Најавени измени во законот за увоз на автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Од она што глеам, ѓаол и пол. Чисто давачки тука во Македонија. Ако не сменат нешто во врска со тоа...упм.

Рачунај. 4000 евра ако е таму, 250 акцизи, некаде 20% заедно со ДДВ - 18+2 данок и тој каталогот, значи 850 евра, па 100 евра ТУВ, 100 А-тест, 200-500 евра (ете 300) транспорт, превод 50 евра (документи), 50 евра цол табли,

Најмногу 6000 евра колата со се даноци и акцизи и регистрација.
Па добро, тука под 8000 неможеш да го најдеш, сепак е исплатливо...
 
Колку би ме фатило ако донесам Форд Фокус 1.4 од Германија со новие измени?
Пример ако е 2004/5 година и го земам за 4000 евра од таму?

Со регистрација ќе те фати уште минимум 3000 евра (а можи и повеќе, зависи од кај ќе го земаш пошто имаш авионска карта + хотел + такси + бензин + патарини...) :tv:)

Jaс и татко ми, на Лада Нива од 1982 монтиравме 1.7 дизел мотор од Фиат. Сами, без ничија помош. Со напомена дека држачите на моторот не пасуваа, единствено што пасуваше беше моторот на менувачот. Па имаше преправки на ѕвоното за стартерот, преправки на држачите, преправки на ладењето (комбинација од црева и цефки), преправки на инсталацијата. Се на се со работа не повеќе од 3 часа дневно (патем без никакво искуство или било што) се монтираше моторот за 7 дена.

И ти сега сакаш да ми кажеш дека тоа изводливо е да насадиш туѓ мотор кој шо абер нема во изглед со оригиналот, а неизводливо е да го извадиш бензинецот со зафатнина 1.0 и да ставиш дизел со зафатнина 1.5 (пример кај корса?) а немаш преправки на држачи, немаш преправки на ладење (само ставаш дизелски ладилник и оригинални црева), имаш мало поддесување на електрониката?

Лада е то бе дечко, најкомплицираната електроника кај нив е запалката за цигари (ако ја има):pos2:. И пак ќе ти речам, ако запниш се можиш да направиш, можиш дури и реактивен мотор да ставиш, ама од таква крпена кола ништо не бидва:nenene:
 
Тоа е твое мислење, незнам со какво искуство е поддржано... моето е сосема поинакво бидејќи Ладата што ја склопив пред 8 години и ден денес се вози без никаков проблем.

Вујко ми моментално има Голф 1 на кој му насади дизел мотор од Голф 2 (првично ќецот беше бензинец) и ете го го дрнка без проблеми веќе 2 и пол години...

Да не ти ги набројувам случаите каде што таксистите наместо ремонт кој што трае 1 недела и чини 500-600 евра, менуваат мотор кој што кошта 350-400 евра и се средува за 1 ден целата процедура ако пасува штраф на штраф без промени во електрониката.

Така да доколку се е домаќински средено крпената кола ќе те служи подеднакво добро како и фабричката. И не заборавај дека на возилата менуваш од послаб мотор на појак, ист производител, резервни делови оригинал и достапни насекаде. Недај боже да ти пукни црево за вода на модифициран примерок (како мојата Нива пример, или некој примерок на Опел со насаден мотор од Мерцедес), ќе треба да купиш 3 црева и да потрошиш 1 час за да го замениш.
 
сигурно не се попаметни од нас-изградиле стандард за да можат да си доволат многу повеќе луксузи од нас,години наназад...а ти ако сметаш дека посебно ќе бидеш во ќар со нечие ѓубре шо сака да си го тргни од дворот-гадно се лажеш...дури и автомобил од автосалон да го купиш во Македонија не е истиот со тој направен за Западен пазар и нивните норми и реулативи...башка ниедна Влада не е заинтересирана конечно да ги укини или намали поконкретно давачките и да им даде едно задоволство или услови за работа со едно обично помошно средство,изградено од потрошен материјал-автомобил !!!

