Најавени измени во законот за увоз на автомобили

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Царинските складишта преполни со стари возила

четврток, 11 март 2010, 17:41

Во очекување вчера донесените законски измени за акцизите да стапат на сила и да се усвојат измените и во царинскиот закон – царинските складишта во земјава се преполни со увезени половни возила. Луѓето од складиштата велат дека секојдневно стигале нови пратки на стари возила, кои привремено се чуваат – до нивното пуштање во промет.

Законот за акцизи кого пратениците ги изгласаа вчера, се очекуваа да стапи на сила утре, за кога се најавува неговото објавување во службен весник. Измените во Законот за царински тарифи се на расправа во собранието и се очекува најдоцна да стапат на сила идната недела. Од царината за Алфа велат дека до сега сигурно се увезени повеќе од илјада стари возила. Најмногу се увезувале возила од средна класа од Германија, Белгија, Швајцарија, Холандија и Словенија. Денеска, во нашиот обид да стапиме во контакт со продавачите на возила – речиси сите беа некаде на договарање зделки во странство.

Големиот наплив на коли кои доаѓааат од земјите од ЕУ, доколу се претпостави дека нивната вредност е минимум 3000 евра, на државата само во првиот месец ќе во име на царина акциза и ддв ќе и донесе околу мулион евра.

Дополнителен приход државата ќе оствари и од пререгистрирањето на автомобилите кои се возат во земјава со странски регистарски таблички, а чиј број се проценува на 40.000 возила.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&egId=7&eventId=19436

Ајде уште малку...:vozbud:
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78

абе економиста е николе наш,секоја чест...ваков закон требаше одамна да се донеси само сега кризно време дојде и за буџетот наш....им посакувам среќа во изборот на сите што ќе се одлучат да земат половен автомобил од странство:helou:
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248

Зш да не се земи половно возило, шо му фали на 5 годишно половно возило. Или сега фраерите со понови возила ќе имаат конкуренција.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Зш да не се земи половно возило, шо му фали на 5 годишно половно возило. Или сега фраерите со понови возила ќе имаат конкуренција.
не знам зошто во секој пост гледаме иронија?!(изгледа карактер на машкиот свет во оваа држава...)
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
не знам зошто во секој пост гледаме иронија?!(изгледа карактер на машкиот свет во оваа држава...)
Дечко држи се до темата, прво твојот пост беше иронија.

Шо му фалит на 5 годишно возило? А
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Дечко држи се до темата, прво твојот пост беше иронија, (не се тепај самиот со камења)
грешна проценка....не се тепај одма...прочитај уште еднаш и види со реални очи,не со твојот стекнат карактер...поздрав
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
грешна проценка....не се тепај одма...прочитај уште еднаш и види со реални очи,не со твојот стекнат карактер...поздрав
Ти бе знајш да одговориш или така ти чинит? да делиш памети овде.
 
T

Tetro

Гостин
Ти бе знајш да одговориш или така ти чинит? да делиш памети овде.
грешна проценка....не се тепај одма...прочитај уште еднаш и види со реални очи,не со твојот стекнат карактер...поздрав
дечки, :uvo:

доста беше :nesum:

повеќе да нема :helou:
 
Член од
25 април 2007
Мислења
91
Поени од реакции
1
Дали знае некој за што се има давачки, и колку чинат, за да увезам автомобил од 3000 еур, од словенија во македонија?
 
BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Дали знае некој за што се има давачки, и колку чинат, за да увезам автомобил од 3000 еур, од словенија во македонија?
ова можеби ќе ти помогне:

Неповолности со половните

Граѓаните се жалат дека не знаат каде да се обратат за да се информираат што се' е неопходно за да ги легализираат автомобилите
На македонските гранични премини секојдневно пристигнуваат од педесет до сто половни возила, кои чекаат на увоз, поточно да биде донесен новиот закон, иако граѓаните се жалат дека не знаат каде да се обратат за да се информираат што се' е неопходно за да ги легализираат автомобилите. Познавачите велат дека колите воопшто нема да излезат толку евтини колку што се очекува.

Од друга страна, речиси целосно замре дејноста купопродажба на возила откако пред еден и пол месец Владата ја обелодени иницијативата за увоз на возила стари и до 16 години. Дилерите што и лани имаа катастрофална година неофицијално во февруари продавале по едно до две возила. Драстичен е падот и на регистрирани автомобили, дури и на огласите за продажба на возила ретки се повиците.

Осигурителните компании тврдат дека во јануари годинава е забележан огромен пад на регистрирани возила во споредба со истиот период лани. Доброупатени извори го објаснуваат ова со опаднатиот животен стандард на граѓаните и со чекањето на новиот закон.

- Граѓаните се надеваат дека старото возило ќе го заменат со „ново“ увезено и затоа сметаат дека нема потреба од регистрација. И во станиците за технички преглед на возила информираат дека годинава имаат помалку работа - ни вели еден агент од осигурително друштво.
ЕПОПЕЈА ВО СТРАНСТВО

Увозник на половни возила опишува како изгледала неговата епопеја во странство кога пред една деценија се занимавал со оваа дејност.

- Ризично е да се нарача возило врз база на податоците на интернет-огласите од земјите на ЕУ. Освен цената на возилото, опремата што ја поседува и годината на производство, други информации нема. Малкуте фотографии не можат реално да ви ја отсликаат состојбата на автомобилот. Затоа луѓето често се решаваат лично да отпатуваат во странство или со помош на роднините што живеат во Европа за малку пари да набават евтино и квалитетно возило - вели нашиот соговорник.

Деновиве наголемо се зборува за намалување на царината и акцизите на половните возила. Но, никој од нив во крајната цена не ги става дополнителните трошоци, изгубеното време, ризикот поради непознавањето на јазикот, градот...

- Ова го работам повеќе од десет години. Увезував возила и во периодот кога старосната граница беше помала и кога беше слободен увозот. Не е лесно и воопшто не е евтино како што изгледа на прв поглед - вели увозникот.

Според него, многу е тешко индивидуално да се внесе возило, особено ако однапред не се знае што се' треба да се направи.

- Плацовите за половни возила во Германија и во Холандија се огромни. На едно место има илјадници возила. Сте тргнале по еден автомобил, но со малку повеќе пари може да купите поубав, па ви се прави збрка во главата. Не ја знаете состојбата на моторот, а таму се работи по принцип видено - купено, зашто никој не ви дозволува да донесете мајстор за процена. Уште потешко е ако не го знаете јазикот, вели тој.

Откако ќе го купите возилото, се одјавуваат старите, а возилото добива пробни таблички со придружните документи, меѓу кои и т.н. „ТУВ“, и возилото е подготвено за пат.

- Ако сте планирале со возилото да се вратите, пред да тргнете кон Македонија пожелно е сервисот да го направите во земјата во која го купувате за да не се доведете во ситуација да ве остави некаде по пат поради мал дефект. Ако возилата се носат со камион, за сите се вади документација и се изнајмува фирма за транспорт на половни возила. За овие возила не се потребни пробни таблици, што е трошок помалку, а се намалуваат и трошоците за транспорт - вели нашиот соговорник.

ВОЗИЛО СО МНОГУ ВРАТИ

На многу врати ќе треба да тропнете и многу уплатници да пополните откако со половниот автомобил ќе стасате на македонска граница, вели нашиот соговорник.

Прво нема кој да ви каже каде да се обратите. Ќе ве пречека само цариник, кому ќе му платите гранична царина од околу 50 евра. Ако не знаете што понатаму, ќе изгубите неколку часа додека не се смилува некоја од шпедитерските куќи да ви ја објасни понатамошната постапка. Ќе ви објасни дека автомобилот треба да се однесе на терминал додека не заврши постапката за царинење, каде што останува најмалку еден ден. Цената за стоење на терминалот до еден месец е околу 3.000 денари. За тоа време се плаќа царина од 1 отсто на каталошката вредност на возилото, која се одредува според таканаречениот „Шваке“-каталог или пак 5 отсто царина, ако возилото нема европско потекло, односно нема евросертификат.

- Откако ќе се плати царината, пробните таблички со кои возилото ги поминало европските патишта се враќаат во земјата од каде што е купен автомобилот, а сопственикот може да го однесе дома. Но, автомобилот се' уште не смее да го вози се' додека не ги плати и останатите давачки: еколошка такса - 50 евра, ДДВ од 18 отсто на каталошката вредност на возилото, сертификат со кој се докажува дека автомобилот ги исполнува еколошките стандарди, таканаречен „ТУВ“ ако не сте го добиле од матичната држава, како и трошоци за магацин и за шпедиција, кои не се пониски од 6.000 денари. По ова, возилото оди на хомологација, за што дополнително се плаќаат околу 4.000 денари. Сметам дека хомологацијата е непотребна, бидејќи „ТУВ“ сертификатот е доволен доказ од производителот дека тоа возило ги задоволува бараните стандарди. Хомологацијата само го потврдува истото, а непотребно се зголемуваат трошоците - вели увозникот на половни возила.

По плаќањето на овие давачки, следува промена на сопственоста на возилото, која мора да се завери кај нотар, што чини околу 3.000 денари. Треба да се напомене дека прво документите се носат кај судски преведувач, што е уште еден непредвиден трошок. Тогаш возилото е подготвено за регистрација, која новиот сопственик ќе го олесни за најмалку 200 евра.

За да биде сигурен новиот сопственик дека автомобилот нема да му се расипе на првиот свиок, автомеханичарите препорачуваат да се направи редовен сервис уште пред регистрацијата ако тоа не е сторено во матичната земја од каде што доаѓа.

Кога ќе се соберат сите придружни, неопходни давачки, излегува дека цената на половниот автомобил речиси двојно се зголемила од набавната.

Валентина Ангеловска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=81C6F72DFCEFB64FAFC4EEB69AC8DD23
:wink:
 
Член од
18 август 2007
Мислења
135
Поени од реакции
8
Лол, според ова испаѓа дека со тоа шо ке донесеш кола од таму ке платиш некојси 500 евра помалце за истата кола купена тука о.О Пак носење на мајстори, пак проверки праење ( шо коштаат нормално ).. И шо е тука ќарот?:toe:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
a sto mislevte vie deka ke bide bolje :) toa e toa eventualno ke ima slucai koi ke naletaat na top koli za top cena i toa e toa ostalo se e isto
 
Член од
15 декември 2005
Мислења
27
Поени од реакции
0
Luge mozat li da se registriraat koli so desen volan?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom