- Член од
- 30 август 2008
- Мислења
- 2.232
- Поени од реакции
- 286
05.02.2010 10:52
Рускиот амбасадор во Србија, Александар Конузин ја предупреди Србија дека чинот на приклучување во НАТО значи формално признавање на независноста на Косово, затоа што воената организација не го смета Косово за дел од територијата на Србија.
Конузин во интервју за порталот "Econom:east" отворено рекол дека на односот на Русија со другите држави големо влијание има и фактот дали се тие земји членки на НАТО или не.
Конузин и потенцирал на Србија дека ако продолжи да инсистира за приклучување кон НАТО, со тоа би можела да ги загрози традиционално цврстите врски со Москва.
„НАТО има одреден став за Косово и ако и пристапите на организацијата која смета дека Косово е независна држава, тоа значи дека и вие го делите таквиот став“, рекол Конузин.
Тој додал дека самата Србија треба да одлучи дали сака да стане членка на НАТО и дека врз одлуката не смее да влијае било каков притисок од надвор.
Тој се согласил со ставовите на политичкото раководство во Србија, според кое, ако дојде до евентуален влез на земјата во НАТО треба да се да распише референдум, за да се побара одобрување од српскиот народ.
НАТО во 1999 година ја бомбардираше целата земја и секое семејство во Србија има свое мислење за тоа каков треба да биде односот кон ова организација. НАТО смета дека ситуацијата на Косово е веќе стабилна и е намалено присуство на КФОР, а постоењето на овие сили не е во согласност со Резолуцијата 1244.
„Само наивните луѓе веруваат во НАТО", истакнал Конузин во интервјуто.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119545