Немој да бидеш толку сигурен....
Рено 19 се произведува од 1988 до 2000. И сакаш да ми кажеш дека 1.4 моторот од 1989 исполнува исти еуро норми со 1.4 моторот од 1999?
Патем, во рено 19 се вградува 1.2 (постариот со карбуратор и 54кс, поновиот монопоинт инџекшн со 62 кс) , 1.4 (постариот со 65 поновиот со 80 кс и двата карбураторски), 1.6 (карбуратор со 78 кс и инџекшн со 76кс), 1,7 (постариот карбураторски и 92кс, поновиот мултипоинт инџекшн и 107 кс) и 1.8 (со 95, 107,113, 137, 140 кс). Е сега ти пресметај колку мотори БЕНЗИН се вградувале во Рено 19 и кој исполнува, а кој не еуро 1 стандарди. Сакаш да се обложиме дека ни ти додека не видиш подетално незнаеш кој мотор го носи реното, особено ако е 1.8?
Е затоа друже ги враќаат од граница, Рено 19 од 1990 и исто такво 10 години поново... не е исто. А муабетот со авто мафијата ти држи вода, познавам човек во Битола што купи Пунто, и на крај излезе дека пунтото е со сомнително потекло, и неможе да го увезе.
А за голфот појма немам што се дешава, битно 3-ката што ја има човекот што го знам неможи да ја увези. Не исполнува еуро 1 стандард, или можеби некој трет пошто имаат еден куп глупости налепено од министерство за стандардизација, велур седишта, незнам ти што, бла бла бла....