Инпортерите контра владината намера за увоз на стари автомобилиАлександар Момировски Коментари (3)
25.01.2010 16:14
Инпортерите на нови автомобили со контра аргументи ќе ја убедуваат Владата да не ја зголемува старосната граница за увоз на половни автомобили. македонија има стар возен парк, а владата е таа што треба да ги задоволи барањата на граѓаните и на трговците.
Ние ќе ги дадеме нашите аргументи па ќе видиме како ќе одлучи Владата, изјави Златко Калиников претседател на групацијата за увоз на нови автомобили при сојузот на стопански комори.
По вчерашната изјава дека Владата прави анализи за поместување на границата за увоз на половни автомобили не стари повеќе од една деценија премиерот Груевски денеска вели дека таква одлука се уште не е донесена со тврдење дека за него голф четворка од десет години не е премногу стар автомобил.
„Рековме анализа ќе се прави. Сега како ги гледате работите, за некој можеби е десет годишен голф 4, крш, за некои не е баш крш. За мене десет годишен голф не е крш“, изјави Никола Груевски, претседател на Владата.
Освен поместување на старосната граница во исто време се бара начин како да се пререгистрираат и големиот број возила со бугарски таблици кои се движат низ земјава. Трговците со нови автомобили за А1 веќе излегоа со тврдења дека олабавувањето на увозот на стари возила е операција контра ЕУ регулативите и прописите што ќе ја претвори Македонија во отпад за европскиот автомобилски крш.
Побараа владата да обезбеди повисок стандард за граѓаните за да можат да купуваат нови автомобили.
A1
Ајде сега да кажете кој што и како ќе си купи
За една две три илјади евра има супер количиња низ Европава а кај нас истите одат и до 12-13 илјади евра на старо...Уште не се знае но веројатно е дека ќе паднат и давачките па се надевам ќе се повтори 2000-та.
25.01.2010 16:14
Инпортерите на нови автомобили со контра аргументи ќе ја убедуваат Владата да не ја зголемува старосната граница за увоз на половни автомобили. македонија има стар возен парк, а владата е таа што треба да ги задоволи барањата на граѓаните и на трговците.
Ние ќе ги дадеме нашите аргументи па ќе видиме како ќе одлучи Владата, изјави Златко Калиников претседател на групацијата за увоз на нови автомобили при сојузот на стопански комори.
По вчерашната изјава дека Владата прави анализи за поместување на границата за увоз на половни автомобили не стари повеќе од една деценија премиерот Груевски денеска вели дека таква одлука се уште не е донесена со тврдење дека за него голф четворка од десет години не е премногу стар автомобил.
„Рековме анализа ќе се прави. Сега како ги гледате работите, за некој можеби е десет годишен голф 4, крш, за некои не е баш крш. За мене десет годишен голф не е крш“, изјави Никола Груевски, претседател на Владата.
Освен поместување на старосната граница во исто време се бара начин како да се пререгистрираат и големиот број возила со бугарски таблици кои се движат низ земјава. Трговците со нови автомобили за А1 веќе излегоа со тврдења дека олабавувањето на увозот на стари возила е операција контра ЕУ регулативите и прописите што ќе ја претвори Македонија во отпад за европскиот автомобилски крш.
Побараа владата да обезбеди повисок стандард за граѓаните за да можат да купуваат нови автомобили.
A1
Ајде сега да кажете кој што и како ќе си купи
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)