@Андроник
Еве ти конкретен предлог. Палиш мобиле.де и бараш Адам Опел Корса од 99. Трошиш едно 2 дена и нерви и опа еве една
невозена, 80 илјади, супер сочувана за 900 Евра. Ама има има и една поефтина за
750 со дупло повеќе километри. Оваа првава ме бендисува дај да видам дали уште ја дава.
Му се јавуваш на комшијата Шабан кој е на привремена работа како молер во Нинберг. Му велиш ваква е работата, дај јави се види дали уште ја има и види ја и Шабан ти вика дај бе човек тука ме ду*ат по 12 саати на ден да работам па сега ќе се ангажирам за тебе. После долги нервози се слушаш со човекот и трошиш едно 10-тина евра додека се договориш со него каде и како да се најдете. Одиш ти во Имачка, мењаш автобуси, возови и такси и конечно си кај пензионерот Клаус кој веќе педантно ти ги спремил документите и вешто потскрил дупките,арно ама гледаш дека колава е подфарбувана, подзакрпувана, изгребана од гранките кај црквата и пазарот ама ајде си викаш немам 10 дена да седам да барам тука коли пошто Шабан живее во друг град а и нема место за спиење кај него ја земаш колата за 850 евра пошто Клаус си ги цени парите а Шабан не дошол да се исценка. Од тука одиш кај Перо да ти смени уље, филтер и глицерин и ти зема 100 евра нели као за македонец пошто покрај уљето требало и виљушката да се замени да немаш главоболка по пат.Добро е што сега никој не треба да частиш кебапи. Преспиваш у мотел за 30 евра, сабајлето се будиш ти со клучевите према Чешка и Унгарија арно ама Перо не видел дека е оштетен линискиот каиш па ти се кине каишот и главата ти чури од нервози додека најдеш мајстор. Наоѓаш мајстор кој ти зима 100 евра пошто те видел нормално на зорт си и продужуваш. Си дошол дома и ги броиш парите. Зеде 2000 евра вчера а денес се врати со нецели 500. 850 за колата, 300 за патот до Битола, 100 за карта во еден правец до Имачка, 50 за воз, 30 за такси, 30 за подкаснување, 100 за сервис пред тргнување и 100 за сервисот во Унгарија.
Стигнуваш Македонија. На шалтер ти велат за колава сите трошоци даноци и баждарини до регистрација ти се 600 евра+ ddv = 700. Ти делумно среќен делумно разочаран зашто си правел други пресметки и си гледал од друга листа си плаќаш и дома локално патриотски табли БТ му ставаш над D. Колата ти е полна гориво а ти си у минус 200 евра. Е сега пошто колата има 100.000 км идеш кај Ацо кој има компјутер за опел да ја провери и ти вика дека ABS пумпата не е во ред и дека километражата е вратена за 100 иљади од страна на наивниот пензионер Клаус кој очигледно бил и "малце" подалеку од црквата и пазарот па колата има реални 180 000. Е пошто ABS пумпи ретко демек ги поправале 150 евра ти земаат за неа и укупно колата ти искочила 2350 евра ...ти одлучуваш како ќе ги вратиш овие 350 евра на комшијата Раде.
Се враќаш пресреќен во Битола. Ја изми колата со кофа и сунѓер и и бапна еден восок арно ама од ладново фати настинка и отиде до лекар па дае едно 500 денари за лекови. Седна и запали пазар3.ком и провери колку кошта истата кола кај нас... гледаш дека кај нас се поскапи само 300-400 евра ама со помала километража....
Значи одма да а шитниш вадиш од 200 до 300 евра зависи колку си упорен...
Не вреди со сите овие давачки ! :smir: