Варено вино

Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
Мммм, обожавам варено вино, на ладно време или после стресови само тоа може да ме расположи :) Го имам пробано тоа од Аја и не викам дека е лошо, ама некако поблаго и повкусно ми е во Њу ејџ, дефинитивно треба да поминам таму, одамна го немам осетено тој вкус :)
 

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Мммм, обожавам варено вино, на ладно време или после стресови само тоа може да ме расположи :) Го имам пробано тоа од Аја и не викам дека е лошо, ама некако поблаго и повкусно ми е во Њу ејџ, дефинитивно треба да поминам таму, одамна го немам осетено тој вкус :)
Ако не паднал покривот во Њу ејџ.:smir:
Јас последен пак кога бев пред распаѓање беше.

Многу сакам варено винце.Ама јас кога ќе си го направам.Со биберче и сите тие марифети со него.
Мммммм....ми се припи сега.:vozbud:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Баба ми и дедо ми правеа варено вино. Ама додаваа и црн бибер , специјално против настинка. Некој старински рецеп кој го користеа против болки во грлото. Па да кажам бааги го дрнчаше грлото.
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Варено вино:
Литар црвено (црно) вино. Добро домашно, Кавадарка или Витач.
Се става во тенчере на не многу јак оган.
Се додава 1 лажица мед и една лажица шеќер.
Потоа се додаваат 300 мл. сок од јаболка и 300 мл. сок од боровница.
Кога ќе почне виното скоро да врие се додаваат неколку каранфилчиња, малку цимет и парчиња портокал.
Се чека да зоврие и се служи топло. :smir:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Ух варено вино, оргазмично!
Еве еден рецепт на сестра ми. Уствари само состојки ќе набројам зашто не знам каде е запишан, ама ако некој го интересеира ќе го побарам!

-црвено вино
-сок од портокал 100%
-малку вода
-сецкан портокал на кругови
-каранфилче
-цимет
-шеќер

Ова некој спешл сестрински рецепт, ама многу вкусен напиток излегува.
Подетално покасно!
:salut:
уште ти фалат само неколку суви сливи и суви кајсии за да е комплетирано , инаку ова е Glintwein:smir:


 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Варено вино:
Литар црвено (црно) вино. Добро домашно, Кавадарка или Витач.
Се става во тенчере на не многу јак оган.
Се додава 1 лажица мед и една лажица шеќер.
Потоа се додаваат 300 мл. сок од јаболка и 300 мл. сок од боровница.
Кога ќе почне виното скоро да врие се додаваат неколку каранфилчиња, малку цимет и парчиња портокал.
Се чека да зоврие и се служи топло. :smir:
Мислам дека место сок од јаболка може да се стави насечкано јаболко заедно со сечканиот портокал на почетокот.
И ако не се лажам се ставаат и по неколку шипинки :)

И да, го обожавам зимскиот студ само поради грееното вино и салепот :)
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Eве еден рецепт за варено вино.

Потребни состојки:

1 л. Црвено вино,
1 чаша вода,
Сецкана кора од портокал,
Сецкана кора од половина лимон,
100 гр. шеќер,
1 стапче цимет,
3 каранфилчиња,
Бибер.

Начин на приготвување:

Во тенџере на оган најпрвин се додаваат водата и шеќерот. Откога ќе зовријат се додаваат сецканата кора од лимонот и портокалот, каранфилчињата, циметот и малку бибер.
Сето ова се вари и меша. Потребно е течноста да згусне како шербет.
Откога ќе згусне се додава и виното и заедно да проврие уште 2-3. мин.

Консумирање:

Вареното вино се консумира топло во огнотпорни чаши.

Напомена:

Доколку виното е со покиселкаст вкус се додава повеќе шеќер. На здравје!
 

SteamyLover

beautiful tango
Член од
24 октомври 2012
Мислења
202
Поени од реакции
554
Член од
3 март 2013
Мислења
48
Поени од реакции
56
http://www.kafepauza.mk/zivot/vareno-vino-spored-receptot-na-dzhejmi-oliver/ еве според Џејми, може да се проба :D Иначе некои варено вино го прават и само греење, додавање на шеќер, цимет и каранфилче и вкусно е и така, можам да речам.
Го имам направено, ептеееен беше добро.
А вака најубаво ми е во бившо Аја, сегашно Кашмир. Мераци.
 
П

Пепси_

Гостин
која глупост шеќер :tapp: и треба да се запазе температурата да не се изгубат состојките
 

Kajgana Shop

На врв Bottom