Фејсбук ми ја уништи врската ...

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
...не на мене нормално :)

Сретнав на ФБ пред извесно време група со ваков или сличен наслов. И океј, тоа не би претставувало некое чудо со оглед на тоа какви се глупости се изродија у последно време. Ама, земав да видам дали пишал некој на ѕидот...што да видам?

Собрани луѓе од Балканов, на српски беше иначе насловот на групата. И се исповедаат со тоа како фејсбук им ја уништил врската. Де имале љубоморни партнери, де они биле љубоморни и ги користеле сите алатки за да се осигураат дека се е под контрола, де се карале за коментари и лајкови. Ескалација на сукоби! Буквално.

Ја ги читам и им се чудам на глупостите. Али океј, свашта има.

Него темата ми е појше за . . .

Сте сретнале ли некој да има проблеми од овој тип или можда на вас ви се десило нешто слично?
Кои биле проблемите?
Што поконкретно се дешавало?

Дозволувате ли вие ФБ да има поголемо влијание врз вашиот љубовен статус?
 
M

marsovka

Гостин
За мене фејсбук претставува алатка плус да се докопам до информации и да ја задоволам својата зависност од информации

Infofeed
Infofeed
Иначе до сеа не сум налетала иначе повеќе би ја преименувала темата во социјални мрежи ми го заебаа животот :не заебавај:
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Еве еден класичен пример за тоа како фејзбук може да ти ја уништи врската

 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.786
Поени од реакции
11.349
Фејзбук им го уништи мозокот, ебати наказите.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Не е можно Фејсбук или некоја слична алатка да уништи врска. Можно е само да ги истакне повеќе разликите што партнерите ги имаат еден со друг, па да се забрза процесот или на раскинување или на средување на проблемите.
 

Miss Right

happiness machine
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.308
Поени од реакции
142
Па затоа што ни имам бф ни врска, пратам што им се случува на другарките и нивните врската поради фб. Се зачудив кога ѓи гледав нивните реакции секогаш таа/тој кога ќе добиеше лајк на некоја слика, статус и слично од некој/а. Или пак избришала дека е во врска или го сменала во слободна, и сега кавга зошто го тргнала/сменала, тоа значело дека таа му докажува дека тој не и значи ништо, или го гледа само како забава и слично, а конкретниот случај девојката го тргна поради родителите. Или пак слушам маубети од поблиски другарки леле тој на сите слики и оставил лајк, таа на ѕид постојано му пишува, и изиграваат детективи и роварат по профили да се уверат дали се во право. Најтрагично е тоа што не ни помислуваат дека тој/таа е само другар/ка и дека нема ништо помеѓу нив, одма на најлошото-ме изневерува. Повеќе пати имам приметено кога некој ќе стави песна, и следува постапка на анализирање на текстот на песната, дали има некое значење, дали е тажна и слично. Ако е меланхолична песната, тогаш и тој е таков, тогаш и нивната врска е таква и значи дека нешто не е во ред. Осеќам дека ќе ми раскини. Божее..неможи да значи дека можеби песната му се допаѓа?
Доколку фб уништи врска..тогаш некој од партнерите е мрднат.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Зашто се луѓево вакви?! Зашто?

Пред некое време на еден форум за ретардирани тинејџерки читам тема, дали ви смета ако дечко ви им женски пријатели на ФејсБук? Па како да нема, ако нема ќе се посомневам за неговата сексуална ориентација!

Ако стиснеш лајк, дадеш коментар, постираш нешто на wall не значи дека флертуваш. Ако е така, дај никој со никој да не се социјализира и сите да бидеме во сериозни врски. Плус тоа, како е можно некое виртуелно другарче што ни го знаеш ни го познаваш да ти расипе врска кога не се знаете?!

ФејсБук се отвара ако имаш вишок слободно време и тоа е тоа, незнам зошто се вметнуваат интриги и морате од се да направите шпанска серија.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Ок колку сте паметни!
Бравос, како може да постојат такви луѓе кои фејсбук им иништува живот ОМГ ОМГ ОМГ!!!!!

:icon_roll

Океј, сега кога престанавме да мудруваме, да познавам луѓе кои си го компликуваат животот со фејсбук.
Ми се случува и мене да имам поголема реакција од шо нормално треба.
Се вика ЉУБОМОРА!!!!
Погодете шо: луѓето ја поседуваат таа емоција.

Се нервирам коа има статус/песна шо не знам шо треба да значи.
Се нервирам кога има нешо што дискретно ми е упатено.
Се нервирам коа ќе видам дека некоја флертува а ми е непријатно да реагирам на тоа.
Ме нервираат зајадливи коментари кога некој мудрува на нешто што сум напишала.

Среќа шо не сум у врска и не драматизирам околу тоа во моментов. Во иднина...па нормално дека ќе допира до мене што напишал партнерот.
Само нема да дозволам тоа да ми уништи било што.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Се нервирам коа има статус/песна шо не знам шо треба да значи.
Прашај го.
Се нервирам кога има нешо што дискретно ми е упатено.
Прашај го.
Се нервирам коа ќе видам дека некоја флертува а ми е непријатно да реагирам на тоа.
Зашто непријатно?
Ме нервираат зајадливи коментари кога некој мудрува на нешто што сум напишала.
Јеа.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сум чула за такви случаеви, како и за караници огромни и кризи во врските предизвикани заради фејсбук. И да, мене искрено ми е чудно. Чудно како може виртуелниот свет толку да навлезе во вистинскиот. Па мајку му стара, ако дечко ми сака да ме извара, нема да биде толку глуп и очигледно на фејсбук да пишува за тоа. Сум си ветила на себе дека виртуелниот свет нема да ме оддалечи од тие што ги сакам, посебно не да ми расипе врска. Ако веќе сум одлучила да бидам со некој во врска, тогаш значи дека навистина и потполно му верувам и дека нема да се притресувам, за like, видео, коментар и слично. Крај на приказната. Ако осетам трошка сомнеж во однос на одредена личност, ич не влагам во врска, па така и немам ни намера време на фејсбук да губам. Мајку му, фејсбук е пред се за забава, ич немам намера да го сфаќам сериозно, ниту му давам на значење на нешто сериозно.
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Да ти се плукнам у врската штом ФБ ја уништил...Мислам дека проблемот бил друг, а ФБ е само изговор за кавга...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Благодарение на довербата која нажалост е застапена во се помалку врски, дури и најмал поглед на страна може да значи причина за распиување на истата.
Имам сретнато ваков проблем. На другарка моја и се случува моментално да не може да комуницира со другарки од Чешка затоа што дечко и мисли дека тие нејзини другарки имале намера да и наместат некој тип.
For the love of God, ако типот/типката намислила да мрда на страна, нема фејсбук да и биде првата опција.
На крај, многу луѓе си ги уништуваат врските затоа што си ги гушат партнерите. Па уште да земеш и на фејсбук да го гушиш, браво.
Не ги уништува фејсбук врските. Истиот е само изговор на оние кои сакаат да раскинат но не знаат како а и на оние кои ги знаат причините за раскинувањето но не сакаат да ги прифатат.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Благодарение на довербата која нажалост е застапена во се помалку врски, дури и најмал поглед на страна може да значи причина за распиување на истата.
Имам сретнато ваков проблем. На другарка моја и се случува моментално да не може да комуницира со другарки од Чешка затоа што дечко и мисли дека тие нејзини другарки имале намера да и наместат некој тип.
For the love of God, ако типот/типката намислила да мрда на страна, нема фејсбук да и биде првата опција.
На крај, многу луѓе си ги уништуваат врските затоа што си ги гушат партнерите. Па уште да земеш и на фејсбук да го гушиш, браво.
Не ги уништува фејсбук врските. Истиот е само изговор на оние кои сакаат да раскинат но не знаат како а и на оние кои ги знаат причините за раскинувањето но не сакаат да ги прифатат.
Тоа и го кажува, ама не е причината. Everybody lies, remember?
Може е лезбејка и и се свиѓа чехињата.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Тоа и го кажува, ама не е причината. Everybody lies, remember?
Може е лезбејка и и се свиѓа чехињата.
Па и да и се сфиѓа. Прво, у Чешка е. Второ, ако сака да прај нешто другаркава, ќе прај.
Али ако некој бара причина да си разгорува проблеми во врска, не на фејсбук, туку у шоља кафе ќе ги најде.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Па и да и се сфиѓа. Прво, у Чешка е. Второ, ако сака да прај нешто другаркава, ќе прај.
Али ако некој бара причина да си разгорува проблеми во врска, не на фејсбук, туку у шоља кафе ќе ги најде.
Она ако сака да го вара, нема сигурно да фати авион до Прага за да го вара, туку ќе го извара со првиот шутрак што ќе го најде на улица, така?

Така да, причината не им е другарката од Чешка. Причината е подлабока, али типот нејќе да и каже у фаца тоа што има да и го каже. Или пак, е болен психопат што сака да ја контролира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom