А што е битно кај ги шијат?
Додека има гардароба која што е нова, која е иста како во каталозите што е битно? Ние имаме евтина работна сила па многу странски фирми шијат во Македонија. Во Баргала во Штип погледни ги етикетите. Се италијански дизајнери. Марк и Спенсер шијат фармерки во Македонија.
A сум слушнала дека има Манго фабрика во Македонија т.е во некоја фабрика шијат Манго колекција. Беа одамна другарки едни и кажаа дека ништо не им се допаднало и дека само неколку парчиња имало за Манго наменети. Ама тоа беше пред 5 години може.
Не ми е битно мене кај ги шијат. Си има материјал, си има модел, шиењето е само процедура која и подобро да е во Македонија него во Кина.
Мене само ме револтираат високите цени на Манго во Македонија. Кои се доста повисоки дури и од продавниците во соседниве земји.
Сама кажа зошто е битно.
Битно е заради тоа што ја шијат на 50 км од тебе, со домашно произведени материјали кое тебе ти го наплаќаат како да го шиеле во Шпанија, со материјали увезени од Мароко.

иначе агнции скоро сите носат до Солун јас бев еднаш со Каро добри беа ама Адријатик е поевтина со биометриски парош е 600 пат, а во другите по 800. Иначе сите се исти терк имаат иста програма кога се работи за шопинг Солун. Иначе се исплати да ама е мн изморувачки. цел ден си на нозе..да знае да се приготви добро да се изнаспие дома пред да оди:wink: