плачам сеа :pos2:
владата е крива зашто паднав јас мрежи!!!
владата е крива зашо крајот на светот викаат ке биде у 2012!!!
владата е крива зашо врне!
владата е крива зашо седам сега на кајгана место да спијам!!!
владата е крива за се !!!
 
владата е крива зашто паднав јас мрежи!!!
владата е крива зашо крајот на светот викаат ке биде у 2012!!!
владата е крива зашо врне!
владата е крива зашо седам сега на кајгана место да спијам!!!
владата е крива за се !!!

А според тебе кој треба да превземе некакви мерки???
 
Ama koga ti idvam na gosti vo Ohrid dali gi naricas Bugarista:)

Been there, done that.

А ти ако немаш нешто попаметно од ширење на бугарофилија, поготово на темава, не коментирај.
 
оф топик прв и полседне пат.....јадам бугари за вечера секоа ден по еден останав гладен....уште првиот ден е толку има во кавадарци:pos2:
 
Еве, градоначалников знае кој треба да превземе мерки :toe:

Ама барем превзема некои мерки а не брбори дека се е под контрола многу е лоша ситуацијата само се молам да се оправи времево да не фатат некои дождови. Пред некој ден бев во Охрид и првпат го гледам вакво езерото а идам често за Охрид последните три години нема месец а да не отидам два пати во Охрид и го немам видено волку надојдено езерото ако за вас е тоа нормално и нема место за паника тогаш веројатно со мене нешто не е во ред.
 
Ама барем превзема некои мерки а не брбори дека се е под контрола многу е лоша ситуацијата само се молам да се оправи времево да не фатат некои дождови.

Шо мерки превезма бе? Плаче кај Бугарите? Он бил добар пријател со Бојко Борисов. Па, па, па... Каква мерка е тоа...
 
Скопјанишчава се криви бе за поплавата! Не се вадете сеа демек власта била крива... :)
 
Шо мерки превезма бе? Плаче кај Бугарите? Он бил добар пријател со Бојко Борисов. Па, па, па... Каква мерка е тоа...

Некаква нешто презема бара некое чаре за состојбата мора да има некоја помош или најдоборо е да вика се е под контрола будно ја следиме состојбата нема место за паника???
Ако според тебе треба да го прави тоа секоја чест...
 
Некаква нешто презема бара некое чаре за состојбата мора да има некоја помош или најдоборо е да вика се е под контрола будно ја следиме состојбата нема место за паника???
Ако според тебе треба да го прави тоа секоја чест...

Која де? Кажи ми која мерка ја превзел тој досега за да се спречи или да се оправи ситуацијата? Некаква не е одговор.

Него, веднаш владата сакала да го поплави Охрид пошто он бил градоначалник! Или еве македонската влада не помага, трк кај другарите од Софија, тие ќе се грижат за Охрид. Мореее. И на несреќи да се фаќало ситни политикантски поени. :kesa:
 
А што може сам градоначалникот да направи освен да побара помош од власт или од некој друг не сум многу по политиката и до вчера не знаев ни дека на Охрид градоначалникот е од сдсм. Е овој истиот градоначалник бараше помош од власта ама овие викаат се е под контрола дали според тебе е под контрола ситуацијава????
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom