аллександар
Вечно ненаспан
- Член од
- 5 мај 2006
- Мислења
- 7.381
- Поени од реакции
- 2.523
По постојаните врнежи од дожд и снег проследени со силен ветер и грмотевици од синоќа, што според хидрометеоролозите беше критичната ноќ за Охрид и променливото време денес, водостојот на Охридското Езеро никако не се намалува.
Тој сега е околу 72 сантиметри над нултата или 14-тина сантиметри над максимално дозволената точка. Во едно од позагрозените подрачја во крајбрежното туристичко село Пештани, по апелите од Охридскиот градоначалник Петрески, денес дојде министерот за транспорт Јанакиевски со координативното тело, од каде тој упати смирувачки тонови до населението околу Охридското Езеро.
„Ова никогаш не се случило шо сега се случува, сношти слушаме изјави од пратениците дека не е езерото надојдено, никогаш вака не било надојдено езерото со волкаво големо количество вода. Ако ништо не се превземи, верувајте дека овде ќе настанат големи проблеми. Ние верувајте дека цело село постоиме на вода“, рече Сандре Нечовски, претседател на М.З. Пештани.
„Ако дувни ветар бран од Калишта, тоа се бранови кои што се од 3 до 4 метри, тоа фаќа некаде еднаш до два пати годишно. Недај боже да фати таков бран, Пештани за пет минути ќе биде поплавено. Значи решението е под хитно да се направат два потпорни ѕидови до 200 метри“, вели Трајан Симоноски, претседател на Здружение „Пештански чун“.
Од 400 куќи во Пештани 100-тина веќе 1,5 месец се под вода, некои и до 1 метар, чии жители стравуваат од целосно поплавување на селото. Тие велат дека денес не слушнале конкретно решение од министерот Јанакиевски.
Во време кога природата ја покажува својата надмоќ, впечатлива е нетрпеливоста меѓу централната власт и опозициската локална самоуправа. Очекувајќи помош, граѓаните постојано слушаат политички препукувања.
Од друга страна Стружани, чии плажи во центарот на градот се веќе поплавени, како и дел од Охридските, неофицијално тврдат дека испустот на вода кај Црн Дрим во Струга е над максимално дозволеното количество, што дополнително ги загрижува граѓаните.
Извор