Редовна војска повторно?

Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.057
eh samo koga povtorno bi ja vovele redovnata vojska ama tesko malce toa
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
платена војска? самото име кажува .) дека некои се само за пари...не сите.......абе редовна војска......тоа да се средат касарните треба...некои под концесија се дадени :)
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Добро е да се воведе повторно ама со еден друг концепт каде што младиот човек ке се запознае со повеке вештини кои би му користеле во животот, истовремено можност да се поработи на моралните вредности кои повеке и не постојат како и патриотскиот однос према државата.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
(болт) сооооу симптоматик :toe:
и многу не си во право за последната реченица :nenene: знаеш дека во Норвешка и Финска е задолжителна? земјите со највисок стандард

1. треба да јадеш за да живееш а не да живееш за да јадеш
2.многу малодушно
3.уште повеќе малодушно
4.никој не се раѓа дисциплиниран, секој се воспитува или превоспитува
5.не е точно, војската те учи да бидеш војник а ти сам треба да се научиш да бидеш човек, шо без навреда засега не ти успеало
6.син на мајка

колку и да имаш, жално, сочувство за твоите родители

--- надополнето ---


се одржава во форма
Чекај сега ти си за воведување на редовна воена обврска ради бранење на домовината од евентуален агресор или војската како механизам кој ќе ти помогне да го утврдиш својот полов идентитет?

Ако е првото тогаш стварно е нејасна морбидната фасцинација со смрт, искасапени лешеви на млади луѓе кои би виселе по регрутни центри во случај на агресија која ќе заврши пред да заврши мобилизацијата. Прибидејќи РМ не е Русија со длабочина на територија од иљадници километри за да има време да мобилизира единици и да ги распореди на правците на нападот, туку нејзината скромна територија не дозволува никаква реална одбрана од страна на регрутна армија. Освен млади лешеви и мајки во црнила...
Ама не си ти крив така ти кажале...

Ако е второто...Јас немам мака со половиот идентитет, ниту сум го загубил некаде, па да одам во касарна да го најдам. Тоа барем не е тешко да се сфати. Тешко е да се сфати зошто некои имаат недефиниран полов идентитет, несигурни се во својата полова припадност, па како што читам тука а и сум слушал од луѓе...се станувало маж тек по отслужување на воен рок...кој што има мака со тоа нека си оди војска...секој со своето, кој го боли заб оди на забар, кој му се јаде бурек оди во бурекџилница, кој се сомнева во половиот идентитет оди војска и така...
На пример С.Кореја оделе 3 години аскер, дали тоа значи дека се 6 пати поголеми мажи од оние кои тука служеле на пример 6 месеци ?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
M

Moon Child

Гостин
Многу лиглиња у последно време во поновиве генерации,особено тие родени после 90 година.И сега има доброволци,јас ќе отидев за малце меѓутоа се вработив и ништо не испадна сега за сега.Ама ќе отслужам кога тогаш.
Хм, кога тогаш мислам дека неможеш :) Најдоцна на 26/27 години можеш да служиш. Барем јас така мислам :smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
у ствари ете една добра идеја за намалување и победа на невработеноста. само пари за војската ќе им фали.
 
Г

Господ

Гостин
Само пази некој ден да не ти се сруши универзумот твој...
Jaс ќе си го пазам мојот,ти гледај си го својот.Пикањето нос секаде не е убаво,особено ако не ти се допаѓа мојата миризба.


За сите што сакаат да одат војска слободно можат да одат,али не се обидувајте на оние што имаат мозок да им ја натепате вашата лоботомија.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Хм, кога тогаш мислам дека неможеш :) Најдоцна на 26/27 години можеш да служиш. Барем јас така мислам :smir:
подобро да ја чуваат добор обучени професионални војници наша држава кои во секое време ќе можат да интервенираат отколку регрути насекаде во Свет најценета армија е професионалната армија
 
Г

Господ

Гостин
(болт) сооооу симптоматик :toe:
и многу не си во право за последната реченица :nenene: знаеш дека во Норвешка и Финска е задолжителна? земјите со највисок стандард

1. треба да јадеш за да живееш а не да живееш за да јадеш
2.многу малодушно
3.уште повеќе малодушно
4.никој не се раѓа дисциплиниран, секој се воспитува или превоспитува
5.не е точно, војската те учи да бидеш војник а ти сам треба да се научиш да бидеш човек, шо без навреда засега не ти успеало
6.син на мајка

колку и да имаш, жално, сочувство за твоите родители
1.Јас уживам во храната.За мене храната е повеќе од гориво.
4.За кого како.
5.Ти очигледно имаш лоша дефиниција за тоа што е Човек.За мене денешниот човек е симбол на простотилак,јас ќе надвладеам над себеси и медиокритетот.
6.Сите сме.


Благодарам за сочувството,ќе им пренесам.
 
S

Sagan

Гостин
Овие НАТО стандарди за Македонија значат само едно: смалување на одбранбената способност на државата, во која народот ќе нема абер од дисциплина и способност за борба во “не дај боже“ ситуација.

Наместо тоа, правиме единици обучени по некакви стандарди какви што бара САД, а кои треба да се борат за нивните интереси ширум светот.

ДА за задолжителен воен рок за секое машко во државата.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Добро гледам дискусијата се префрли од потреба за воведување на војска во стекнување на дисциплина и станување на маж при отслужување на воен рок. ОК реално како прво неколку пати имам кажано на темава, Македонија не само што нема интерес туку одржување на војска опремување на касарни војници итн.. е само трошок кој се "исплатеше" само во социјализмот кога постоеа здрави граници и расцепкани идеологии. Во ова време на глобализација тоа умре. Сега ако сакаш да бидеш војник ќе се пријавиш како професионалец и во животот и тоа ќе си го работиш. Такада времето за одење во војска заврши и нема да се врати нема интерес а најмалку од се е дека ќе очекуваме некој воено да не нападне.
За дисциплината се согласувам точно е дека денес младата генерација на индивидуи премногу ги зема работите здраво за готово и со нивното однесување си ствараат поголеми проблеми. Ама мислам и дека војска не е решение за секого за потешки случаи треба да си има и институции може некој да иде во војска и да стане насилен па така и да се понаша цел живот. За младите треба и школите да си преземат поголеми активности и програми и од дома нивните да имаат поголема контрола.
 
S

Sagan

Гостин
...трошок кој се "исплатеше" само во социјализмот кога постоеа здрави граници и расцепкани идеологии.

...најмалку од се е дека ќе очекуваме некој воено да не нападне.

...треба и школите да си преземат поголеми активности и програми и од дома нивните да имаат поголема контрола.
НАТО нема да постои вечно, приоритети на членките ќе се менуваат согласно нивната, првин, економска, а потоа и безбедносна потреба.

Едни сонуваат за Голема Албанија, други за Велика Бугарија, трети ја бараат Пелагонија, Лихнидос и Хераклеа Линкестис... Демоните на минатото не умираат брзо.

Школите се пропадната инвестиција, почнувајќи од законите кои не гарантираат дисциплина, уште помалку воспитување, а целите напори се усмерени кон некакво си перење мозок наречено “образование“.

Јас лично, на моето дете би му забранил 90% од наставните програми по историја и 100% од етика во религии и слични пералници на мозок и гаење на национализам и верски поделби, па макар не 1000 евра казна, туку година затвор да треба да одам.

Контролата од дома кај најголемиот дел родители е непознат поим, бидејќи капитализмот ги претвора луѓето во роботи програмирани да се однесуваат како робови, а да мислат дека се најслободни на свет. Во такви услови, децата, нивниот психо-физички развој, образование и воспитување, се далеку од приоритет за родителите.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Нема врска ова. Ако мислиш за после 50-70 години да веројатно работите ќе се изменат за тогаш нема што да се коментира. Не дека знаеме што точно ќе се случи ама не може да си правиме бајрам дека ќе се браниме ако веќе некој не нападне крајот ќе се случи како и да е. Македонија не е воена сила и никогаш не била, земји како Украина, Шпанија, Полска и ред други со својата големина не се способни да влијаат ниту политички ниту економски и не се воени сили. Војската во Југославија и војската од осамостојување до 2006 кога се укина задолжително, беа два различни поими со димензии земја-небо пред се од реалната потреба и од различните тогашни поделби и идеологии. Денес глобализацијата и капитализмот си го направи своето и ние како обично парче земја веќе сме упиени ако веќе се заговара нешто ќе се направи преку ноќ. Според ова задолжителен воен рок заврши во рамките како што постоеше не само за Македонија туку и за цела Европа бидејќи професионалната е решение пред се економски исплатливо а само за стекнување на дисциплина во задолжително отслужување сигурно дека нема да се воведе.
 
S

Sagan

Гостин
Те разбирам, ама сепак не е сеедно Македонија со 10.000 обучени професионални војници и Македонија со 1.500.000 воено способни и обучени граѓани. Ќе размисли било кој дали ќе тргне на Македонија во вториот случај.
За дисциплината не сакам ни да зборувам. Доволно е да се завртиме околу нас.

Во моментот, само за македонските војниците на странски мисии од интерес на САД, од нашиот Буџет месечно се двојат по еден милион евра. Годишно 12.
А повеќе луѓе годишно гинат од паѓање од магаре, отколку од терористички активности.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Те разбирам, ама сепак не е сеедно Македонија со 10.000 обучени професионални војници и Македонија со 1.500.000 воено способни и обучени граѓани. Ќе размисли било кој дали ќе тргне на Македонија во вториот случај.
За дисциплината не сакам ни да зборувам. Доволно е да се завртиме околу нас.

Во моментот, само за македонските војниците на странски мисии од интерес на САД, од нашиот Буџет месечно се двојат по еден милион евра. Годишно 12.
А повеќе луѓе годишно гинат од паѓање од магаре, отколку од терористички активности.
1.500.000 ?
Заедно со дијаспората или...!?
Кој ќе ја наоружа,мобилизира,организира,опреми,распореди,командува,храни и облекува таа маса и против кој (наводен) агресор?
За колку време таа маса небројана ќе излезе оформена како борбена единица на пат на движењето на непријателот?
Или ко на кантер е тоа нешто, игрица некаква...
Чисто конкретно да видиме што и како...:)

А за дисциплината, киселините во желудникот, фризурата и музичките вкусови тука е семејството,чколијата (теоретски хехе) средината...
Оние кои бараат да одат војска со цел да се „дисциплинирале„ признаваат дека нивните родители се total fail па сега бараат некој друг да ги упати на прав пат во живеачката...

П.С. Сега е 2011 а не 1941 и агресорите маваат од високо и од далеку, набрзинка...да умри чоек а да не осети бе...:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom