Еве две слики колку да ви пренесам да видите атмосферата каква беше (иако земени пред крај) со малку лош квалитет бидејќи камерата на мојот телефон нема блиц.
Е сега нешто повеќе за журката, супер си поминав, запознав доста интересни и одлични луѓе жалам што на прв поглед не ве дружев толку, но следната собиранка ветувам и те како ќе бидам повеќе дружељубив.
Ете, некои мислеле дека имам 35 години, некои мислеле дека имам 28, трети не ме ни знаеа, па сите овие сега имаа прилика да ме запознаат и мене.
Се гледаме и на следните собиранки, поздрав од мене голем до сите кои беа таму.