Најавени измени во законот за увоз на автомобили

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Ова последното што го прашуваш и јас го прашав.

Ама никој не ми одговори.

Ако е како кај нас (а сигурно е) тоа се прави при самото предавање на таблиците (странските) и се бараат привремени (цол) таблици.

Сепак барем ако има НЕКОЈ што има увезено автомобил нека кажи како оди процедурата во детали!
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
A овој закон ќе важи за мотори (се мисли на чопер/брзински... :))?
Како стојат работите таму?
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
K

kaiser soze

Гостин
а по кој каталог не кажаа
Незнам точно.Еве Ставрески што вели:

Ставрески посочи и пример, според кој примената на новиот модел ќе овозможи драстичен пад на вкупната цена што ќе ја плати граѓанинот, ако на пример сака да увезе Опел „астра“ со 1.800 кубни сантиметри запремнина и набавна вредност од 4.000 евра.
„Досега за вакво возилао се плаќаше акциза од 1.200 евра и кога на тоа ќе се додаде ДДВ и маржата крајната цената изнесуваше 6.500 евра, а со новиот модел граѓанинот за истото возило ќе плати 4.745 евра.
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Абе ако покажеш фактура која е со реална цена на колата што си ја купил нема ни да ти ја гледаат преку каталог.. Тоа е супер.

Е сеа неможеш Мерцедес S500 од 2008 да донесеш и да пишеш дека ти е 4500 еура..тогаш ке ти гледаат на каталог и ке си платиш колку што треба према .
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Незнам точно.Еве Ставрески што вели:

Ставрески посочи и пример, според кој примената на новиот модел ќе овозможи драстичен пад на вкупната цена што ќе ја плати граѓанинот, ако на пример сака да увезе Опел „астра“ со 1.800 кубни сантиметри запремнина и набавна вредност од 4.000 евра.
„Досега за вакво возилао се плаќаше акциза од 1.200 евра и кога на тоа ќе се додаде ДДВ и маржата крајната цената изнесуваше 6.500 евра, а со новиот модел граѓанинот за истото возило ќе плати 4.745 евра.
ако испадни во пракса така тоа ќе биде одлично-за нецели 5000 евра купуваш солиден автомобил стар 6-7 години
 

Lajce

Не за сркање
Член од
19 април 2006
Мислења
997
Поени од реакции
116
Поевтинуваат акцизите за патничките возила


Коментари (0)
12.02.2010 13:58
Зоран Ставрески
Акцизите за увоз на нови и стари возила во Македонија во 90 отсто од случаите ќе поевтинат, додека акцизите за увоз на луксузни возила ќе поскапат, објави во петокот министерот за финансии Зоран Ставрески.
Согласно одлуката што македонската влада ја донесе на синоќешната седница, акцизата на возила во иднина ќе се пресметува врз основа на фактурираната вредност на возилото, а не врз основа на кубикажата, што беше досегашна практика.
Притоа висината на акцизата ќе се зголемува пропорционално со вредност на возилото, што значи дека за поевтините возила акцизата ќе биде многу ниска, додека за полуксузните возила вредноста на акцизата пропорционално ќе расте.
„Владата при донесувањето на овие измени водеше сметка да не се наруши пазарот на нови возило и да се понуди модел кој што одговара на современите технолошки стандарди“, рече Ставрески.
Тој изрази уверување дека со предложените измени нема да наруши фискалната рамнотежа, односно дека буџетскиот прилив по основа на акциза на увезени возила, кој годишно се движи од 8,5-10 милиони евра, во најмала рака ќе остане ист.
Според предложениот модел за возилата чија фактурна вредност е помала од 3.000 денари воопшто нема да се плаќа акциза, за возилата кои чинат од 3.001-4.000 евра акцизата ќе изнесува 0,5 отсто од вредноста на возилото или 20 евра, а за возилата од 4.001-5.000 евра акцизата ќе биде еден отсто или 50 евра.
За возила вредни од 6.001 до 8.500 евра акцизата ќе биде два отсто (170 евра), за возила од 8.501-12.000 евра акцизата ќе биде три отсто (360), а за возила вредни од 12.001 до 14.000 евра акцизата ќе биде четири отсто (560), а од 14.001 до 16.000 акцизата ќе биде шест отсто (960).
Купувачот на возилата со фактурирана вредност од 18.001-22.000 евра ќе плаќа акциза од 11,5 отсто (2.530), а за возилата вредни од 22.001-25.000 акциза од 13,5 отсто (3.375).
За возила чија цена е од 25.001-30.000 евра ќе се одредува акциза од 15,5 отсто (4.650), додека за возилото поскапи од 30.000 евра акцизита ќе изнесува 18 отсто од вредноста на возилото, односно над 6.300 евра.
Ставрески посочи и пример, според кој примената на новиот модел ќе овозможи драстичен пад на вкупната цена што ќе ја плати граѓанинот, ако на пример сака да увезе Опел „астра“ со 1.800 кубни сантиметри запремнина и набавна вредност од 4.000 евра.
„Досега за вакво возилo се плаќаше акциза од 1.200 евра и кога на тоа ќе се додаде ДДВ и маржата крајната цената изнесуваше 6.500 евра, а со новиот модел граѓанинот за истото возило ќе плати 4.745 евра.


iизвор. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119814
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
и дури сме во очекување да напоменам дека германецот ќе вози астра од 1000 евра а македонецот од 2000 евра... :toe:
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
Ова последното што го прашуваш и јас го прашав.

Ама никој не ми одговори.

Ако е како кај нас (а сигурно е) тоа се прави при самото предавање на таблиците (странските) и се бараат привремени (цол) таблици.

Сепак барем ако има НЕКОЈ што има увезено автомобил нека кажи како оди процедурата во детали!
Абе ако ја купуваш колата од Бугарија и тоа од автокуќа, ќе му платиш на газдата уште 20-30 евра и ќе ти ги завршат сите работи поврзани со документите, без воопшто да се замараш. Ова од искуство... :helou:
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.908
Поени од реакции
726
и дури сме во очекување да напоменам дека германецот ќе вози астра од 1000 евра а македонецот од 2000 евра... :toe:
Барем не вози Фичо од 75 година.
Сега сакаш да кажеш дека и ова не ти чини,дека се споредуваш со една Германија ?

едит-Може ли да се регистрира кола со БГ таблици на МК таблици поевтино ?
 
Член од
7 мај 2007
Мислења
318
Поени од реакции
99
Барем не вози Фичо од 75 година.
Сега сакаш да кажеш дека и ова не ти чини,дека се споредуваш со една Германија ?
Не, сака да ти кажи дека можи да биди и многу поарно...:smir:

За возилата со бугарски таблици сеуште нема ништо ново. И за нив важат правилата како и за внесени коли од Германија (на пример).
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Законот е на место, подобро решение е данокот на луксуз отколку по работна зафатнина на моторот, е сега кој сака да увезе мерцедес S класа или Ауди А8 ќе си плати повеќе од претходно, но затоа пак нема веќе опел корси од 2000 година да се продаваат за 5000 евра (навистина е смешно кола 10 години стара кола купена 8000 евра да се продава за оваа цена).
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.058
Поени од реакции
761
Измените во законот се топ. Конечно ќе можеме да возиме некое подобро ауто за помала цена. Прочитав во некои од линковите дека најдоцна за еден месец ќе може да се увезуваат возила со новиве цени за акцизи, данок и сл. Епа збирајте кеш побрзо. :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Сега тоа хомологација ќе го има или не, и ако го има дали сеуште ќе биде во Машински факултет или во АМСМ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom