Редовна војска повторно?

  • Креатор на темата Креатор на темата SmokeTooMuch
  • Време на започнување Време на започнување
Глупо е да нема задолжително служење на воен рок, пушка да незнат да фатат луѓето, нема смисла,штом завршам факултет, одам.
 
Затоа реков, шпекулации не се веродостојни. Ти погоре спомна

и поради тој збор те прашав дали имаш веродостоен извор или дефинитивно значи твоја претпоставка од шпекулациите кои кружат наоколу.
Се додека е останато само како предлог не може да се каже дека нештото е дефинитивно.
предлогот е доставен до Владата,што значи следува само ратификација во Собранието(ако реши Владата да го достави до Собранието по се игледа дека ќе се прифати поради мнозинството на владеачката структура а можно и опозоцијата да го прифати законот) што значи 50% од работата е завршена:smir:

А зошто не се прогласиме за неутрална држава?
и неутралните држави имаа сопствена војска,но таа е платена
и второ ќе треба да се откажеме како држава од аспирациите за влез во НАТО
 
Да бе во војска ќе ти оди денешнава младина што по цел ден сади моркови на фармана.
 
1)Но тоа не беше потребно,пред се беше предлог на НАТО да се намали редовната војска,но не и да се укине,е сега зашто и поради кои причини ја укинаа тоа треба да ги прашаш политичарите(дури и самите вработени во АРМ им беше многу чудна идејава т.е. и самите се чудеа врз која основа се укинува)
2)Во секоја земја според нивните устави стои дека ниедна странска држава или организација нема право да го наруши интегритетот и суверинитетот на сопствената држава(доколу Собранието не одлучи влез или премин на странска армија).т.е. нивните армии имат за цел да ја бранат сопствената држава доколку таа е нападната од од некоја држава....ИМА ПРАВО ДА СЕ БРАНИ(според повелбата на ООН)...но каде што има сила и притисоци често ова повелба е прекршувана заради одредени интереси
не можеш да полагаш такви тестови на 14 години,мора да имаш наполнето 18 т.е. да влезеш во евиденција на подрачната единица на МО,па после да се пријавиш(како што беше последниве 4 години) или чекаш да ти стигне покана за пријавување
како можеш да очекуваш линк,кога тој предлог е предложен од страна на воени лица и експерти од одбраната,на Владата,што значи самата Влада треба да го разгледа,да види дали е можно пак воспоставување на воен рок,дали тоа ќе биде ефетктивно или контрапродуктивно,дали има услови итн па да го предложи на Собранието за гласање

Не се често прекршувани туку се секогаш "прекршувани". Војна се води пред се за интерес и за пари. НАТО е модерна империја која си ги има поставено овие стандарди како што кажав на глобално ниво.
 
Ја сакав уште од порано да идем у војска ама мојве не ме пуштаа. Ако ја напраа редовно, тогај супер :):)
 
Не се често прекршувани туку се секогаш "прекршувани". Војна се води пред се за интерес и за пари. НАТО е модерна империја која си ги има поставено овие стандарди како што кажав на глобално ниво.
точно така,западниве земји(а пред се САД) најмногу профитира од воената индустрија т.е. таа е многу важна гранка за нивни економски раст,но НАТО не е една држава(како Кина,Русија,Индија па и САД иако е дел од НАТО) да одлучуваат сами,составена е од 28 држави,што значи има 28 мислења,кога тогаш за нешто нема сосема да се согласат па макар и преку притисоци,што значи само се чека рокот на траење:toe:
НАТО децениски се модифицира,...првенствено е создадена за одбрана од тогашниот СССР,па за колективна безбедност(ако една земја членка е нападната од друга држава,тогаш ЕДЕН ЗА СИТЕ,СИТЕ ЗА ЕДЕН се,ма да до сега не видовме таков случај),сега се за борба против тероризмот ,па воено=политичка организација,не знам што ќе биде следно организација против глобалното затоплување,против вонземјани......

Ја сакав уште од порано да идем у војска ама мојве не ме пуштаа. Ако ја напраа редовно, тогај супер :):)
верувај дека војска не е тоа што мислиш.......строга дисциплина,контрола,вежби итн...сега е многу шалабајзерско,и очекувај дека во текот на тие 3 месеци служење дали 5 пати ќе пукаш со АК47(од кои 2 пати само ноќно гаѓање).не ми е поентата да те демотивирам:smir:
 
бел бумбар за ова, нека ја опфатат и '88 да идам и ја, додуша се мислам одамна за ваква работа, ем едно година дена на туѓ рачун ќе битисувам, ем ќе се стекнам со дисциплина и други животни квалитети, ем маскирно ова-она, пичиња се палат :), ем сите ќе спијат помирно кога ќе знаат дека ги чувам, :)
Башка и банкетите ќе се вратат у мода...
 
Секоја година има вакви шпекулации и на крај ништо не биднува,не дека ќе жалам што не биднува.
Ццц,господи,господи војска не сакал да служи...па нејќам.:toe:
Да е до мене нема да постои ни војска ни полиција ни држава ама не е до мене:toe:
 
Ludje, veruvajte mi, vojskata e nesto najglupavo sto mi se ima sluceno vo zivotot. Dzabe mi propadnaa 9 meseci od zivotot. A kakvi se ne idioti i moroni sum sretnal tamu...strasno.
 
Цивилна војска

Јас сум за воведување на редовна војска повторно, но цивилна без оружје, и за сите - и за мажи и за жени. Главна улога на војската треба да биде организација и помош во случај на елементарни непогоди и други непредвидени ситуации. Мислам дека еднократен 3 месечен тренинг е сосема доволен за да се научат безбедбедносни правила за да се избегне општа паника во ситуации како поплави, земјотреси, напади на вонземјани и слично :) И не мора баш да се вика војска ако тоа му е некому болна точка.

И јас до пред кратко време бев против војска, и потоа се случи Хаити и ме натера да размислувам во оваа насока. Замислете не нас во таква ситуација, кој ќе не спасува? Соседите? Хахахахахаха :jaj:
 
Не ми се верува да ја направат редовна но останува да видиме ..
 
Редно е да олабават од споменициве па ова му иде ко релаксација пред нова тура споменици :)

Бесплатна, редовна обавезна војска е - џабе трошоци и изгубено време. Капитализам нали, се се плаќа...или не е така?

Екс машина, го приметив твоето (пошто последно :) ) мислење па
- постоеја порано т.н. СВОЗ каде чаламџија од месна заедница организираше некои акции низ маало...премногу беше комично за да се сфати озбилно, т.е. гола вода беа тие активности. А за недајбоже Хаити...населението е тоа што ќе помогне, а плус има и платена војска која се вклучува во тие активности. Редовната војска не се обучува за спасување во вонредни ситуации туку само ради мобилноста, извежбаноста (секој ден трчаш километри, склекови-зависно нели од родот војска, секој ден газиш строј...), енергијата и непромисленоста како млад човек, а најбитно начин на функционирање-командување, Један команда, други раде и слушају, а тоа е потребно за вакви ситуации.

Но ваљда е само зае*анција, а не и реална информација
 
Војска? Па би идел да немам кого да оставам овде и да немам попаметна работа(читај факултет) али вака НЕ! :tv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom