bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.330
- Поени од реакции
- 7.799
03.02.2010 19:27
Градски аптеки од денеска одат во стечај, тврди Благој Механџиски. Тој обвинува, касата на градските аптеки денеска е испразнета со налог издаден од Фармакорп, фирмата на Трифун Костовски и неговиот брат Стево.
Газдите на Градски аптеки повторно во судир кој сакал да ги пропадне аптеките.
„Денеска е испразнета касата и е неликвидна. Блокирана е и по закон за стечај треба да оди во стечај, бидејќи нема средства. А средствата ги испразни господинот Т.К - Тапкар Крадниковски, или Трифун Костадинов“, изјави Благој Механџиски.
Дека касата на аптеките е испразнета, Механџиски дознал од благајникот на Градски аптеки. Тврди дека целата работа е исценирана бидејќи сметката на аптеките е во банката на Костовски, а се совпаднало и со оставката на неговиот внук, кој деновиве поднел оставка на местото директор. Од друга страна, Трифун Костовски вели дека не знае за што се работи, од чие побарување е испразнета сметката, но стечајот е нешто што Механџиски одамна го посакувал.
„Нашиот член си поднесе оставка од местото директор на Градски аптеки, бидејќи апсолутно, неговото место беше нефункционално. Не е само мое барање, имаше многу барања и многу повлекувања од сметките. Епилог ќе се бара согласно стечајна постапка. Тоа цело време го сакаше Зегин, еве на крајот ќе го добие тоа“, вели Трифун Костовски.
Сега кога се исполнети законските услови, доверителите ќе поднесат барање до судот за стечај. Механџиски вели нема назад - следи ликвидација. 130-те вработени аптекари кои секој ден излегуваа на улица во знак на протест, останаа на улица.
„Вработените ќе одат да ги мерат улиците на Скопје. Од аптекари ќе станат геометри. Ќе вршат мерења на улиците. Тоа е“, рече Благој Механџиски.
Во септември вработените ставија клуч на врата на празните аптеките, додека државата или содружниците не најдат заедничко решение. Проблемот не се реши. Министерството за здравство им ги одзема и аптеките во здравствените домови, поради тоа што три години не плаќале кирија и режиски трошоци. Некогашниот фармацевтски гигант беше приватизиран во 2006-та година на 10 дена пред избори во време на екс министерот Владо Димов.
Од 340, останаа само стотина вработени.
ИЗВОР.