Па не е баш така таму луѓето се навикнати да живеат на кредит или лизинг, зеле 4-5 автомобили за секого во фамилија по еден сега ги стега криза сака нејќе мора да продадат ако не два сигурно еден од нив :toe:.
 
Данокот и за стари возила увезени го изедначија со онај на нови, сега слушнав на вести објасни Ванчо Каргов, значи ќе изнесува 1%, наместо 2% кои важеа од 1.01.2010 или 4% кои беа пред овој датум.

На ред се акцизите за паќање, според некои информации од мој пријател би требало да се снижат за некои 30%.
 
Со регистрација ќе те фати уште минимум 3000 евра (а можи и повеќе, зависи од кај ќе го земаш пошто имаш авионска карта + хотел + такси + бензин + патарини...) :tv:)

Лада е то бе дечко, најкомплицираната електроника кај нив е запалката за цигари (ако ја има):pos2:. И пак ќе ти речам, ако запниш се можиш да направиш, можиш дури и реактивен мотор да ставиш, ама од таква крпена кола ништо не бидва:nenene:

:classic:

Уште еден „експерт“. Бреј, све механичари овде. Одма знаат проценка колку е комплицирано да смениш мотор на Лада и на BMW.

ЏИСЗ...
 
Данокот и за стари возила увезени го изедначија со онај на нови, сега слушнав на вести објасни Ванчо Каргов, значи ќе изнесува 1%, наместо 2% кои важеа од 1.01.2010 или 4% кои беа пред овој датум.

На ред се акцизите за паќање, според некои информации од мој пријател би требало да се снижат за некои 30%.

Па добро акцизата за 30 посто пониска да биде и ДДВ од 18 на 5 се прифаќа и добро е, сега да не бараме тотална либерализација :icon_lol:.
 
Ќе се буните после каде ми отидоа мислењата....

Назад на темава, остајте ги механичарските работи на страна.

Е шо назад на темата, ако не ги намалат давачките џабе е се:baeh:
 
Е шо назад на темата, ако не ги намалат давачките џабе е се:baeh:
Затоа пиши си желба како сакаш да изгледа законот има задолжено луѓе да го читаат тоа, откај знаеш можи ќе прифатат некоја твоја идеја.
 
Е шо назад на темата, ако не ги намалат давачките џабе е се:baeh:
Ете веќе со сигурност се знае дека ќе падне старосната граница. Се размислува и за намалување на акциза, така да сигурно и таа ќе се намали. Колку, останува на надлежните да решат.
 
Па добро акцизата за 30 посто пониска да биде и ДДВ од 18 на 5 се прифаќа и добро е, сега да не бараме тотална либерализација :icon_lol:.
Бидејќи акцизата влегува во основицата за ДДВ, и да не се намали ДДВ од 18% на 5 %, пак помал износ ќе биде и за ДДВ, бидејќи е помала основицата.
 
Бидејќи акцизата влегува во основицата за ДДВ, и да не се намали ДДВ од 18% на 5 %, пак помал износ ќе биде и за ДДВ, бидејќи е помала основицата.

Да ама во овој случај што го разгледувате подобро е да падне ДДВ-то одколку акцизата зашто ддв не се пресметува само на акцизата туку и на сите останати давачки :wink: .
 
ОК, ајде да размислиме што ќе се дешава во Македонија.

Реалниот пазар.

VW ќе паднат со цените тоа е сигурно, исто и Застава.

Голф 2 би требало да се продава за 1000-1200 евра, Голф 1 до 1000, а исто толку и Заставите.

Зошто? Бидејќи за 1500-1600 евра ќе се зема VW Lupo, Polo, Citroen Saxo, Peugeot 106 (од поновите и тоа),... да не зборувам за цените меѓу 2000 и 3000 евра.

Најмногу ќе се осети тука, до 5000 евра. Нема повеќе да даваме 1200 евра за скапано 101 или Југо. Се што е застава и со а-тест плин најмногу ќе оди до 1000 евра за екстра зачувана.

Ајде да видиме што ќе се случи! Веќе има некакво заживување на pazar3 гледам. Ама така по некој оглас,два,три. Почнуваат да ги паѓаат цените.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom