Легендарниот германски боб-возач,
Andre Lange, со својот партнер
Kevin Kuske го освоија златниот медал на олимписките игри. За Lange, ова е четврти златен медал на олимпијадите, што досега не му успеало на ни еден боб-санкач. Сребрениот медал исто така отиде во Германија, го освоија
Thomasu Florschuetzu и
Richardu Adjei со 22 стотинки заостанување, а бронзата ја освоија русите
Aleksandar Zubkov и
Aleksej Vojevoda со 86 стотинки заостанување.
ѓ
Германската натпреварувачка
Magdalena Neuner го освои златниот медал во биатлонот во трката на 12.5 километри. Таа патеката ја помина за време од 35:19.6, што беше за 5.5 секунди подобро време од второпласираната, русинката
Olga Zajceva. Брознениот медал го освои германката
Simone Hauswald со 7.3 секунди заостанување.
Швајцарецот
Michael Schmid е олимписки победник во слободни скијање, во дисциплината ски-крос. Среброто го освои австриецот
Andreas Matt, а бронзата норвежанецот
Audun Groenvold. Канаѓанецот
Christopher Delbosco не успеа да ја заврши трката, и остана без медал.
Хокеашите на
Русија го осигураа пласманот во четврт-финале на олимпискиот турнир, благодарејќи на победата од
4:2 (1:1, 1:0, 2:1) против репрезентацијата на Чешка во последниот двобој во групата Б.
Репрезентацијата на
Америка исто така го осигура првото место во А групата, победувајќи го фаворитот Канада со
5:3 (2:1, 1:1, 2:1). Канаѓаните во текот на целиот натпревар ја бркаа негативата на американците, кој успеаа да слават против еден од најголемите кандидати за олимпиското злато.
Во последниот двобој од првиот дел од турнирот во Хокеј, во групата Ц
Шведска без поголеми проблеми славеше против Финска со
3:0 (1:0, 2:0, 0:0). Шведска со оваа победа го осигура своето место во четврт-финалето, исто како и Финска, кој и покрај поразот се пласираа во понатамошната фаза од натпреварувањето.
Познати се и паровите за разигрување за четвртфиналето
После последниот завршен натпревар беше направена табела. Првите четири места кои водеа директно во четврт-финале ги освоија Америка, Финска, Шведска и Русија, а за останатите четири места ќе разигруваат 8 репрезентации.
За пласман во четвртфинале ќе се борат:
Чешка - Летонија
Канада - Германија
Словачка - Норвешка
Швајцарија - Белорусија