Градски аптеки одат во стечај.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
03.02.2010 19:27

Градски аптеки од денеска одат во стечај, тврди Благој Механџиски. Тој обвинува, касата на градските аптеки денеска е испразнета со налог издаден од Фармакорп, фирмата на Трифун Костовски и неговиот брат Стево.
Газдите на Градски аптеки повторно во судир кој сакал да ги пропадне аптеките.
„Денеска е испразнета касата и е неликвидна. Блокирана е и по закон за стечај треба да оди во стечај, бидејќи нема средства. А средствата ги испразни господинот Т.К - Тапкар Крадниковски, или Трифун Костадинов“, изјави Благој Механџиски.

Дека касата на аптеките е испразнета, Механџиски дознал од благајникот на Градски аптеки. Тврди дека целата работа е исценирана бидејќи сметката на аптеките е во банката на Костовски, а се совпаднало и со оставката на неговиот внук, кој деновиве поднел оставка на местото директор. Од друга страна, Трифун Костовски вели дека не знае за што се работи, од чие побарување е испразнета сметката, но стечајот е нешто што Механџиски одамна го посакувал.
„Нашиот член си поднесе оставка од местото директор на Градски аптеки, бидејќи апсолутно, неговото место беше нефункционално. Не е само мое барање, имаше многу барања и многу повлекувања од сметките. Епилог ќе се бара согласно стечајна постапка. Тоа цело време го сакаше Зегин, еве на крајот ќе го добие тоа“, вели Трифун Костовски.
Сега кога се исполнети законските услови, доверителите ќе поднесат барање до судот за стечај. Механџиски вели нема назад - следи ликвидација. 130-те вработени аптекари кои секој ден излегуваа на улица во знак на протест, останаа на улица.

„Вработените ќе одат да ги мерат улиците на Скопје. Од аптекари ќе станат геометри. Ќе вршат мерења на улиците. Тоа е“, рече Благој Механџиски.
Во септември вработените ставија клуч на врата на празните аптеките, додека државата или содружниците не најдат заедничко решение. Проблемот не се реши. Министерството за здравство им ги одзема и аптеките во здравствените домови, поради тоа што три години не плаќале кирија и режиски трошоци. Некогашниот фармацевтски гигант беше приватизиран во 2006-та година на 10 дена пред избори во време на екс министерот Владо Димов.
Од 340, останаа само стотина вработени.


ИЗВОР.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.790
Поени од реакции
12.272
И никому од овие бизнисмени нема да фали ниту влакно, браво.

Све је исто, само њега нема...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
И никому од овие бизнисмени нема да фали ниту влакно, браво.

Све је исто, само њега нема...
Ами сето жени таму кога требаше ќотек да им удрат овие уште една шанса им даваа......
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Изјавата на Механџиски:130 вработени сега ќе работат геометрија,ќе ги мерат улиците ха ха ха (слатко се насмеа)
 
B

Borg_Drone

Гостин
Некогашниот фармацевтски гигант беше приватизиран во 2006-та година на 10 дена пред избори во време на екс министерот Владо Димов.
Од 340, останаа само стотина вработени.
Тек дури сега ќе го осетиме поскапувањето на лековите.По се изгледа ќе направат како што правеа сите овие години: Градски аптеки нема да се продадат, ќе си останат под стечај; ќе изгубат од вредноста и ќе ја продадат на крај за ич пари.
Колку што знам помеѓу овие двајца (Механџиски и Костовски) има некакви пресметки, само затоа што двајцата си ги бркаат сопствените интереси, гледаат само како да се збогатат луѓе ќе страдаат!

Еве колку за илустрација како е во Шведска:

скуства
Во Шведска сите граѓани имаат исти права за лекување, раководени од нивните потреби. Исто така, Шведска важи за земја со најквалитетно здравство. Се прашувате каква врска има ова со македонските здравствени реформи? Верувале или не, Шведска има копирано дел од здравствениот систем во Македонија (тогаш дел од Југославија). Денес Југославија не постои, Шведска е богата земја со одличен здравствен систем и респектабилна членка на ЕУ, а во Македонија...се уште сме во реформи.
http://www.kapital.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=65&EditionID=606&ArticleID=14040

Дури сега мислам (во 2007 година) ја приватизираа нивната единствена аптека што ја имаа во државата (под државна сопственост).А ние кон што целиме со нашиве аптеки, на никаков стандард сме ги приватизирале Градски аптеки.....
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Изјавата на Механџиски:130 вработени сега ќе работат геометрија,ќе ги мерат улиците ха ха ха (слатко се насмеа)

Mme mu negovo, go slusnav i jas! Kakva ironija upotrebi!? Mi se gadi od ovie lugje!
 
H

^HITMAN^

Гостин
Овие двајца да можам би ги убил со шамари. Каква мафија е тоа само која слободно се шета низ земјава..ц ц ц...
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
ЅверкИ !

нек им препуштат бар на Минчо и Гуштерот, они се поголеми риби :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom